Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

П

Паган-др

Гостин
Николас Кејџ. Добар актер само некако ми е ко нафиксан во некои улоги. Омалаксан. Има многу добри улоги, но некои се и утнати. Му требаат малце повеќе емоции. Тоа му фали во глумата.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Добар актер е, ми се допаѓа како глуми, според мене нема промашено улога и целосно им се оддава на ликовите кои ги глуми. Мое мислење.
Сите филмови во кои го имам гледано се надпросечно добри. ("Honeymoon in Vegas", "It could happen to you", "Face off", "The family man", "Matchstick man" (феноменално филмче), "The Wicker man", "Next"). Значи немам зборови за сите овие филмови, секој од нив ненормално многу ми се допаѓа. "Leaving Las Vegas" е единствениот филм кој сум го гледала во кој глуми Николас Кејџ, а не ми се допаднал.
Меѓутоа, не ми е омилен како Мел Гибсон на пример. Ми го нема тој шарм. Ми фали нешто кај него.
Всушност, глумел во некоја комедија?
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Добар глумец и баш поради што не е некој типичен манекнски лик од типот на Бред Пит и Том Круз мислам дека многу улоги ги доловува баш како што треба. Добри филмови кои можам да ги издвојам ( "Leaving Las Vegas" , "The Rock", "Face off", "City of Angels ", никој до сега не го спомна "8mm" исто така добро филмче, "Matchstickman" феноменален и да не ги повторувам сит што ги спомнавте би ги додал и "Captain Corelli's Mandoline" и уште еден добар " Lord of war "
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
феноменално типче со перфектна глума! меѓу омилените глумци ми е. филмови што ги издвојувам се face off, lord of war, national treasure, WTC, gone in 60 sec, и во улога на Stanley Goodspeed - The Rock! :D:D:D
има некој посебен шмек, харизматичен е многу. едноставно - ФАЦА Е! бел бумбар за николас кејџ!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
За разлика од улогите во другите филмови, филмови кои вие ги напоменавте а кои ги сместувам во полицата, Трансформери, Транспортер, Турбомен... Николас Кејџ всушност има добри филмски улоги. Адаптација е перфектен филм, филм кој ќе ви го однесе мозокот на Месечината и ќе командува од таму со вас преку блутут. Ама хеј, за таа улога не искешира 20 милиони и не го наполна бокс офисот.

Импресиониран бев и од филмот, The Weather Man. Тежок филм, го покажува она друго темно лице на животот, вистинското лице на еден човек кое се крие под маскаташто вели имам добар живот, добра работа, добра кола, добра куќа, добри семејни односи. Гледајте го, нека ве протресе убаво па бидете спремни за употреба од страна на другите луѓе во вашиот живот, впрочем како и досега само што овојпат ќе ви биде вклучена мозочна ќелија, или две. Бар така се надевам.

Сепак, како и неговите славни колеги така и тој не заостанува. Последните филмови се целосно бесмислени, пренатрупани но, добро заработуваат. Впрочем на крајот на денот, тоа е она што е важно. $
 
Член од
12 март 2007
Мислења
650
Поени од реакции
73
само два филма ми се свиѓат со Николас , Wild at heart ептен откачен филм на дејвид линч. и Adaptation ногу кул филм.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Еден член сакаше да го дискутираме Сендлер... Адам Сендлер.:)

Па ја менуваме дискусијата.
:helou:
 
П

Паган-др

Гостин
Еден од моите омилени актери. Има многу интересни улоги, многу интересна глума. Се гледа дека го има она позитивно влијание во филмот. Во улогите знае да насмее, знае да натажи. Многу ми се допадна филмот "Click". Ја имаше таа глума карактеристична за него. Има повеќе улоги во филмови како недозреано дете ама мораме да признаеме дека му годат тие улоги. :) Во мометнов не ми текнуваат насловите на филмовите во кои Сендлер ги има тие улоги ако може некој нека ме дополни.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Интересен актер... комедичар и заводник :)
Ми се свиша неговиот стил на глума, можеби не е толку подвижен и жив и изгледа малце дебилно ама пак е доста интересен за гледање, а пак има доста позитивна енергија која ја прача на гледачите и знае доста добро да ги насмее а пак тој самиот да не се смее за тоа xD
Сите го знаемо по неговиот филм Happy Gilmore,доста интересен филм во кој го запознав овој глумец и неговите актерски способности :) , а пак во The Longest Yard во кој пак е спортист и сака да победи, во кој филм поентата е да се обидете и не е важно ако изгубите туку важна е честа и убавата одиграна игра, во кој филм главен во затворскиот рагби тим е самиот Адам Сендлер :) , а пак во 50 First Dates ja има улогата на заводинк и голем љубовник но пак не ја изгубува некова смисла за хумор и не остана публиката ненасмеана :) , последен и филм во кој највеќе побликата се запозна со него е филмот You Don't Mess with the Zohan филм во кој тој самиот се нема ниеднаш насмеано ама пак затоа гледачите ги насмеа до солзи :)
 

klime7

vending
Член од
6 ноември 2007
Мислења
1.241
Поени од реакции
52
Адам Сендлер е еден од оние глумци кои не можам да ги замислам во некоја сериозна улога, со самата негова појава ми доаѓа да се насмеам:). Иако ми делува многу наивно го почитувам како актер затоа што ми е забавен за гледање. The Waterboy (1998) ми беше прв филм на кој што го видов, тогаш тој тип на глума ми беше навистина откачен, наивнен и припростичок :icon_lol:
Други филмови кои ми оставиле впечаток се Mr. Deeds (2002) и одличниот Anger Management (2003) во кој е малце засенет од стариот волк Џек :icon_lol:
Горе-долу солиден актер со добра кариера досега :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Aх... сите зафатени за изборите, ние менуваме актер.
Дензел Вашингтон
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ден за обука ми е најдобар филм од Дензел вашингтон и за чудо му имаат дадено оскар за таа улога. Обично јас и чуената академија немаме исти вкусови за добар филм, ама со филмов не е тоа случај.
Еве уште една легендарна сцена од филмот.
 

Fama

Bombin' thru the speakaz
Член од
10 февруари 2009
Мислења
518
Поени од реакции
19
Дензел Вашингтон.. човеков вреди за почит. Ни еден филм во кој што глулмел не е пропала инвестиција. Од многуте негови филмови јас би го издвоил ''Deja Vu''. Многу добар филм.. ви го препорачувам да го погледнете, нема да зажалите.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Дензел Вашингтон ... фаца чуек :)

Има доста добри негови филмоој, ама пак ја би го издвоим мојот фаворит ...Training Day , во кој го покажа неговиот талент за глумења на негативец и мафијаш :) , не може да го покаже неговиот целосен талент во позитивец и појче му лежат такви улоги како негативец :) ...инаку движењата не му се некои доста брзи и изгледа малце мрзиливо и не е некој експлозивен но не значи дека не знае да избувне на некои сцени :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom