Крај на "златната генерација" на Македонија

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
На се што е добро, му доаѓа крајот. Така и на оваа наша генерација, која постави нови спортски димензии во нашата земја. Му покажа на овој напатен народ дека не се оди на завршница на едно натпреварување за да, како што до претходно велевме "важно е да се учествува" туку се оди да се постигне најдобар можен резултат. Само права штета е што вака се разделуваме од оваа генерација која ни донесе толку многу среќни моменти, го сплотија народот како никој досега...никој нема да ја заборави тројка на Владо, демолирањето на Грција, голш-от на МекКејлеб против Грузија :)....на овие работи секогаш со восхит и со задоволство ќе се сеќаваме.
Големо фала до Гечевски, Илиевски, Бо, Антич кои најавија повлекување после Европското.

Што се однесува до иднината, треба многу да се работи. Веројатно со нов селектор (типувам на Врба), со целосно променет ростер, треба добро да се размисли кој е добар а кој не да го носи Националниот дрес.
 
Ф

Флеш

Гостин
Време е да му се даде шанса на Врбица Стефанов !!!
Потребно е промена на генерација .... дајте им шанса на младите ..... предводници нека бидат браќата Стојановски,да се замоли Чековски да остане како капитен !!! Илиевски,Меккејлеб,Гечевски,Антич ви благодарам многу !!! направивте што можевте .... :)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Чековски да остане со 34 години ? Капитен нека биде Предраг Самарџиски :D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Се што е убаво кратко трае очигледно во овој случај со нашите кошаркари е така иако повеќето ќе ги хејтаат јас нема да ги хејтам туку сум им благодарен до сега се што направиле за оваа земја на спортски план. Им благодарам на сите среќни моменти кога стоев на плоштад и на секо кош се радував како мало дете на лижавче каде што од викање ме фати грлото а и не ми галје бидејќи тие играа како никој до сега ни донесоа многу среќни моменти за славење ех само кога ќе ми текне на славењето на плоштад на нивната победа па после во кафиќ частење и сл. Без разлика што не донесоа некој медал тие ќе бидат запамтени како нашите херои кои чудо направија :) и сите оние нивни изјави... Сите оние кои нив ги хејтаа тие незнаат што е вистинско навивање што е да уживаш во секоја победа да ги бодриш и тогаш кога губат бидејќи бодрењето не е само кога победува да викаш браво одлично и тн. туку треба да се бодри најмногу тогаш кога ќе им треба подршка од навивачите кои се покрај нив на теренот а исто и од народот... но ајде важно Секоја им чест на момците :)


Еве како се бодри Македонија :) иако и оваа година не се случи тоа но сепак тоа што не донесоа медал нема никој право да ги осудува и сл. Туку секоја им чест на сите тие што играа на теренот бидејќи секогаш во спорот ќе победуваш и ќе губиш.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Се си има почеток и крај, добро беше додека траеше. Фала им и за тоа што го постигнаа, можеа повеќе ама тоа е тоа. :) Нека остават на некои идни генерации да им го срушат рекордот.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
И после се,никогаш нема да им бидам лут и да фрлам со камења по нив.На еден момент не направија да бидеме најсреќната нација во светот!На 20 години независност ни го дадоа најубавиот подарок.Моментот на таа ЗЛАТНА РАКА кога мрежите на мобилните оператори паднаа!Ахххх таа тројка! И ден денес си го пуштам клипот секако со коментар на незаменливиот Игор Трпевски(без него немаше да го има тој шмек!) и сеуште не ми се верува ШТО НАПРАВИЈА!

Фала за се легенди!

Новата генерација на Македонски кошаркари и општо на сите спортисти треба да гледаат и да учат како се победува!

Се надевам дека во иднина пак некои нови пилци ќе изникнат и ќе направат уште поголем успех,и еве еднаш конечно да се закитиме со медал на европски или светски првенства во групен спорт!

Спортски поздрав Владо!
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Мислам дека Врба треба да дојде на селекторската позиција, многу е подобро да домашните играчи и мислам дека тие треба да се форсираат на сите пријателски и подготвителни утакмици ако сакаме за 2 години да бидеме нешто на наредното ЕП. Барем еднаш да пробаме без натурализиран играч и ,,ванаби,, странци како Ѓуроски.

п.с Магдевски и Николов треба да почнат да се форсираат, за 2 години би имале 20ка, што и не е толку млада генерација во други земји. Ако одиме како досеа би требало да заиграат за едно 7 год.:)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Дечките направи се што можеа. Какви ни се условите за било каков спорт во Македонија, ова е што го направија е поголемо од сите репрезентации заедно.
Е сега ако сакаме нашата најлоша кошаркарска генерација, да игра во втората фаза од некое натпреварување треба работа. И кога ќе ни се погоди ваква златна генерација, сигурно ќе играме за медал
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Благодарност и од мене за момчињата кои многупати не направија неизмерно среќни и горди. Па и во овој последен месец со победите над Грција и Србија.
Штета што барем нешто повисоко не се пласиравме на ова првенство.
Мислам дека и на ова првенство имавме квалитетен состав и ситни нешта можеа да ги изменат работите. Според кошаркарските стручњаци квалитетниот состав ја добива 3/4. Освен со Литванија секоја друга ја добивме во 3/4. Србската репрезентација во тој период ја демолиравме. Но треба некој да поработи за отстранување на причините за падовите во играта во најкритичниот период од 6 до 3 минута пред крајот на натпреварот кога после нема време за поправка (Црна Гора, БиХ, а и Доминикана во квалификациите за ОИ).
Тие кои живеат во Скопје редно е да им укажете чест со пречек на кошаркарите во пристојна бројка. Тоа е добро за нас самите како и возвраќање за играчите за она кое силно го посакуваа да го постигнат во името на сите нас.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Само ќе кажам дека беше штета што генерацијава падна во раце на погрешни луѓе како Јоцо Давитков, Арсиќ и раководството на КФМ кои им го ебаа потенцијалот и ради кои скапаа пола од кариерите играјќи во Б дивизја.

