на моменти ми се чини дека е одличен актер, а пак на моменти дека некои улоги едноставно не му “лежат“. некако ми е бесчувствителен на места каде што треба да го покаже спротивното. сум го гледал во десетина филмови, а глуми во 5-60. имам чуено дека неговата популарност се должи на форсирањето од страна на неговата фамилија (Копола), во времето кога ги правел почетоците.
“нема промашен филм...“ хахаха. јас лично за промашени ги сметам Next и Ghost Rider, но факт е дека сум го гледал во повеќе добри отколку лоши. на пример Face/off, The Rock за мене се одлични. останатото што сум го гледал е просек: Gone in sixty seconds, National Treasure, Honeymoon in Vegas и куп други кои сум ги начекал на ТВ, а немам поим како се викаат.
не изгледа добро со брада и без коса. интересна работа: The Wicker man, The Weather man, The Family man, а чинам и ушенекој имаше.
поздрав до сите кои го викаат Никола Сќејџ.