Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не ја префрлај топката на мој терен. Јас си го имам у мал прст не се секирај, туку сакам од тебе да ги прочитам механизмите на научниот метод. Мислам кога веќе ги спомна нели. Освен ако немаш некоја добра причина зошто не сакаш да ги спомнеш. Во тој случај те разбирам. И јас да сум на твое место би ја забушавал темава и би го заобиколил научниот метод.

Значи прашање до сите еволуционисти: Кои се механизмите на научниот метод? Што е тоа научен метод?
Шетај, бе, платеник! Ако те мрзи да читаш, нема ние да ти џвакаме све по 100 пути дека ти немаш капацитет да разбереш.

Имаш све на нет. Од толку фалшови што читаш, помини барем 15-20 минути и прочитај го ова.

Науката работи вака:



А креационизмот вака:

 
F

Frankie Yale

Гостин
Значи прашање до сите еволуционисти: Кои се механизмите на научниот метод? Што е тоа научен метод?
Најпросто: Истражуваш, набљудуваш, собираш докази и врз основа на тоа донесуваш заклучок. Тоа е спротивно од креационизмот, вие веќе го имате "заклучокот" а тоа се вика reverse scientific method, еве дефиниција:

When someone determines what happened, throws out all the data that doesn't fit their conclusion, and then hail their findings as the only possible conclusion.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Реално таа спаѓа во областа на научната фантастика или барем во филозофијата, но според еволуционистите таа спаѓа во Биологијата, поточно во Зоологијата затоа што нејзините хипотези се обидуваат да објаснат како настанале животинските видови.
Во областа на научна фантастика спаѓаат тврдења од типот:

Змии кој можат да зборуваат
Жени да се прават од ребро
Луѓе да излегуваат од уста на кит после три дена
Лавови, тигри, крокодили.... кој пасат трева
Дрвен брод долг 137 метри кој собрал неколку милиони врсти животни и пловел со нив 150 дена!
Сите можни растенија кој денес ги има и кој преживеале 150 дена под вода
Вино кое се претвора во вода
Луѓе кој одат по вода
Итн, итн...!


Всушност не се научна фантастика, туку само фантастика! Од проста причина што тука нема ни "Н" од наука!
А бидејќи гледам дека многу ја споменуваш нобеловата награда како мерило за научен факт (според вас и награда за Мир е доказ:toe:). еве една дефиниција од самиот Алфред Нобел, како тој ја замислил оваа награда и со која цел треба да се доделува:
To widespread astonishment, Nobel's last will specified that his fortune be used to create a series of prizes for those who confer the "greatest benefit on mankind" in physics, chemistry, peace, physiology or medicine, and literature.[7
http://en.wikipedia.org/wiki/Nobel_Prize#Nominations
Значи кај луѓе кој допринеле најмногу за човештвото и во области кој се јасно посочени: Физика, Хемија, Мир, Психологија и Литература!
Каде гледаш ти овде област еволуција? Еволуцијата не е научна област, туку процес преку кој животот еволуира - се менува, процес докажан, кој никој со здрав разум повеќе не го спори, процес за кој на темава имаше барем десетина примери на организми кој ги посочивме како резултат на еволуцијата! Организми кој непостоеле до пред одредено време! Организми кој можат да се видат, допрат...не фосили, не претпоставки, не алки кој недостасуваат, туку живи и постоечки организми кој се производ на еволуцијата!
Еволуцијата како процес ги опфаќа и физиката и хемијата и медицината, и во тие области многумина научници добиле нобелови награди за одкритија со кој еволуцијата денес е факт, а не претпоставка! Меѓу напознатите се: James Watson и Francis Crick кој ја одкриле структурата на ДНК молекулите и во 1962 и добиле нобелова награда за тоа!
http://nobelprize.org/educational/medicine/dna_double_helix/readmore.html
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Најпросто: Истражуваш, набљудуваш, собираш докази и врз основа на тоа донесуваш заклучок. Тоа е спротивно од креационизмот, вие веќе го имате "заклучокот" а тоа се вика reverse scientific method, еве дефиниција:

When someone determines what happened, throws out all the data that doesn't fit their conclusion, and then hail their findings as the only possible conclusion.
Во третиот дел, каде се собират докази фали и претпоставки.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Во третиот дел, каде се собират докази фали и претпоставки.
Да, има претпоставки, но битниот дел е дека ако акумулираните докази докажуваат дека тие претпоставки се неточни, веднаш се формира нова претпоставка базирана на тие докази, тие не се отфрлаат за разлика од креационизмот кој има веќе еден конечен и непроменлив заклучок.

--- надополнето ---

Затоа неможе да се тврди дека креационизмот припаѓа во науката.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Не ја префрлај топката на мој терен. Јас си го имам у мал прст не се секирај, туку сакам од тебе да ги прочитам механизмите на научниот метод. Мислам кога веќе ги спомна нели. Освен ако немаш некоја добра причина зошто не сакаш да ги спомнеш. Во тој случај те разбирам. И јас да сум на твое место би ја забушавал темава и би го заобиколил научниот метод.

Значи прашање до сите еволуционисти: Кои се механизмите на научниот метод? Што е тоа научен метод?
Мора да те плаќаат, за по форуми да шириш лаги.
Или сам се плаќаш со парите на други.

 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Мајка Тереза не е научник, Јоан. Мајка Тереза доби Нобелова Награда за Мир. Има голема разлика меѓу физика и мир. Со тоа што повеќе го почитувам мирот, но, за да ја добиеш таа награда не треба да си религиозен или нерелигиозен, но за да добиеш за физика, дефинитивно треба да си добро упатен, поточно, да бидеш научник.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Најпросто: Истражуваш, набљудуваш, собираш докази и врз основа на тоа донесуваш заклучок.
Така се „дефинира“ научниот метод ама пред чајџилница у турска чаршија :)

--- надополнето ---

хммм имало и експерименти во механизмот на научнот метод :)
Ајде сега фино лепо кажи ни еден експеримент со кој се потврдени хипотезите на Дарвин?

--- надополнето ---

Имаш све на нет. Од толку фалшови што читаш, помини барем 15-20 минути и прочитај го ова.
Добар линк. Ајде да видиме што вика Википедија.

Wikipedia напиша:
he Oxford English Dictionary says that scientific method is: "a method of procedure that has characterized natural science since the 17th century, consisting in systematic observation, measurement, and experiment, and the formulation, testing, and modification of hypotheses."[3]
И тука гледаме дека еден од механизмите на научниот метод е експериментот т.е. она што и недостасува на Дарвиновата хипотеза и затоа сериозните научници, кои што го познаваат научниот метод и непристрасно го применуваат, знаат дека Дарвиновата хипотеза не е научна теорија, туку е само обична хипотеза како и Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем. Интересна приказна, но веродостојна само во доменот на верата на Дарвинистите.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ајде сега фино лепо кажи ни еден експеримент со кој се потврдени хипотезите на Дарвин?
За која хипотеза зборуваш?

--- надополнето ---

И тука гледаме дека еден од механизмите на научниот метод е експериментот т.е. она што и недостасува на Дарвиновата хипотеза и затоа сериозните научници, кои што го познаваат научниот метод и непристрасно го применуваат, знаат дека Дарвиновата хипотеза не е научна теорија, туку е само обична хипотеза како и Кант-Лапласовата хипотеза за настанокот на Сончевиот систем. Интересна приказна, но веродостојна само во доменот на верата на Дарвинистите.
Пак дрско лажеш. Воопшто не изненадуваш.

http://www.talkorigins.org/faqs/comdesc/

Илјадници експерименти и наоди. Take your pick.

Ко ќе постираш еден креационистички труд кој е признаен како научен, ќе можеш да збориш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За која хипотеза зборуваш?
За Дарвиновата.

Илјадници експерименти и наоди. Take your pick.
Ниту еден. Апсолутна нула. Тоа го признаваат и мнозинството од Дарвинистите. Само talkorigins т.е. твојата „света книга“ и уште некои други индоктринирани сајтови и книги го тврдат спротивното. Сите останати недостигот на експериментите во Дрвинизмот го објаснуваат нормално со самата должина на експериментот, имено тешко е да направиш експеримент долг 1 милион години :)
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За Дарвиновата.



Ниту еден. Апсолутна нула. Тоа го признаваат и мнозинството од Дарвинистите. Само talkorigins т.е. твојата „света книга“ и уште некои други индоктринирани сајтови и книги го тврдат спротивното. Сите останати недостигот на експериментите во Дрвинизмот го објаснуваат нормално со самата должина на експериментот, имено тешко е да направиш експеримент долг 1 милион години :)
Дарвиновата е Теорија, која е докажана одамна. Целиот свет нема проблем со тоа освен фундаменталистичките верници - како тебе или муџахедините.

Каква должина на експеримент, бе?!? Не се во науката се потврдува со лабораториски експеримент! Имаш фосили, имаш генетика, филогенетско дрво и палеонтологија. Се' се вклопува едно во друго и се поткрепува меѓусебно.

Креационизмот само чучи по страна како посрано дете и цвилка по платени пропагандни активности без апсолутно никаква научна поддршка!

Само дебили без школо и акл можат да поверуваат во инфантилната логика на креационистот кој верува во еднорози и левијатани и мисли дека кенгурите скокале од остров до остов за да стигнат до Австралија.

Колку дебилно!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Каква должина на експеримент, бе?!? Не се во науката се потврдува со лабораториски експеримент! Имаш фосили, имаш генетика, филогенетско дрво и палеонтологија. Се' се вклопува едно во друго и се поткрепува меѓусебно.
1. Фосили и палеонтологија ти се едно те исто. Палеонтологијата е наука за фосилите.

2. Ништо од тоа што наведе не е експеримент, туку тоа спаѓа во доменот на набљудувањата. Еве ти да прочиташ што е тоа експеримент (од твојот едукативен извор Википедија): http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82

Wikipedia напиша:
експеримент е склоп на настани и набљудувања, кои се извршуваат да потврдат или да побијат некоја хипотеза или истражување чија главна тема е некој феномен.
3. Фосилите се набљудувања. Тоа не е експеримент. Од друга страна фосилниот наод ни одблиску не е на страната на Дарвиновата хипотеза. Тоа го признал и самиот Дарвин и сите чесни еволуционисти после него до ден денес.
Молекуларниот биолог и еволуционист, Мајкл Дентон, во својата позната книга Еволуцијата: теорија во криза, меѓу другото напишал:

„Универзалниот заклучок на палеонтологијата... е дека, иако карпите континуирано даваа нови, возбудливи, па дури и бизарни форми на живот... никогаш не покажале некоја од Дарвиновите милијарди преодни форми. И покрај неверојатно зголемените геолошки активности во секое катче на планетата, и покрај откривањето на многу необични и досега непознати форми, безбројните поврзувачки алки се уште не се пронајдени, а фосилните наоди се уште остануваат во прекин, какви што биле кога Дарвин ја пишувал неговата книга Потекло на видовите. Меѓуформите останаа недофатливи, како што биле отсекогаш, а нивното отсуство цел век подоцна е една од највпечатливите карактеристики на фосилните наоди“
(Мајкл Дентон, Еволуцијата: Теорија во криза [Chevy Chase, Md.: Adler & Adler, 1986] стр. 162.)

4. Генетиката исто така е погубна за Дарвиновата хипотеза. Правени се многу експерименти со вештачки предизвикани мутации (претежно со зрачење) и ниту еден експеримент не покажал појава на нови генетски информации одговорни за нови органи. Резултатите на сите експерименти е секогаш ист: мутациите не ја зголемуваат, туку ја уништуваат информацијата.

5. Филогенетското дрво е смешно да се нарече и валиден аргумент, а камо ли пак факт или пак „експеримент“. Филогенетското дрво е чисто уметничка слика, дрво нацртано со перодршка, со уметничка четка, чисто научно фантастична замисла. Тоа постои само во главите на Дарвинистите. Познатата геолошка Камбриска експлозија во која еден куп нови животни облици се појавуаат оддеднаш, во ист геолошки слој, без никакви меѓуоблици, го има превртено Филогенетското дрво наопаку :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Знам дека темата е креационизмот наспроти еволуционизмот, но во основа тое е промашена дискусија. Доказите за еволуционизмот се многу, за креационизмот скоро никави, меѓутоа ниту едното ниту другото сфаќање не се доказ за постоењето и непостоењето на Бог. Ако Бог е семоќен, ништо не го кошта да расфрла неколку коски наваму и натаму, колку да ја тестира вербата на луѓето. А дури и да го прифатиме еволуционизмот како егзактен на ниво на физички закон, религиозните луѓе секогаш можат да речат дека постанието е само метафора, и дека Бог го поставил законите и првите елементи за Еволуцијата да може да започне, па би имале мешавина на креационизам на почетокот (се разбира креациониизам во малку поинаква смисла), проследен со еволуција... Ниеден доказ на науката не може да ја поколеба вербата на вистински религиозен човек.

Воглавно претурање од шупливо во празно. Вистинската борба со религијата се води на етички план, на начинот на Иван Карамазов. Покажување дека идејата са семоќен и добар Бог е тотален апсурд во светот во кој што живееме...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Фосили и палеонтологија ти се едно те исто. Палеонтологијата е наука за фосилите.

2. Ништо од тоа што наведе не е експеримент, туку тоа спаѓа во доменот на набљудувањата. Еве ти да прочиташ што е тоа експеримент (од твојот едукативен извор Википедија): http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82



3. Фосилите се набљудувања. Тоа не е експеримент. Од друга страна фосилниот наод ни одблиску не е на страната на Дарвиновата хипотеза. Тоа го признал и самиот Дарвин и сите чесни еволуционисти после него до ден денес.
Молекуларниот биолог и еволуционист, Мајкл Дентон, во својата позната книга Еволуцијата: теорија во криза, меѓу другото напишал:

„Универзалниот заклучок на палеонтологијата... е дека, иако карпите континуирано даваа нови, возбудливи, па дури и бизарни форми на живот... никогаш не покажале некоја од Дарвиновите милијарди преодни форми. И покрај неверојатно зголемените геолошки активности во секое катче на планетата, и покрај откривањето на многу необични и досега непознати форми, безбројните поврзувачки алки се уште не се пронајдени, а фосилните наоди се уште остануваат во прекин, какви што биле кога Дарвин ја пишувал неговата книга Потекло на видовите. Меѓуформите останаа недофатливи, како што биле отсекогаш, а нивното отсуство цел век подоцна е една од највпечатливите карактеристики на фосилните наоди“
(Мајкл Дентон, Еволуцијата: Теорија во криза [Chevy Chase, Md.: Adler & Adler, 1986] стр. 162.)

4. Генетиката исто така е погубна за Дарвиновата хипотеза. Правени се многу експерименти со вештачки предизвикани мутации (претежно со зрачење) и ниту еден експеримент не покажал појава на нови генетски информации одговорни за нови органи. Резултатите на сите експерименти е секогаш ист: мутациите не ја зголемуваат, туку ја уништуваат информацијата.

5. Филогенетското дрво е смешно да се нарече и валиден аргумент, а камо ли пак факт или пак „експеримент“. Филогенетското дрво е чисто уметничка слика, дрво нацртано со перодршка, со уметничка четка, чисто научно фантастична замисла. Тоа постои само во главите на Дарвинистите. Познатата геолошка Камбриска експлозија во која еден куп нови животни облици се појавуаат оддеднаш, во ист геолошки слој, без никакви меѓуоблици, го има превртено Филогенетското дрво наопаку :)
Повторно и повторно истите глупости. 100 пути објаснети...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom