Крај на "златната генерација" на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
малку оф-топик, ама БиХ се зезнаа што вчера не тепаа со 8... доволно ќе им беше 2-3 раѕлика најповеќе а во тој случај нема да беше атмосферата на денешната утакмица со Летонија каква што беше, влеговме во грч со +10 во малиот мозок и врзани раце.. епилогот е од 2 балтички репки и двете влегоа а 3 екс-ју испаднаа..
.. не ми се допаѓа ниту кај предходниот а ниту кај Пипан што не ги ставаа младите. Уште во Венецуела требаа да играт, таму беше на клупата Николовски а не доби шанса ниту со Нов Зеланд . Во Словенија требаше порано да се ставаат по малку младите, од нон-стоп играње не само што папсуваа стандардните туку и противниците ги научија како Буквар
 
Знаете само што не ми е јасно на мене?

Како може ИЧ ама ИЧ да не се финансира спортот? Абе мизерии услови имаме бе.. Србија,да поголема држава од нас и немој некој да ми каже у крв им е да бидат професионалци и спортска нација али види бе што прават у тенис,пливање,ватерполо,кошарка,ракомет,одбојка.

Се додека нема финансирање на спортистите ништо бе македонче,чорба! Ќе си натурализираме црнец..живот давам што се вика за БО ама не е финтата бе да мислиме кој странец ќе земеме..Зашто не се проба со наши деца,жртвувај 10 години ако треба ама направи некоја "Златна" генерација.

После овие што ќе си идат ја не можам да видам СВЕТЛА иднина за Македонската кошарка. Дај не се занесувајте со Самарџиски(цреп),Николовски(увек повреден у инат хејтерима) квалификации нема шанса да поминеме. Треба да се седне да се направи некаков план за поблиска иднина,нешто да вроди резултат во сите спортови ама не братче споменици нека пуцаат.

Али ајде забегав од темата, Ви благодарам момци што ме направивте толку горд пред 2 години, за сите тие моменти на среќа,радост и што уште не.

Македонија никад нема да заборави и никој не може да го земе тоа што го постигнавте али да бидеме реални да бевте МАЛЦЕ пофокусирани и да не праевте срања и самите знаевте дека ќе стигнете до далеку.
 
Само кај нас „златна генерација“ оддалеку мириса злато?

Или, златна генерација за Камбоџа би бил пласман на Азиско првенство во пинг понг со натурализиран играч? И тоа би се славело низ улиците на Пном Пен, така?
 
А и друго, многу интересен факт беше што кога изгубија Србите од нас, читав по нивните портали. Многу беа ретки коментрите каде се плука, напротив беа полни со поддршка кон своите. Тоа секогаш сум го почитувала кај Србите, стојат позади своите и пред се ВЕРУВААТ ВО СЕБЕ. Можеби однадвор изгледа дека тоа е арогантно, сметам дека така треба секоја нација да се однесува, особено во спорт. Да верува во себе и да се биде сконцентриран и дисциплиниран.
 
Ви благодарам што ни ги исполнивте срцава со среќа и тага. Вистинскиот борец е мотивиран од желбата за успех, а не од победувањето. Вие еднаш ни покажавте тоа како изгледа и затоа ја имате нашата најголема почит. Штета што нема да не видите со солзи радосници уште еднаш, навистина штета.


After-a-storm-comes-a-calm..jpg


Само кај нас обратно.

И едно клише за одјава:
Македонија се сака и кога води, и кога губи.
 
Само кај нас „златна генерација“ оддалеку мириса злато?

Или, златна генерација за Камбоџа би бил пласман на Азиско првенство во пинг понг со натурализиран играч? И тоа би се славело низ улиците на Пном Пен, така?
Па и се златна генерација со оглед на тоа дека го направија најголемиот успех во овие 22 години. Под златна не се мисли дека добиле злато, туку златна по однос на нивното значење. Со оглед на тоа дека во секој сегмент тонеме во тиња, тие за момент барем успеаа да се пробијат и да донесат малку радост во државава.
 
Како и да е, најголемиот национален успех на спортски план ни го донесоа кошаркарите, па дечки, фала ви за се што направивте.
 
Незнам јас уште се надевам на чудо дека Перо и Бо ќе продолжат да играат за репрезентација.
Ок Илиевски и Гече не можат веќе,Илиевски може ама не може ради фамилијата....Станко ќе продолжи да игра ?

Ја би немал лице после вакво лошо европско да си отидам,незнам жално ќе биде ако вака заврши оваа генерација.
Пишав на друга тема не се занесувајте со Брчков,Костовски.....ни се расплака мамата ако чекаме од нив да не однесат на Европско а не па резултат да ни донесат таму.

Ако не игра веќе Бо,нека натурализираат плеј,или па нека ги форсираат младиве Магдевски и Николов па што биде нека биде,а за центар некој штакор нека донесат.
 
Па и се златна генерација со оглед на тоа дека го направија најголемиот успех во овие 22 години. Под златна не се мисли дека добиле злато, туку златна по однос на нивното значење. Со оглед на тоа дека во секој сегмент тонеме во тиња, тие за момент барем успеаа да се пробијат и да донесат малку радост во државава.

Да де, златна. Генерацијата која еднаш освои четврто место. Истата таа на која и анулираа 20 за да изгуби со 20 во квалификации за ОИ. Истата таа која ќе биде запишана дека откако тргна по медал, заврши во... топ 21 на ЕП (квалитет на првенство рамен на втора лига за деца со специјални потреби од Папуа Нова Гвинеја).

Сето тоа во рок од... 2 години?!

Златна генерација...:X3:
 
Знаете само што не ми е јасно на мене?

Како може ИЧ ама ИЧ да не се финансира спортот? Абе мизерии услови имаме бе.. Србија,да поголема држава од нас и немој некој да ми каже у крв им е да бидат професионалци и спортска нација али види бе што прават у тенис,пливање,ватерполо,кошарка,ракомет,одбојка.

Се додека нема финансирање на спортистите ништо бе македонче,чорба! Ќе си натурализираме црнец..живот давам што се вика за БО ама не е финтата бе да мислиме кој странец ќе земеме..Зашто не се проба со наши деца,жртвувај 10 години ако треба ама направи некоја "Златна" генерација.

После овие што ќе си идат ја не можам да видам СВЕТЛА иднина за Македонската кошарка. Дај не се занесувајте со Самарџиски(цреп),Николовски(увек повреден у инат хејтерима) квалификации нема шанса да поминеме. Треба да се седне да се направи некаков план за поблиска иднина,нешто да вроди резултат во сите спортови ама не братче споменици нека пуцаат.

Али ајде забегав од темата, Ви благодарам момци што ме направивте толку горд пред 2 години, за сите тие моменти на среќа,радост и што уште не.

Македонија никад нема да заборави и никој не може да го земе тоа што го постигнавте али да бидеме реални да бевте МАЛЦЕ пофокусирани и да не праевте срања и самите знаевте дека ќе стигнете до далеку.
не се финансира друже затоа што народов наш (читај рандом рајата што е осумдесет посто од државава) сака да гледа како се трошат пари на огромни работи, како споменици, катни гаражи. Еден класа спортист може да допринесе повеќе за една држава од еден споменик. Основните работи кои треба да се темели во државава ни се тиња, а спортот е една од нив.

Друга работа е што како народ сме некомпетитивни, мрзливи и еве вака, лесно се оддаваме на земни задоволства. Таков менталитет имаме.
 
Само кај нас „златна генерација“ оддалеку мириса злато?

Или, златна генерација за Камбоџа би бил пласман на Азиско првенство во пинг понг со натурализиран играч? И тоа би се славело низ улиците на Пном Пен, така?

Незнам што ти е целта да испровоцираш,да се направиш смешен или па ти е криво дека бевме тиња на европсково(мада незнам зошто ти си изјави дека навиваш за босна) па сега шверцаш некој цинизам и иронија.

Да за нас златна генерација се,зошто сме немале ваков тим во било кој спорт,нема врска што не освоија медал прикажаа најдобра игра пред 2 години.

И доста кењате за Бо неваспитани едни.
 
Да де, златна. Генерацијата која еднаш освои четврто место. Истата таа на која и анулираа 20 за да изгуби со 20 во квалификации за ОИ. Истата таа која ќе биде запишана дека откако тргна по медал, заврши во... топ 21 на ЕП (квалитет на првенство рамен на втора лига за деца со специјални потреби од Папуа Нова Гвинеја).

Сето тоа во рок од... 2 години?!

Златна генерација...:X3:
Ок де, дека кикснаа малце, кикснаа, во тоа нема сомневање. Ама која друга македонска репрезентација ни донела ваква радост (еве ај и 5тото место на ракометарите да го земеме предвид)? Ниедна. Дека можеа некои работи да завршат поинаку можеа.

Пребуквално го сфаќаш терминот златна.

И за некои луѓе се вика: “А бе златно дете е“, “Златен човек“, па и тој праи утки у животот. Сеа паралелава малце е екстремна, ама ваљда ми ја сфаќаш поентата.

Според мене, за да константно имаме прогрес во било кој спорт клучни се неколку работи, меѓу кои: ФИНАНСИИ и ДИСЦИПЛИНА.

И се додека друга репрезентација во кошарка не го направи истото, тие ќе си останат златна генерација. Лесно е да се биде циничен спрема ова, знам. Ама од друга страна кога ќе се собере се, тие момци беа заслужни што пред 2 години во државава имаше радост ко што немала со години. Последен пат таква радост ни приреди Кометал со освојување на ЛШ и голот од корнер на Шаќири со Англија. Тоа е огромен временски период разлика.
 
Тој период, тоа ЕП во 2011, тројката на Владо, феноменалните партии, 4тото место... тој е еден од периодите во кои јас, а сигурен сум и секој Македонец беше горд што живее во оваа држава, што е Македонец. Сите бевме тогаш сплотени во едно, сите се радувавме, убав период беше тоа.

Има многу кои тоа го подзаборавија со лошото издание на ова ЕП. Сепак како и да е, фала им за се на Илиевски, Гечевски и Антиќ, време е нови млади сили да играат во репрезентацијата.

И едно огромна фала за БО МЕККЕЈЛЕБ, човекот кој беше најзаслужен за тоа 4то место на ЕП 2011, човекот кој беше горд што игра за Македонија иако не е Македонец, човекот кој со она негово "Да живеј Македонија" за момент ни ги растрепери срцата, со среќа во понатомашната кариера на Бо.
 
На денешниот натпревар кога влегоа помладите играчи и ја намалија разликата од 20 на 8, (која повторно со Антиќ и Гечевски не се помрдна) докажува нешто. Не секоја екипа одговара за одреден стил. Послаб состав во терен може да изигра подобро со друг состав доколку стилот на игра му одговара. Сегашните репрезентации се млади и брзи и на таквата игра треба да им се даде соодветен одговор со брзина, а не со сила, снага, искуство. Ние имаме само едни исти играчи и имаме една игра.
Има послаби репрезентации чија игра не ни одговара и тогаш заглавуваме.
Повеќе играчи на клупа значи поголема можност за тренерот да менува стилови на игра според противникот.
Без некои комплекси или пак авторитети треба во такви ситуации да им се дава можност на нашите помлади играчи. Не верувам дека оние играчи на Летонија се многу подобри од нашите млади играчи.
Верувам дека младите репрезентативци ако играа во првото полувреме можеа да извадат подобар резултат до клучните моменти при крајот на 3 и во текот на 4/4 кога одморени постарите можеа да се борат за целта. Но за такви радикални одлуки треба храброст, а и не само себе да се гледаме во огледало. Некако нашиве тренери, како да не размислуваат за стилот, јаките и слабите страни на противникот, туку само за тоа што нам ни оди, не ни оди слично..
 
Да де, златна. Генерацијата која еднаш освои четврто место. Истата таа на која и анулираа 20 за да изгуби со 20 во квалификации за ОИ. Истата таа која ќе биде запишана дека откако тргна по медал, заврши во... топ 21 на ЕП (квалитет на првенство рамен на втора лига за деца со специјални потреби од Папуа Нова Гвинеја).

Сето тоа во рок од... 2 години?!

Златна генерација...:X3:


Коментаров е како овој тим да е единствен во светот кој што после добар пласман на наредниот турнир кикснале и ништо не направиле.
Турција пред неколку години беше во финале на СП сеа губат од кој најдат,и тоа со истиот тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom