- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Ова го тврдат (се разбира пристрасно) или Дарвинистите или пак индоктринираните лаици од типот на една другарка која што дозна дека не верувам во еволуцијата и онака зачудено ми рече: „Па зарем ти не веруваш во еволуцијата? Како е можно?!“ Потоа ја прашав: „А кои се аргументите за твојата вера во еволуцијата?“ А она: „Абе не знам ама нели така не учеа уште во основно.“Доказите за еволуционизмот се многу, за креационизмот скоро никави,
Го пазите аргументов? „Затоа што наставничката така ми кажа“ А кој и кажал на неа? Е на неа и кажа нејзината наставничка итн филозофија „наследи го ветерот“. Додека на светско ниво се бијат големи дебати меѓу научниците, кај нас децата пред семкарница велат „абе ќути таму сељак еден тоа е научен факт“. Да да, научен факт непотврден со ниту еден експеримент, контрадикторен на сите очекувања на Дарвин и хипотеза што го нема издржано ригорозниот тест на експериментот.