Ова првенство со Пипан беше лош обид за да се замени Марин кој направи компактна екипа од растурената команда која ја начека кога дојде и ете.
Жално е што иднината со играчи како Соколов, Брчков, Костовски, Николовски не е баш светла.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Само ќе кажам дека беше штета што генерацијава падна во раце на погрешни луѓе како Јоцо Давитков, Арсиќ и раководството на КФМ кои им го ебаа потенцијалот и ради кои скапаа пола од кариерите играјќи во Б дивизја.

Ова првенство со Пипан беше лош обид за да се замени Марин кој направи компактна екипа од растурената команда која ја начека кога дојде и ете.
Жално е што иднината со играчи како Соколов, Брчков, Костовски, Николовски не е баш светла.

Брчков баш се покажа океј денес. Беше дупло похрабар од било кој од нашите со исклучок на Бо и еве да кажеме Илиевски.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Можеби не успеаа да освојат медал и да не израдуваат ама барем покажаа и дека една мала држава како Македонија може и е способна да се бори дури и за медал, натпреварот со “голема“ Грција каде што буквално ги прегазивме потоа победата против Литванија со тројка во последните секунди на Владо Илиевски се натпревари кои никогаш нема да се заборават. Дури и големата Шпанија ја изнамачивме во полуфиналето каде што налетавме на добро расположениот Наваро кој постигна дури 35 коша тој натпревар, блиску бевме и до медалот само 4 разлика против Русија во борбата за бронзениот медал на ЕП во Литванија.

А сега смена на генерација, Врба е човекот за селектор кој има одлични контакти и врски со многу луѓе меѓу кои и доста надвор од државава.. се виде од колкаво значење е и кондициониот тренер на минатото европско кој беше донесен токму од Врба. Тешко дека ќе имаме сличен успех во иднина ама нека ја подмладат репрезентацијата па што биде нека биде..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Маркиз Грин не е толку лоша замена за Бо. Одличен играч е, добар асистент, не е индивидуалец како Бо, а и подобар е во одбрана од него. Сепак за он да асистира треба и другите да играат, за жал ќе го нема Бо за да распали кога другиве ќе заспијат :)

Е на другите позиции што ќе правиме, не знам...
Од големо значење ќе биде да остане Антиќ. Сепак многу ни фалат високи играчи. Надежта во Самарџиски мислам дека полека но сигурно ни отиде :D Човеков никогаш нема да добие муда, мада ради висината мора да биде декор од селекцијата...
Трајковски игра добро во Мак првенство, а и Брчков не е лош, мада видовме како се тресеа тие што дебитираа. И Костовски многу слабо, а во првенствово беше еден од подобрите. Сепак мислам дека повеќе трема ги јадеше, да играат стандардно можат многу повеќе да покажат...

Едно е сигурно, успех како на минатото ЕП нема никогаш да видиме, барем не во догледно време :(
Успех ќе биде ако задржиме континуитет на настапи на ЕП...
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Секоја чест за оваа генерација што направија на претходното ЕП... Од оваа генерација единствен кој може да остане е Антич, но некаде прочитав дека во Атланта му рекле дека може да игра на ова ниво уште две години, но само доколку одмара во лето... Е сега Гечевски, Чековски, Илиевски сигурно заминуваат во заслужена пензија... Антич доколку се нафати би останал и Бо, но тоа што би било кога би било нели...
Мора да го научат на Тод Зафировски да игра центарски бидејки сме дефицитарни како нација со високи луѓе... Кога ке видите дека еден Брчков каде во секоја нормална земја со својата висина би играл 3ка или 2ка, а во нашава лига игра четворка што останува за другите... Тука да не ги заборавам под обрачите би биле и Николовски (ако не е повреден) и Трајковски заедно со Пеџа и може да конкурира од младите само Љубомир Младеновски... Ја има техниката но треба уште да учи и е висок само 205... Белки ке потпорасне уште малку... На тројка сме добро покриени браката Стојановски кој би требало да бидат предводници и можат да одигра и на два во некои ситуации, заедно со Брчков кој беше солиден и Ѓуровски како последна опција... Проблематични се 1 и 2... Овде сакале или не мора да натурализираме бидејки сме навистина дефицитарни... Костовски го видовте денес што одигра... Остануваат младите и доста талентирани Николов и Магдевски, но друг нема... Е затоа мора да се натурализира некој играч доколку секако Бо неприфати да игра, а тоа и го најави човекот, но тој да биде барем приближно корисен како Бо... Така да за неколку години би имале да кажеме солидна репрезентација, но само доколку им се дадат шанса или продолжат во добра насока горе наведените...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom