Крај на "златната генерација" на Македонија

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Коментар од фејсбук за нашата златна генерација...

Decki, so licna i moralna odgovornost ve uveruvam deka Jas i moe drustvo so svoi oci gi vidovme Antic, Gecevski, Maccaleb, Gurovski i Cekovski kako se krajno pijani vo 6 sabajle posle pobedata nad Srbija vo diskoteka vo Ljubljana- mesto ramno na skopska Despina (blago kazano dupka). Sramota i nepocituvanje kon site makedonski fanovi koi so srce, resursi i odvoeno vreme dojdoa da gi bodrat vo ogromen broj! Sekoja cest na poedinci (brakjata Stojanovski, Sokolov, Kostovski...), no nasite heroi ovojpat ne izneveria!!!

Оваа генерација можеше и мораше многу повеќе на ова првенство, добивме релативно лесна група, и вкрстувавме со релативно лесна група. Квалитетот на ова ЕП е никаков и сега беше шансата да стигнат до медал...

Ама алкохол и спорт заедно не идат.
:pos:

Овие двајца ги затвараа кафаните во Кавадарци и Куманово цела сезона. :гик:

Но на тоа е сведен спортот кај нас, професионални спортисти кои живеат спортски се бројат на прсти. Многу таленти така пропаѓале и ќе пропаѓаат. За што? За да испадне фаца у кафана/диско/кафиќ.

Мислам океј е да отидеш у кафана еднаш неделно, да се напукаш пилешко и свинско, да пивнеш пиво и вино за душа, тоа се согорува лесно за 2-3 дена. Всушност, големите спортски корпорации и во исхраната на спортистите неколку дена во неделата вметнуваат по чаша вино на оброк. Но не е поентата да се направиш камен или ко шо прават играчите од наша лига, после секоја утакмица и секој тренинг да идеш у кафана и да набиеш маснотии.

Уште понепрофесионално е на три дена пред ЕП да луташ по дискотеки до 5 сабајле. Мислам дека најголемата грешка на репрезентацијава беше што се врати во Скопје. Таман им испари алхохолот, влегоа во ритам на турнирот у Германија и требаше директно во карантин у Словенија.

Но професионалност и македонски спорт се сосема различни поими...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Не знам колкав треба да ти биде степенот на морал и чувството на етика за да го направиш ова. Истото се збори и во Словенија, дека нашиве си продолжиле со спортот нивни. Како тинејџери што кријат алкохол на екскурзија. Ако ти треба тебе тренер за да ти каже дека вечерва треба да легнеш во 10 и да не се дрвосуваш не знам што да кажам, очигледно сите заедно имаат 20 години во умот.

А пред некој ден читав дека челните лица на холандската репрезентација во фудбал размислувале да им го намалат користењето на плејстејшни на играчите во хотелите додека се на интернационална должност, за да се намалел заморот и да не се стварала меѓусебна агресија. Aбе :pos: да видат нашиве што прават инфаркт ќе ги удри.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Леле пишал некој погоре што ако се пијанеле по победата над србија Антич и мекелеб биле најдобри против Бих.Ова да се оправдува е ептен идиотски.
Сеа кога читам што глупост направиле ич не ми е мака и не се нервирам што се 21ви на шампионатот.Кога ги боли нив цефката мене уште помалце.
А и да мислиш дека тоа што се тренчат по кафани/кафичи не влијае на играта е исто така идиотско мислење..Гече 36 годишно магаре наместо да биди пример тој прв.Едвај одеше против босна.Може уште не бил отрезнат затоа си мислеше супермен дека е и 100 ги заеба.
Ѓуровски се пијанчел :pos: зини земјо голтниме.Па додуша подобро дасе пијани тој можеби ќе се пронајде во тој спорт па нема да ме мачи да го гледам кошарка кај што игра.
Него,мн се напнав на европсково за пијанициве.1000постови напишав.Тие да мислеа вака кај ќе им беше крајот.
Од овие што беа во репрезентацијава најмн ги почитував Близнациве,Владо и Мекелеб.
И кога ќе видам некој дека јаде лајна за некој од овие ми се сере.Близнациве можжеби слабо првенство одиграа но барем се трудеа и не се форсираа со шут за 3 , за разлика од нив далеку послаби шутери како Антич,гечевски си шутираа за 3 кога ќе стигнат.Толку шутеви колку што видов деновиве од нив, немало ни на натпревар во 3ки на олстарот.

И за крај да ве потсетам само , МЕДАЛ ЌЕ ДОНЕСЕЛЕ :cuc:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.465
Поени од реакции
39.158
Највеќе ми е жал што не успеавме да крунисаме пред 2 години барем со бронза. Секоја им чест , ќе бидат запаметени како херои кои ја представија Македонија во најдобро светло од нејзиното постоење.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Тие се оние што не направија горди, и затоа ќе се помнат во нашата спортска историја (каква-таква, мизерна, бедна, сиромашна) нивните игри, мотивираноста, сплотеноста и подвигот што го направија на претходното европско првенство.
Благодарни сме им што покажаа дека не постојат невозможни нешта дури и кога сме ние во прашање..

Сепак успесите во спортот не се случајни туку се плод на многу работа, лишувања во животот, дисциплина и тимска работа. На ова првенство ништо од ова не се применуваше од страна на нашите херои и раководството на националниот тим, практика карактеристична за речиси сите спортови кај нас. Не е дека не можеа, не е дека не беа способни, не дека противниците беа нешто многу појаки и поквалитетни - недостасуваше спортскиот дух.

Се разбира, сите ние ќе се потрудиме побрзо да го заборавиме овој "неуспех". Но не треба да заборавиме без да извлечеме поука сите ние, а најмногу спортистите и спортските работници. Се надевам на мудрост и квалитетна работа во градењето на нова генерација која со резултатите ќе направи да заборавиме на ова разочарување.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.061
Фала ви за се! Иако многумина ќе ги критикуваат (и со право) за последново ЕП, за нација како нас со толку малку народ и ресурси, дечкивр направија фантастичен успех и мора да им сме благодарни. Тројката на Владо останува мојот најсреќен момент во животот, единствен момент кога сум пуштил солзи од среќа. Загрижен сум за иднината исто како и сите. Треба да се инвестира во младите играчи, мора да се капитализира на успехот на оваа генерација.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
абе што да ви кажам, сега можат комотно и споменици да направат на нигерот и србинот што играа за мак. репрезентација, херои се како и други прави македонци...
 
B

BooBojan

Гостин
Колку и да ги критикуваме за последново европско,сепак тие беа првите кои направија како нација да бидеме горди...
И Кометал пред нив направи успех,ама ова беше нешто ново,нешто шо секој ке го кажува во иднина...
Фала ви за се момци.....Никогаш нема да го заборавам моментов......СЕКОГАШ КОГА ГО ГЛЕДАМ СЕ НАЕЖУВАМ....
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Честа ситуација беше Гечевски и Антич на линијата за тројка,а "центарот" Бо рипа во офанзивен скок.За ваква недисциплина во играта е одговорен Пипан и никој друг.Требаше јасно да му каже на Перо - Мајсторе оди под кош да рипаш,има кој да шутира тројки.Не,прв напад против Босна дечкото глуми тројкаш шутира од 8 метри.Мислам дечкото има одлична реализација за 2 поени,он се дупна од шутирање тројки.На мечот со Србија имаше 1 од 9 за три,тоа е недисциплина,ништо друго.Среќа тепавме па никој не го спомна тоа.

Сепак мислам дека највиновен за поразиве е Пипан и никој друг.Уште не можам да сватам зошто на натпреварот со Црна гора кога имавме последен напад за победа,викна тајм аут пред Рајс да ги изведе слободните.Ќе добиевме драгоцени 3 секунди за подобро да го организиравме тој напад да побараше отако ќе ги изведеа слободните.:гомце:
 
TwiNNeR

Повеќе читам, помалку пишувам
Член од
1 декември 2009
Мислења
191
Поени од реакции
136
Од кај ги најдовте Магдевски и Николов таленти? Нека не ве лажат медиумиве се знае дека се тоа деца со врски...На едниот татко му е адвокат од Скопје а другиот тренер...
А па Ненад татко му на јуниор газда и еден од тренерите. Се се тоа со врски (една од причините зошто во Македонија правите таленти скапуваат дома)
Јас мислам дека моментално Вардар најдобро работи со младите и од таму очекувајте доста добри млади играчи за во иднина...;)

Инаку за евро 2015 квалификации мое мислење:
1. Костоски/ Соколов/ Илиевски (ако го вратиме некако од пензија :) )
2. Војдан/ Димчевски/ Симоновски
3. Дамјан/ Брчков
4. Антиќ (зависи од тоа како ќе се одвива неговата НБА кариера)/ Трајковски/ Станко? (да видиме дали ќе најави пензија и он)
5. Николовски/ Самарџиски:pos:(може и Бојан Крстевски, ама треба многу да работи да стане центариште, се зависи од него)

Како што приметувате на позиција 5 ќе сме најочајни, па така тука треба да се бара некоја црнчуга од Америка над 2.10 да владее во рекет.
Костовски со МЗТ го очекува интересна сезона во еврокуп, па можно е да стане топ плеј (нешто слично со Станко што се повампири во мзт, и научи многу нови работи).
Димчевски има потенцијал, ама да намали со кафаните и слично
Илиевски ќе биде добро да изигра уште едно европско, ако не ќе комбинираме со Соколов за жал.
Симоновски може да се развие во добар играч, ама му треба добра минутажа...
Нормално Војдан и Дамјан би биле лидери на тимот, Станко може како најискусен да го земат, доколку не најави повлекување.
Брчков одличен млад играч, игра со храброст, ама проблем би било што е спор за позиција 3 (крило) а низок за крилен центар, ама ќе видиме игра добра одбрана, знае да чува и повисоки
Николовски мора да се одвикне од тоа искачање за 3 да шутира, и ќе биде топ центар, има потенцијал во него, ама и баксуз со повреди...
Трајковски има солиден шут, ама скокот слабо. Во Мерсин многу топки му фаќаа безвезе под кош, но ќе се вади на шутот
Антиќ мое мислење е дека ќе изигра уште едно првенство, нормално тоа ќе зависи од неговото играње во нба, формата, заморот и слично.
Самарџиски ќе го земат пак, ама не очекувам од него многу. Човекот нема основна кошаркарска интелигенција, ама кога нема друг тоа е. Тука многу ќе смени ако натурализираме американец, па со таква конкуренција да има бар малку мотив за игра.

И нормално тренер би требало Врбица Стефанов, и не гледам никој друг компетентен за оваа функција... (или Марин ама тешко ова...)

Не очекуваат интересни квалификации и ќе видиме дали пак ќе направиме слична генерација. Голем плус ќе биде играњето на МЗТ во еврокуп, аба како би играчите добиле солидно искуство, и да очекуваме во брзо време наш тим и во евролига, а и во еврокуп/аба. Добро е што се вложуваат пари колку толку во некои тимови во нашава лига и има солидна гледаност за наши услови. Таленти за понатаму сигурно ќе има, има добри школи во Македонија, тренери, сали, се работи со кошарката сериозно, и очекувам добри резултати и во иднина...
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Честа ситуација беше Гечевски и Антич на линијата за тројка,а "центарот" Бо рипа во офанзивен скок.За ваква недисциплина во играта е одговорен Пипан и никој друг.Требаше јасно да му каже на Перо - Мајсторе оди под кош да рипаш,има кој да шутира тројки.Не,прв напад против Босна дечкото глуми тројкаш шутира од 8 метри.Мислам дечкото има одлична реализација за 2 поени,он се дупна од шутирање тројки.На мечот со Србија имаше 1 од 9 за три,тоа е недисциплина,ништо друго.Среќа тепавме па никој не го спомна тоа.

Сепак мислам дека највиновен за поразиве е Пипан и никој друг.Уште не можам да сватам зошто на натпреварот со Црна гора кога имавме последен напад за победа,викна тајм аут пред Рајс да ги изведе слободните.Ќе добиевме драгоцени 3 секунди за подобро да го организиравме тој напад да побараше отако ќе ги изведеа слободните.:гомце:
Апсолутно си во право!Пипан е дефинитивно виновникот.Човеков нема поим од акции и креирање на игра.Покрај него искрено веќе не би сакал да ги видам браќава Стојановски.Тешки ретарди се и мислам дека веќе и на нив треба да им е јасно дека си го промашиле спортот тотално.Број 1 апсолутно БО.Македонскиот Џордан....
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
:tapp::vozbud::cuc::facepalm: :pos:

Ти си неприсвест за ова со близнациве :D Го згрешиле спортот божее хахахаха :D
--- надополнето: 10 септември 2013 во 03:05 ---
:tapp::vozbud::cuc::facepalm: :pos:
Апсолутно си во право!Пипан е дефинитивно виновникот.Човеков нема поим од акции и креирање на игра.Покрај него искрено веќе не би сакал да ги видам браќава Стојановски.Тешки ретарди се и мислам дека веќе и на нив треба да им е јасно дека си го промашиле спортот тотално.Број 1 апсолутно БО.Македонскиот Џордан....
Ти си неприсвест за ова со близнациве :D Го згрешиле спортот божее хахахаха :D
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
:pos:

Овие двајца ги затвараа кафаните во Кавадарци и Куманово цела сезона. :гик:

Но на тоа е сведен спортот кај нас, професионални спортисти кои живеат спортски се бројат на прсти. Многу таленти така пропаѓале и ќе пропаѓаат. За што? За да испадне фаца у кафана/диско/кафиќ.

Мислам океј е да отидеш у кафана еднаш неделно, да се напукаш пилешко и свинско, да пивнеш пиво и вино за душа, тоа се согорува лесно за 2-3 дена. Всушност, големите спортски корпорации и во исхраната на спортистите неколку дена во неделата вметнуваат по чаша вино на оброк. Но не е поентата да се направиш камен или ко шо прават играчите од наша лига, после секоја утакмица и секој тренинг да идеш у кафана и да набиеш маснотии.

Уште понепрофесионално е на три дена пред ЕП да луташ по дискотеки до 5 сабајле. Мислам дека најголемата грешка на репрезентацијава беше што се врати во Скопје. Таман им испари алхохолот, влегоа во ритам на турнирот у Германија и требаше директно во карантин у Словенија.

Но професионалност и македонски спорт се сосема различни поими...

ее... а кога пишував дека спорт не иде со алкохол и дискотеки 1 (еден) повторувам ЕДЕН ден пред ЕП... ќе ви ги набројам и кои ако треба

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
12.006
Поени од реакции
7.164
Станаа ист случај како ракометарите-втор дел. Се испукаа на едно првенство, направија најдбори резултати во историјата, им се пружа шанса за да играат на ОИ, и гратис учество на следно ЕП, и после...потоп :place: Никаде ги нема. Тоа е затоа што не знаеме да држиме контиутет во нештата, не само во спортот, туку и во многу други работи. Спортов ни е наједноставен пример само. Сега сфаќаме колку сме биле уствари далеку од медал или пласман на ОИ. Треба најмалку 5-6 години контиунирана работа со еден тим за да дојде таков резултат. За џабе лета(в)ме во облаци, посакувајќи повторување на успехот од претходното ЕП, а уствари не си го гледаме составот каков потенцијал има. Можда пласман во втората фаза ќе ги задоволеше во поголем дел навивачите ама, реално и таму којзнае што ќе направевме. Од Франција ќе беше сигурен пораз, со Украина и Белгија ќе беа ептен тешки и изедначени утакмици, така да тешко да се пласиравме во 1/4 без пренесени бодови од прва фаза. Али ова е шанса за нов почеток, а не да мислиме дека е крај на светот. Играњето квалификации дава шанса и за новите играчи, да се докажат, наметнат. Само пак останува таа значајна алка-организацијата околу репрезентацијата, башка од играчите, која отсекогаш во сите спортови ни била слаба страна. Не знам кој сега би се нафатил да биде селектор, дали Стефанов можда или Куртовиќ ако биде прекомандуван од младата репрезентација...или можда Заре Марковски :vozbud: или ќе се оди пак со странец. Како и да е долгорочниот план треба да ги има како цел, пласман на следните 2 ЕП, за да се задржи континуитетот во настапите инаку ништо не правиме. мора да играме на ЕП, макар завршиле уште во прва фаза како досега. Играчи ќе се најдат, кошаркарски тим не е како фудбалски па да треба да имаш селекција од 22-23 имиња. Мислам дека може да се склопи солиден тим од 13-15 души, секако најдобрите што ги имаме и да се работи напорно со нив.

Останува да видиме како ќе бидат организирани квалификациите за следното ЕП, овие од ФИБА се будали, лесно може да им текне да речат, пу пу не важи, следното ЕП се враќа на 16 екипи, вака многу се :P Е тек тогаш пласманот на самото ЕП ќе се смета за голем резултат. Ете и Турција, Русиј и Израел, што се вели кошаркарски сили, и тие испаднаа исто како нас, ама сигурно уште првиот ден после ова ЕП ќе направат план како да се вратат на старите патеки. А ние...?
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Коментаров е како овој тим да е единствен во светот кој што после добар пласман на наредниот турнир кикснале и ништо не направиле.
Турција пред неколку години беше во финале на СП сеа губат од кој најдат,и тоа со истиот тим.

Има разлика, кај Турција има смени на генерации. Вообичаено е новите, млади играчи да изгубат доста натпревари и рано да ги завршат натпреварувањата. Ние дојдовме со речиси истиот состав. Ќе беше подобро да пуштиме повеќе млади кошаркари да се борат на ова првенство. А вака бламажата ја зедоа истите кои освоија 4то место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom