Значи вака, отидов на 30.07 до 06.08 месец со сопствен превоз преку граничен премин Меџитлија. На граница бев кај 5 саат сабајле и гужва немаше многу, за пола саат поминавме граница. Од меџитлија се движевме некои 80-90 км до Козани, од каде се врти десно за Јанина и Игуменица. Од Козани па се до Игуменица е автопат некои 250 км, автопатот е одличен, има преку 40 тунели во еден правец, и има 2 патарини кои чинат по 2.4 евра.
Од Игуменица, само што ќе влезете во градот се врти десно и не одете на првото пристаниште бидејќи тоа е за товарни бродови, после кружниот тек се врти лево и тука си одма. Плативме 94 евра повратен правец од Игуменица до Керкира за автомобил и двајца возрасни патници. Возењето трае саат и пол до 2 саати, внатре во бродот има и ресторан, од кога ќе ве наместат долу со колите, понесете со вас се што ви треба бидејќи ќе ве залепат со останатите коли како сардини.
По пристигнување во градот Крф( Керкира) на семафорот се врти десно има знак Гувиа, бидејќи јас бев сместен во Ипсос. За сите кои ќе бидат сместени во Ипсос, возите само право, патиштата низ Крф се одлични, на последниот семафор имате табла Палеокастрица право а Дасиа десно, вртите десно и веднаш после Дасиа доаѓа Ипсос.
Ипсос е место каде што се претежно млади луѓе, 80% се Италјани( ќе ги познаете по бесните фризури), нешто малце Срби и наши. Внимавајте, се возат доста веспи и скутери од нивна страна, претицуваат све и свашта да не чукнете некој.
Ипсос како место е ок, плажата по мене не е лоша, лежалка со пијалок( кафе, вода, сок) е 2.5 евра.
За јадење, онаму каде што пробав најдобро е во Папагалос, имаат добра услуга и најголема гужва е таму. Пита гиро е 2.4 евра, голема пита гиро е 4 евра а екстра голема е 4.8 евра. Папагалос се наоѓа веднаш до најголемата дискотека Монтекристо. За маркети имате на влезот во Гувиа Лидл меѓутоа далеку е за секојдневно одење а во Ипсос има АБ маркет кој е со солидни цени и снабденост.
Ноќниот живот во Ипсос не е лош, најдобра дискотека дефинитивно е Монтекристо, влез е 10 евра со пијачка, внатре е полно со Италјани. Избегавајте ја дискотека Хавана, не е лошо и во Мохито, али ако веќе излегувате, одете во Монтекристо, голема е, поделена во 3 дела.