Креационизам наспроти еволуционизам

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Креационистите, за разлика на Дарвинистите, се доволно чесни и објективни да не го нарекуваат креационизмот „ научна теорија“, туку само хипотеза - како што е и Дарвиновата еволуција и покрај тоа што еволуционистите одбиваат да го признаат тоа.
Креационистите се најголемите лажговци, полоши се дури и од политичарите.
Креационистите досега единствено нешто што правеа, беше тоа што пробуваа да ја оспорат теоријата за еволуција, притоа не давајќи ниту еден контра доказ.

Основна поставка на креационизмот е дека Бог го создал светот вклучувајќи ги и животинските видови и човекот. Оттука невозможно е човекот да направи експеримент за повторно создавање од проста причина што човекот не може да го стави Бог во епрувета и да му нареди да создаде повторно животни.
Таа поставка е креирана пред илјадници години од неуки луѓе, обидувајќи се да си одговорат прашања, кои неможеле по научен метод да си ги одговорат. Креирана е врз база на ништо.

Сепак не е безнадежно. Во тавтологијата постои еден принцип за докажување со метод на исклучување. Тоа оди вака некако:
Животот или случајно настанал или пак плански бил создаден. Едно од овие мора да биде, а трета опција нема. Ако е случајно, тогаш не е плански и обратно: ако е плански, тогаш не може да биде случјано.
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Штом бил плански создаден, тоа автоматски докажува и дека постои Интелигентен Создател (Бог) кој плански го создал животот.
Исто така во прилог на креационизмот се и набљудувањата на животинските видови и фосилните остатоци кои не покажуваат бавна и постепена еволуција, туку нагла и симултана појава на животинските видови.
Исто така и нередуцирачките комплексни системи моќно сведочат за неопходното постоење на Интелигентен Создател, бидејќи е невозможно тие да се самосоздале по случаен пат.
Просто е ко два и два, само за оние кои немаат предрасуди и се спремни да ја примат претпоставката дека можеби Бог постои и Тој го создал целиот Универзум.
Поздрав !
Мислев дека може да разбереш скоро се, ама грешев, си имал ограничени капацитети.
Кога претходно се расправавме на темава, убаво ти објаснав дека животот не настанува плански и случајно, туку ЕВОЛУТИВНО чорбаџија. Еволуцијата не планира, еволуцијата се приспособува (го приспособува) живиот организам на условите на планетата или живеалиштето.
Еволуцијата не е случајна, не може да видиш животно со дебело крзно во пределите на екваторот - онаму каде што температурите се високи.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Интересна оваа наука креатуризам, буквално се креира и измислува како што и одговара. Страшна манипулација на групата навивачи на ФК Ватикан. Чорбаџија, со вакви „докази“ ни дете од градинка нема да прелажеш. Но да одиме по ред на твоите искажувања.

Креационистите, за разлика на Дарвинистите, се доволно чесни и објективни да не го нарекуваат креационизмот „ научна теорија“, туку само хипотеза - како што е и Дарвиновата еволуција и покрај тоа што еволуционистите одбиваат да го признаат тоа.
Срашен манипулатор си. Поголем немам видено. И да е тој креатуризмот хипотеза (веројатно сеуште не си научил што е теорија, а се сомневам дека и некогаш ќе научиш) сепак треба научна дејност. Ниеден научник креационист не видовме, ниеден креационистички (небиблиски) доказ, ниеден научен експеримент, ниеднен научен труд. Ниеден.

За еволуцијата, ништо и после 150 страни на оваа и милион страници на други коекакви теми, ништо ниту си разбрал ниту пак ќе разбереш ниту пак имаш волја да разбереш. ТЕ не е Дарвин, милион пати кажано. Еволуцијата како процес е видлива секаде околу тебе (веројатно знаеш дека некогаш си бил во мајчината утроба, па дете, па возрасен...тоа не е ли еволуција?) не само на живите суштества туку и на универзумот. Појави кои секојдневно можеш да ги видиш, но ти и очигледното го негираш.

Основна поставка на креационизмот е дека Бог го создал светот вклучувајќи ги и животинските видови и човекот. Оттука невозможно е човекот да направи експеримент за повторно создавање од проста причина што човекот не може да го стави Бог во епрувета и да му нареди да создаде повторно животни.
Бараш доказ за вселенската еволуцијата и што очекуваш? Да го ставиме универзумот во епрувета? И да ја натераме наместо милијарди и милијарди години да направи се наоколу For your eyes only за само 5 минути? Таков ли доказ за неверните томи како тебе? Па и да се случи тоа, пак ти ќе тврдиш дека тоа е работа на господ оти тој така сакал.

Сепак не е безнадежно. Во тавтологијата постои еден принцип за докажување со метод на исклучување. Тоа оди вака некако:
Знаеш што е тоа тавтологија? Ај провери. Не е метода на исклучување. Она што ти си го напишал повеќе личи на реторичката тавтологија (употреба на излишни зборови кои не додаваат никакви информации)

Животот или случајно настанал или пак плански бил создаден. Едно од овие мора да биде, а трета опција нема.
Е ова се вика типична верска лага. Од неможноста да ги сопре напливот на научници и теории за постанокот на универзумот, ФК Ватикан ја потпомага космичката еволуцијата (вклучително и биг-бенг), за да ако веќе има противник, да има само еден. Поради неможноста во догледно време науката да одговори на сите прашања (а и никогаш нема ни да може СЕ да објасни) многу е лесно да манипулира со таа една и како контра теза да го турка на мускули креационизмот (бидејки нема ниеден доказ).

Но арно таквата политика (да да, политиката на Фудбалски клуб Ватикан) еден ден ќе стане погубна за самиот творец на истата, бидејќи политиката е курва и со тек на време се се дознава (какушките кога-тогаш испливуваат на површина). Жално што фановите на истиот тој ФК Ватикан не сфаќаат дека се изманипулирани и дека служат на каузата на мафијашка организација без да се свесни за тоа. И се додека има вакви како тебе, ќори при очи, ќе си манипулира со верниците и ќе манипулира...... и ќе манипулира.....

Каде е манипулацијата? Па очигледна е ако не ја свати од горното. За твоја жал и за жал на мафијашката организација ФК Ватикан има и трета и четврта па и десета опција. Не е изборот само на плански (богот, кој и да е), и случајното (еволуцијата). Има и други можности и тоа повеќе
Ако е случајно, тогаш не е плански и обратно: ако е плански, тогаш не може да биде случјано.
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Штом бил плански создаден, тоа автоматски докажува и дека постои Интелигентен Создател (Бог) кој плански го создал животот.
Исто така во прилог на креационизмот се и набљудувањата на животинските видови и фосилните остатоци кои не покажуваат бавна и постепена еволуција, туку нагла и симултана појава на животинските видови.
Исто така и нередуцирачките комплексни системи моќно сведочат за неопходното постоење на Интелигентен Создател, бидејќи е невозможно тие да се самосоздале по случаен пат.
Просто е ко два и два, само за оние кои немаат предрасуди и се спремни да ја примат претпоставката дека можеби Бог постои и Тој го создал целиот Универзум.
Ова целото ти е тавтологија ама реторичка. Многу зборови кои ништо не кажуваат.
Само ќе те прашам со што тоа болдираното е докажано??? Ќе бидеш љубезен да ни кажеш? Бидејќи таков доказ нема, со такво докажување кое се состои само од твоја ( и на фановите на ФК Ватикан) вербална негација, нема да го докажете креационизмот. Но еве и да не е точно, сепак има и трета...и четврпа па и десетта опција.....и неограничено многу опции. Не можеш сите да ги исклучиш и да ти остане креационизмот како точен.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ова целото ти е тавтологија ама реторичка. Многу зборови кои ништо не кажуваат.
Тавтологија - Kреационизмот го возвраќа ударот!!! Пошто ништо не е доволно глупо за да не може да се земе здраво за готово.

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Премногу клевети, навреди и вулгарности од ваша страна. Од каде толку гнев, огорченост и немир во вашите души? Ах тој пуст и безводен атеизам :( На ова ниво не ми се дискутира, а и онака аргументите циклично се повторуваат од предходните страници и нема резон да се дискутира. После овие коментари, се надевам останатите сфаќаат зошто повеќе сакам дискусии во живо.
 
F

Frankie Yale

Гостин

Дефинитивно си во право. Не се дискутира со тебе, твоите аргументи (не се ни аргументи туку лаги и измислици) ти се повторуваат постојано без разлика колку ти се објаснува. Атеист убаво ти постави неколку прашања, кои се научните докази за креационзимот, кога се извршени експериментите што го потврдиле креационизмот, ти не даде одговор на тие прашања. Понатака, нема да те галиме и мазиме кога постојано лажеш и повторуваш исти работи стопати побиени. Преиспитај се, тие "клевети, навреди и вулгарности" не се зошто ние те мразиме зошто си во право. Не биди ко оние дрољите што мислат дека сите ги мразат зошто им завидуваат.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Премногу клевети, навреди и вулгарности од ваша страна. Од каде толку гнев, огорченост и немир во вашите души? Ах тој пуст и безводен атеизам :( На ова ниво не ми се дискутира, а и онака аргументите циклично се повторуваат од предходните страници и нема резон да се дискутира. После овие коментари, се надевам останатите сфаќаат зошто повеќе сакам дискусии во живо.
За да има вистинска дискусија треба да има некакви основни правила. Како на пример уважување на елементарна логика и затворање на разјаснетите работи.

Ако сакаш некој со тебе да дискутира културно треба и ти да покажеш култура, па работите кои биле разјаснети да останат такви. Ти постојано се навраќаш со истите тврдења и луѓето ги навлекуваш на повторување и пенавење. Ова ужасно иритира.

Твојот дискурс е интелигентен, но твоите аргументи речиси секогаш (свесно) имаат некаква фалична логика (честопати вербални тафтологии - кудоси до Атеист) и/или вонконтекстуални или застарени примери. Затоа сум длабоко убеден дека имаш задна намера со своето присуство тука и тоа воопшто не ми се допаѓа.

Кога вадиш постови од нафталин, надевајќи се дека некој ќе се сопне, па ќе ќариш некој поен или недајбоже тивок и повлечен член од галеријава, знај дека јас ќе те прочитам и, во зависност од субјективниот суд на моралниот престап кој го правиш со лагата или провокацијата, соодветно ќе реагирам.

Знам дека си паметен и знам дека разбираш што како функционира во физичкиот свет. Знам и дека разбираш дека тоа што го зборуваш е религиско верување, а никаква научна вистина. Затоа и ти се обраќам така. И не ми е воопшто срам. Ти свесно лажеш, а јас те пљукам, пошто не можам да те тужам.

За дискусија во живо, ќе треба да покажеш подготвеност да дискутираме според некакви правила. Ако сакаш, јас можам да предложам едни.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Премногу клевети, навреди и вулгарности од ваша страна. Од каде толку гнев, огорченост и немир во вашите души? Ах тој пуст и безводен атеизам :( На ова ниво не ми се дискутира, а и онака аргументите циклично се повторуваат од предходните страници и нема резон да се дискутира. После овие коментари, се надевам останатите сфаќаат зошто повеќе сакам дискусии во живо.
Нималку ни повулгарни ни понавредливи од твоите досегашни искажувања. Она што знаеш е само плукање и какање по Дарвин. А ниеден доказ за креационизмот. И што од тоа. Барем повеќето атеисти исто не веруваат во Дарвин. Но ти упорно си пласираш некои си текстови од некои верски сајтчиња без никаква поткрепа, без никаков доказ.
А што се однесува до болдираното, да беше кажано од верник може и ќе ме навредеше, ама од навивач на некоја си протестантска секта, и не ме навредува.
 
MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Џабе водите дебати, 10000 научници со сигурност не докажале дека е таа или некоја си друга теорија па вие ке докажете, Ништо не е точно можеби...Верувам во господ затоа што така ме научиле од дома уште од мал, а зошто да верувам во Дарвиновата теорија?
 
Зошто едното е докажано другото не е?! :toe:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Џабе водите дебати, 10000 научници со сигурност не докажале дека е таа или некоја си друга теорија па вие ке докажете, Ништо не е точно можеби...Верувам во господ затоа што така ме научиле од дома уште од мал, а зошто да верувам во Дарвиновата теорија?
А која ти е потребата во едното или другото да веруваш?
 
MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Зошто едното е докажано другото не е?! :toe:
Според мене ништо не е докажано, јас сум верник поради тоа што ме научиле уште кога сум бил мал не е докажано али верувам во господ поради таа причина, а која причина е да верувам во Дарвиновата теорија? Нема причина, барем според мое мислење. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Верувам во господ затоа што така ме научиле од дома уште од мал,
Одлична причина да веруваш во Господ, продолжи така, нема причина да го вклучуваш мозокот, размислувањето е напорна работа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom