Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Доказите за еволуционизмот се многу, за креационизмот скоро никави,
Ова го тврдат (се разбира пристрасно) или Дарвинистите или пак индоктринираните лаици од типот на една другарка која што дозна дека не верувам во еволуцијата и онака зачудено ми рече: „Па зарем ти не веруваш во еволуцијата? Како е можно?!“ Потоа ја прашав: „А кои се аргументите за твојата вера во еволуцијата?“ А она: „Абе не знам ама нели така не учеа уште во основно.“
Го пазите аргументов? „Затоа што наставничката така ми кажа“ :) А кој и кажал на неа? Е на неа и кажа нејзината наставничка :) итн филозофија „наследи го ветерот“. Додека на светско ниво се бијат големи дебати меѓу научниците, кај нас децата пред семкарница велат „абе ќути таму сељак еден тоа е научен факт“. Да да, научен факт непотврден со ниту еден експеримент, контрадикторен на сите очекувања на Дарвин и хипотеза што го нема издржано ригорозниот тест на експериментот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Ајде да ја видиме веќе обратната страна. Она што го чекаме веќе 150 страници

  • Во која таа лабараторија се докажа креатуристичката антитеза? и Кога?
  • Какви експреименти се изведени за поткрепа на истата? Од кого? И кога?
  • Кои се основните поставки на која се базира?
Ајде да видиме без таканаречените божји писанија библии, курани, талмуди и тн какви тоа докази имаме за креатуризмот?

Ќе можеш ли?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Само дебили без школо и акл можат да поверуваат во инфантилната логика на креационистот кој верува во еднорози и левијатани и мисли дека кенгурите скокале од остров до остов за да стигнат до Австралија.

Колку дебилно!
ццццццц....само оној што нема школо поставува прашања за имање и немање на школо...би рекол Лао Це.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ова го тврдат (се разбира пристрасно) или Дарвинистите или пак индоктринираните лаици од типот на една другарка која што дозна дека не верувам во еволуцијата и онака зачудено ми рече: „Па зарем ти не веруваш во еволуцијата? Како е можно?!“ Потоа ја прашав: „А кои се аргументите за твојата вера во еволуцијата?“ А она: „Абе не знам ама нели така не учеа уште во основно.“
Го пазите аргументов? „Затоа што наставничката така ми кажа“ :) А кој и кажал на неа? Е на неа и кажа нејзината наставничка :) итн филозофија „наследи го ветерот“. Додека на светско ниво се бијат големи дебати меѓу научниците, кај нас децата пред семкарница велат „абе ќути таму сељак еден тоа е научен факт“. Да да, научен факт непотврден со ниту еден експеримент, контрадикторен на сите очекувања на Дарвин и хипотеза што го нема издржано ригорозниот тест на експериментот.
И пак рекла-казала. „Другарка една моја“ Ој си бе легни, преварант еден!

12 елегантни примери за еволуција - анотирани и потврдени од непристрасни научници:
http://www.wired.com/wiredscience/2008/12/evolutionexampl/

Палеонтолошки наоди кои недвосмислено ја потврдуваат еволуцијата:
http://www.agiweb.org/news/evolution/examplesofevolution.html

Обемна листа на примери на конвергентна еволуција низ времето:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_examples_of_convergent_evolution

За крај, еве едно видео каде им се објаснува Еволуцијата на неупатени и на лажливи креационистички пропагандисти.

Светот е преполн со очигледни и не толку очигледни примери и потврди на Еволуцијата.

Креационизмот нема ниту еден единствен доказ или научен труд кој го поткрепува тврдењето за настанокот на светот според оваа „теорија“.

Можеш да пениш колку сакаш. Тоа нема да ги напише непостоечките научни трудови, ниту ќе ги направи еднорозите од Библијата вистински.

За Левијатанот више нема ни што да збориме.

--- надополнето ---

ццццццц....само оној што нема школо поставува прашања за имање и немање на школо...би рекол Лао Це.
Не е точно. Секој втор формулар кој ќе го пополниш во животот ќе ти побара степен на образовение кое си го завршил.

Не си барал работа ти изглеа у животот. Ти се приметува...
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Знам дека темата е креационизмот наспроти еволуционизмот, но во основа тое е промашена дискусија. Доказите за еволуционизмот се многу, за креационизмот скоро никави, меѓутоа ниту едното ниту другото сфаќање не се доказ за постоењето и непостоењето на Бог. Ако Бог е семоќен, ништо не го кошта да расфрла неколку коски наваму и натаму, колку да ја тестира вербата на луѓето. А дури и да го прифатиме еволуционизмот како егзактен на ниво на физички закон, религиозните луѓе секогаш можат да речат дека постанието е само метафора, и дека Бог го поставил законите и првите елементи за Еволуцијата да може да започне, па би имале мешавина на креационизам на почетокот (се разбира креациониизам во малку поинаква смисла), проследен со еволуција... Ниеден доказ на науката не може да ја поколеба вербата на вистински религиозен човек.

Воглавно претурање од шупливо во празно. Вистинската борба со религијата се води на етички план, на начинот на Иван Карамазов. Покажување дека идејата са семоќен и добар Бог е тотален апсурд во светот во кој што живееме...
Веќе го имаме тоа и се вика интелигентен дизајн. Нема веќе креационизам. Самите креационисти го закопаа. Конкретно и самиот Дискавери институт, кој којзнае колкупати беше повикан како авторитет, веќе не проповеда креационизам, туку интелигентен дизајн. Односно, еволуцијата се случила и е реалност, но била водена од Бог. Сеуште има и радикални креационисти, но и во самиот Дискавери институт се малцинство.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Креационизмот е испотепан одамна. Јас стварно не го разбирам со кое лице Чорбаџија лаже по форумов? Стварно не ми е јасно како може некој толку дрско намерно да шири невистини и да заведува луѓе? Зар му верува некој?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ајде да ја видиме веќе обратната страна. Она што го чекаме веќе 150 страници

  • Во која таа лабараторија се докажа креатуристичката антитеза? и Кога?
  • Какви експреименти се изведени за поткрепа на истата? Од кого? И кога?
  • Кои се основните поставки на која се базира?

Ајде да видиме без таканаречените божји писанија библии, курани, талмуди и тн какви тоа докази имаме за креатуризмот?

Ќе можеш ли?
Неможе моментално, има обврски, семеен човек. :)

Ама ајде Чорбаџи, темава е Креационизам наспроти еволуционизам, доста беше еволуција, одговори ги прашањата на атеист без притоа да користиш цитати од библии и курани како доказ.

I

Iblis

Гостин
Веќе го имаме тоа и се вика интелигентен дизајн. Нема веќе креационизам. Самите креационисти го закопаа. Конкретно и самиот Дискавери институт, кој којзнае колкупати беше повикан како авторитет, веќе не проповеда креационизам, туку интелигентен дизајн. Односно, еволуцијата се случила и е реалност, но била водена од Бог. Сеуште има и радикални креационисти, но и во самиот Дискавери институт се малцинство.
Кој ќе го докаже ова добива банана чоколадце од мене
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Веќе го имаме тоа и се вика интелигентен дизајн. Нема веќе креационизам. Самите креационисти го закопаа. Конкретно и самиот Дискавери институт, кој којзнае колкупати беше повикан како авторитет, веќе не проповеда креационизам, туку интелигентен дизајн. Односно, еволуцијата се случила и е реалност, но била водена од Бог. Сеуште има и радикални креационисти, но и во самиот Дискавери институт се малцинство.
Интелегентен дизајн, тоа звучи cool. Меѓутоа тоа е изветвен аргумент, сличен на теориите на Лајбниц дека живееме во најдобриот од сите можни светови. Многу луѓе, фасцинирани од самата функционалност на светот, како се на нешто одговара, и како се си има цел и намена, се склони да му припишат креатор на сето тоа. Меѓутоа постои и контрааргумент, кој вели деа ако Нешто воопшто требало да биде, тое Е (постои) на најлош можен начин. Аргументацијата е едноставна, сите живи суштества се опремени само со најнеопходното за преживување, луксузот и мислена именка во природата. Истиот феномен може да се аплицира и на неживиот свет, со само малку полош дизајн, битието би се струполило во небитие. Тешко дека ваков еден свет може да му се припише на интелегнтен ентитет, кој уште би имал и етичи кодекс...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Ниту еден. Апсолутна нула. Тоа го признаваат и мнозинството од Дарвинистите. Само talkorigins т.е. твојата „света книга“ и уште некои други индоктринирани сајтови и книги го тврдат спротивното. Сите останати недостигот на експериментите во Дрвинизмот го објаснуваат нормално со самата должина на експериментот, имено тешко е да направиш експеримент долг 1 милион години :)
Кутриот чорбаџи... не понуди ништо што би го докажало креационизмот. Ништо!
Луѓето не паѓаат повеќе на ефтини трикови, чорбаџи, се изретчивте креационистите... наскоро ќе ве снема.

http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution
http://en.wikipedia.org/wiki/Adaptation
http://en.wikipedia.org/wiki/Natural_selection
http://en.wikipedia.org/wiki/Species
http://en.wikipedia.org/wiki/Taxonomic_rank
http://en.wikipedia.org/wiki/Co-extinction
http://en.wikipedia.org/wiki/Mimicry
http://en.wikipedia.org/wiki/Mutualism_(biology)
http://en.wikipedia.org/wiki/Symbiosis
http://en.wikipedia.org/wiki/Fitness_landscape
http://en.wikipedia.org/wiki/Genotype
http://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionary_biology
http://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionary_algorithm
http://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionary_computation
http://en.wikipedia.org/wiki/Phenotypic_plasticity
http://en.wikipedia.org/wiki/Phenotype
http://en.wikipedia.org/wiki/Acclimation
http://en.wikipedia.org/wiki/Exaptation
http://en.wikipedia.org/wiki/Polymorphism_(biology)
http://en.wikipedia.org/wiki/Timeline_of_evolution
http://en.wikipedia.org/wiki/Genetic_drift
http://en.wikipedia.org/wiki/Gene_flow
http://en.wikipedia.org/wiki/Mutation
http://en.wikipedia.org/wiki/Speciation
http://en.wikipedia.org/wiki/Evidence_of_common_descent <<<---
http://en.wikipedia.org/wiki/Pseudogene
http://en.wikipedia.org/wiki/Trilobite
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_transitional_fossils <<<--- Омилениот дел за креационистите
http://en.wikipedia.org/wiki/Therapsida
http://en.wikipedia.org/wiki/Antibiotic_resistance
http://en.wikipedia.org/wiki/Experimental_evolution
http://en.wikipedia.org/wiki/E._coli_long-term_evolution_experiment
http://en.wikipedia.org/wiki/Peppered_moth_evolution
http://en.wikipedia.org/wiki/Evolutionary_history_of_life
http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_evolutionary_thought <<<--- Историја на еволуц. мисла, факт дека еволуцијата не е измислена од Дарвин или сл. срања
http://en.wikipedia.org/wiki/Evolution_as_theory_and_fact
http://en.wikipedia.org/wiki/Modern_evolutionary_synthesis
http://en.wikipedia.org/wiki/Abiogenesis
http://en.wikipedia.org/wiki/Fossil
Ова е само еден мал дел од науката што ја докажува еволуцијата.

Еве докази, макотрпно собирани, документирани, докажувани.....

Креационистите се што можат е да бараат дупки во овие докази, да ги негираат, да им се чудат како е тоа можно, а како не...
А од друга страна, тие немаат прикажано ниту еден доказ. Ништо!
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Интелегентен дизајн, тоа звучи cool. Меѓутоа тоа е изветвен аргумент, сличен на теориите на Лајбниц дека живееме во најдобриот од сите можни светови. Многу луѓе, фасцинирани од самата функционалност на светот, како се на нешто одговара, и како се си има цел и намена, се склони да му припишат креатор на сето тоа. Меѓутоа постои и контрааргумент, кој вели деа ако Нешто воопшто требало да биде, тое Е (постои) на најлош можен начин. Аргументацијата е едноставна, сите живи суштества се опремени само со најнеопходното за преживување, луксузот и мислена именка во природата. Истиот феномен може да се аплицира и на неживиот свет, со само малку полош дизајн, битието би се струполило во небитие. Тешко дека ваков еден свет може да му се припише на интелегнтен ентитет, кој уште би имал и етичи кодекс...
Токму на вакви изветвени аргументи религиите постојано губат тло. Порано тврдеа дека Земјата е плоча, па пред силата на аргументите мораа да се повлечат. Откако не можеа да ги убедат научниците во креационизмот, го измислија интелигентниот дизајн, повлекувајќи се пред научните докази. Во суштина барањето на научен доказ за постоење на Бог е симптом на сомнежот во нивната вера. Затоа што науката не може да докаже дека Бог не постои, но ниту дека Бог постои.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ама ајде Чорбаџи, темава е Креационизам наспроти еволуционизам, доста беше еволуција, одговори ги прашањата на атеист без притоа да користиш цитати од библии и курани како доказ.
Е не може, нема време чоекот. А има време во изобилие кога треба да кака по еволуција и по биг-бенг. И да земеме да не се точни, тоа воопшто не ја докажува карикатуристичката креатурна креационистичка антитеза.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во која таа лабараторија се докажа креатуристичката антитеза? и Кога?
Какви експреименти се изведени за поткрепа на истата? Од кого? И кога?
Кои се основните поставки на која се базира?
Креационистите, за разлика на Дарвинистите, се доволно чесни и објективни да не го нарекуваат креационизмот „ научна теорија“, туку само хипотеза - како што е и Дарвиновата еволуција и покрај тоа што еволуционистите одбиваат да го признаат тоа.

Основна поставка на креационизмот е дека Бог го создал светот вклучувајќи ги и животинските видови и човекот. Оттука невозможно е човекот да направи експеримент за повторно создавање од проста причина што човекот не може да го стави Бог во епрувета и да му нареди да создаде повторно животни.

Сепак не е безнадежно. Во тавтологијата постои еден принцип за докажување со метод на исклучување. Тоа оди вака некако:
Животот или случајно настанал или пак плански бил создаден. Едно од овие мора да биде, а трета опција нема. Ако е случајно, тогаш не е плански и обратно: ако е плански, тогаш не може да биде случјано.
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Штом бил плански создаден, тоа автоматски докажува и дека постои Интелигентен Создател (Бог) кој плански го создал животот.
Исто така во прилог на креационизмот се и набљудувањата на животинските видови и фосилните остатоци кои не покажуваат бавна и постепена еволуција, туку нагла и симултана појава на животинските видови.
Исто така и нередуцирачките комплексни системи моќно сведочат за неопходното постоење на Интелигентен Создател, бидејќи е невозможно тие да се самосоздале по случаен пат.
Просто е ко два и два, само за оние кои немаат предрасуди и се спремни да ја примат претпоставката дека можеби Бог постои и Тој го создал целиот Универзум.
Поздрав!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Ти и која армија креационистички научници сте докажале дека е невозможно?!?

Каков манипулатор е овој, еееејјј... Треба у затвор да се стават овакви гнасни лажговци.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Креационистите, за разлика на Дарвинистите, се доволно чесни и објективни да не го нарекуваат креационизмот „ научна теорија“, туку само хипотеза - како што е и Дарвиновата еволуција и покрај тоа што еволуционистите одбиваат да го признаат тоа.
Ако си доволно чесен, зошто по којзнае кој пат ја поистоветуваш еволуцијата со Дарвиновата теорија? Зошто ја нарекуваш вера, кога многу добро знаеш дека не е тоа?
Животот или случајно настанал или пак плански бил создаден. Едно од овие мора да биде, а трета опција нема. Ако е случајно, тогаш не е плански и обратно: ако е плански, тогаш не може да биде случјано.
Бидејќи миљон пати сме покажале дека не е возможно да е случајно и затоа останува неопходната опција дека животот бил плански создаден.
Како, кога и каде покажавте жити се? Па уште и милион пати! Кога било тоа? Како стигна ти до тој заклучок дека било невозможно? Со која метода докажа? Тоа што милион пати беше кажано е дека еволуцијата не се занимава со тоа како настанал животот, туку како се развивал - еволуирал! Значи Прво: Апсолутна невистина е дека било докажано дека животот неможе да се создаде случајно и Второ: Еволуцијата не се занимава како е настанат животот, туку како денешните форми еволуирале во тоа што се.
Исто така во прилог на креационизмот се и набљудувањата на животинските видови и фосилните остатоци кои не покажуваат бавна и постепена еволуција, туку нагла и симултана појава на животинските видови.
Баш напротив! Набљудувањата на фосилните остатоци укажуваат на поврзаноста на видовите и нивната еволуција. За брзината на еволучијата едни од најважните фактори се фреквентноста на репродукцијата и бројот на единки кој таа ги создава во една генерација, а кога таа "експлозија" на живот се случила на планетава постоеле само микроорганизми кој се размножуваат со огромна брзина, имаат краток животен век и создаваат огромен број единки. Исто така факт кој оди во прилог на еволуцијата е староста на тие фосили кој во старт ги побива тврдењата на креационистите за староста на земјата, потоа секаде каде се пронајдени фосили од тој период изостануваат оние на посложените организми вклучително и на луѓето, што е повеќе од јасно дека во тој период луѓето непостоеле како вид.
Исто така и нередуцирачките комплексни системи моќно сведочат за неопходното постоење на Интелигентен Создател, бидејќи е невозможно тие да се самосоздале по случаен пат.
Просто е ко два и два, само за оние кои немаат предрасуди и се спремни да ја примат претпоставката дека можеби Бог постои и Тој го создал целиот Универзум.
Поздрав!
Нередуцирачки комплексни системи не се научен термин туку измислица на креационистите, во науката таков термин непостои. Креационистите земајќи ја најчесто стапицата за глувци или некој сличен механизам се обидуваат да докажат дека ако извадиме било кој дел од механизмот, тој станува неупотреблив и некорисен за ништо! На нивна жалост, и тоа тврдење е побиено:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom