Во која таа лабараторија се докажа креатуристичката антитеза? и Кога?
Какви експреименти се изведени за поткрепа на истата? Од кого? И кога?
Кои се основните поставки на која се базира?
Креационистите, за разлика на Дарвинистите, се доволно чесни и објективни да не го нарекуваат креационизмот „ научна теорија“, туку само хипотеза - како што е и Дарвиновата еволуција и покрај тоа што еволуционистите одбиваат да го признаат тоа.
Основна поставка на креационизмот е дека Бог го создал светот вклучувајќи ги и животинските видови и човекот. Оттука невозможно е човекот да направи експеримент за повторно создавање од проста причина што човекот не може да го стави Бог во епрувета и да му нареди да создаде повторно животни.
Сепак не е безнадежно. Во тавтологијата постои еден принцип за докажување со метод на исклучување. Тоа оди вака некако:
Животот или случајно настанал или пак плански бил создаден. Едно од овие мора да биде, а трета опција нема. Ако е случајно, тогаш не е плански и обратно: ако е плански, тогаш не може да биде случјано.
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Штом бил плански создаден, тоа автоматски докажува и дека постои Интелигентен Создател (Бог) кој плански го создал животот.
Исто така во прилог на креационизмот се и набљудувањата на животинските видови и фосилните остатоци кои не покажуваат бавна и постепена еволуција, туку нагла и симултана појава на животинските видови.
Исто така и нередуцирачките комплексни системи моќно сведочат за неопходното постоење на Интелигентен Создател, бидејќи е невозможно тие да се самосоздале по случаен пат.
Просто е ко два и два, само за оние кои немаат предрасуди и се спремни да ја примат претпоставката дека можеби Бог постои и Тој го создал целиот Универзум.
Поздрав!