Кој филм/серијал е подобар и зошто? A Quiet Place v. Bird Box

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Штета, голема штета што овој извонреден глумец отиде прерано, можеше уште многу да се докажува. Иако зад себе нема некоја богата кариера, филмовите во кои има глумено стварно вредат. Невиден млад талент кој одлично се снаоѓаше во секакви улоги.

Не обожавам многу филмови од типот на The Dark Knight, па поради тоа овој филм го гледав ради Heath и дефинитивно не згрешив. Се надевам дека ќе добие Оскар за улога во филмов.

Улогите, пак, во Casanova и 10 things I hate about you, се како создадени за него.

R.I.P. :(
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Го обожавав.Толку ми е жал што прерано умре, што можеше да направи невидена кариера, иако веќе ја имаше.Сеа, сите кажувате за The Dark Knight,да тука прекрасно глуми.Неверојатно му даде поинакво светло на Џокер, но најубав филм ми е 10 thing I hate about you. Уште во 4 одделение го гледав овој филм и премногу го засакав, како глумец.Прекрасен е во тој филм.А и еден од неговите омилени филма, во кој он глуми ми е The Four Feathers.Кажано, сите филма му се топ.Секој лик го глуми топ
R.I.P.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
штета беше многу згоден, јас го паметам од филмот- Десетте нешта кои ги мразам кај тебе , тогаш се вљубив во него:smir:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Се мислев...се мислев, дали да сменам актерка или актер. Ама на крај испадна да сменам во игран филм:). Филм кој од аутсајдер ги собра повеќето награди на фестивалите, а се бори и за оскар.

Многумина сте слушнале за него, ви имаат кажувано сигурно како предлог. Го гледаа повеќе членови овде, затоа отворив и еднонеделна дискусија.

Сега кога го имаме знакчето SP за спојлери, можете и да ги пишувате овде. (ако не знаете каде е знакчето, се наоѓа во Напреден уредувач)
Ќе напишам јас покасно рецензија, сега ќе го менам насловот да имаме нов топик за оваа недела.

Slumdog Millionaire (2008)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
За почеток ќе се цитирам, пошто немам време за поопширно, а деновиве ќе пишам уште нешто за филмот:

Slumdog Millionaire (2008)

Е ова е филм! И време беше да се види нешто што навистина е добро.

Животот на сиромашниот и необразован Џамал кој се бори да стане Милионер на познатиот квиз, при што е обвинет за лажење и измачуван во една полициска станица во Бомбај. Вистинска и страшна животна приказна исполнета со беда, мизерија, несреќа, болка, страдање... и љубов!

„Џамал Малик е на едно прашање од можноста да стане милионер. Како му успеа?

А. Со измама
Б. Имаше среќа
Ц. Тој е генијалец
Д. Така било пишано


Не пропуштајте. Од мене, чисти 10/10. Ремек - дело.
 

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Браво

Одличен филм. Секоја чест и на режисерот и на сценаристот и цела компанија. Добра приказна која вреди да се преточи на фимлското платно. Како ли само успеале да го снимат на сите тие локации. Поштено си зема златна палма. :smir:

10/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Реков, златното човече според мене се врти околу ''Милионер од гетото'' и ''Необичниот случај на Бенџамин Батон''... но ова е стварно ремек дело...

Инструменталите, глумата, убавината на главниот женски лик Латика :pipi::pipi:

Мојот конечен одговор:
Д. Така било пишано

Ништо чудно, ако не собере многу златни човечиња :smir:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Slumdog Millionaire



Многу дискутиран филм на форумов, можеби и тоа беше главната причина поради која се одлучив да го гледам. Одамна немав гледано така квалитетно изработено нешто, феноменално. Спој на сиромаштија, пари, копнеж, љубов, глад и верба, апсолутно одлично склопена приказна. Одличен избор на глумци, предизвик и напнатост. Едноставно must see филм. Оценка 10/10 без никакви дилеми.
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
Штотуку завршив со гледањето му. не знам како да ги опишам онаа циганштана, беда, среќа, упорност, искреност, наивност, гомна, ќотек, добрина, под А, љубов...
Дефинитивно ова беше тип на филм кој ми требаше во моментов, филм кој ќе ме одалечи од типично англсико/американските крајм/комеди/трилер секојдневие. Не ми е јасно зошто по нетов, па дури и тука се дискутира дали и колку оскар/и ќе освој?! Според мене најбитното е што сигурно за филмов ќе се зборува и ќе остане врежан во класиците наредните 10, 20, 30 години... Го препорачувам на секого, ова стварно вреди да се погледне. Вреди да се види како со анонимна актерска екипа (уф каква е Латика ко голема) може да се остане залепен за екранот близу 2 часа, а патем да се дознае многу за земја со миљарда и кусур жители. Единствена забелешка: не мораше на крај тоа танцот на двајцава, ама добро тоа е трејдмарк за индискиот филм.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.529
Поени од реакции
2.678
Го гледав филмот завчера сам и денес го гледав со моите на двд.Едноставно преубава приказна.Кога гледам како луѓето во светот патат и се соочуваат со страшни проблеми уште како мали деца без мајка и татко си викам на себе какви кукавици сме се жалиме за банални глупости и не ги цениме работите што ги имаме.Знам дека постои изреката "Не влегувај у филм" ама некако кога гледам дека на крај како се најдоа Џамал и Латика и после толку години си викам со свој памет сеуште постои нада за некој работи колку и да изгледаат безнадежни.Најомилена сцена дефинитивно на крај кога Џамал ја бакнува Латика место во уста он ја бакнува во лице на местото каде што ја исекоа со нож додека сакаше да избега со него кај железничката.Емоционално ме погоди ми се насолзија очите (емотивна душа јбг :) ).Одвај чекам филмот да излезе на Bly-ray :)
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Модерна бајка со премногу жар, гнев, злоупотреби, гомна и емоции во себе. Не може да не ве допре оригиналната приказна проткаена со вечната нишка на класната раслоеност, стереотипите, животот надвор од нашите удобни кревети со постелнина извезена со розови ружи. Длабок восхит и неколку солзи откинати од срце - тоа е она што јас ќе го кажам за филмов. Боже, колку годи да се разнежниш под дејство на толку измешани емоции на лицето на Џамал од кои најсилната е несомнено душевната болка. Како божем очите му се стаклени и како од нив да можеш да ја прочиташ целата тежина и сите дилеми насобрани во младото главче.
Употребив краток опис - модерна бајка, ќе се навратам на него заради моето доживување на филмот како примарно љубовна приказна. Доказ за нескршливоста на верата и храброста на оној кој навистина сака нешто од срце. Да имавме сите во животов барем третина од неговите надежи и страсти....
Ќе се надоврзам на претходните постови, 2 прекрасни саата без желба да се отргнам од екранот во исчекување на исполнување на мечтите на Џамал и хепиенд на бајката. 2 прекрасни саата со анонимни, ама феноменални глумци. Се надевам некој ќе се погрижи децава да го пронајдат вистинското место под сонцето.
 
K

kaiser soze

Гостин
Пред да го гледам,еден пријател кој веќе го изгледал филмот ми рече дека е добар,но е за класа послаб од друг голем филм на Дени Бојл "Trainspotting".Сепак после гледањето,апсолутно не можам да се согласам со тој став.Филмот е една извонредна приказна за момчето кое поминува низ многу перипетии и бариери во животот,а живее за љубовта кон неговата Латика.Соочен со прашањата од квизот,кои всушност Џамал ги учел во неговите животни патешествија и авантури,може да се забележи и целата беда,верска нетрпеливост,детската злоупотреба која се случува во неговата земја.
Иако голем дел од актерите во филмот се почетници,нивната ројла во нкој случај не ја поматува генерално одличната оценка за филмот.Напротив,секој си ја одиграл улогата како што треба.Музиката во филмот е исто одлична и доста впечатлива.Генерално одлично филмче со извонредна приказна и порака.Еден од моите фаворити за изминатата година.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Пред да го гледам,еден пријател кој веќе го изгледал филмот ми рече дека е добар,но е за класа послаб од друг голем филм на Дени Бојл "Trainspotting".Сепак после гледањето,апсолутно не можам да се согласам со тој став.Филмот е една извонредна приказна за момчето кое поминува низ многу перипетии и бариери во животот,а живее за љубовта кон неговата Латика.Соочен со прашањата од квизот,кои всушност Џамал ги учел во неговите животни патешествија и авантури,може да се забележи и целата беда,верска нетрпеливост,детската злоупотреба која се случува во неговата земја.
Иако голем дел од актерите во филмот се почетници,нивната ројла во нкој случај не ја поматува генерално одличната оценка за филмот.Напротив,секој си ја одиграл улогата како што треба.Музиката во филмот е исто одлична и доста впечатлива.Генерално одлично филмче со извонредна приказна и порака.Еден од моите фаворити за изминатата година.
Ма каков Trainspotting. Тој филмот за наркоманите си е добар за тоа што е, но не може никако да се споредува со оваа преубава, во исто време тажна и среќна приказна. Slumdog веќе ми е фаворит за Оскарот, иако се плашам дека академијава ќе се сврти кон нивниот типично холивудски продукт Benjamin Buttons. Нема да им е првпат да ја утнат работата, иако сеуште се надевам дека овојпат нема да биде така.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
И јас конечно да го гледам филмов! Го премислив до вчера, дека читав само убави коментари тука. Да се сложам на почеток, филмот е феноменално ремек дело!:pipi:
Не верував дека во еден филм кој е номиниран за Оскар ќе најдам така посебна и нова тема, а и толку возбуда. Се забележав на самиот крај како седам здрвена, како не сум запалила цигара повеќе од еден час и скоро не дишев.
Навистина ми е чудно како може аматери да си ја завршат својата работа така. Посебно децата ... тие се неповторливи. Се надевам како и Лана, дека ќе бидат искористени нивните способности и ќе си го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е многу!
А приказната ... ах приказната. Толку чисти срца, со толкава надеж и љубов во нив, со толкава истрајност низ се` со дигната глава. Можеби и толку убаво и реално се доловени сите тие работи токму затоа што ги глумат аматери, кои не сме ги гледале во секакви блескави светла пред тоа. Изгледаат премногу обично и природно, па не може никого да остават рамнодушен. Добро, очигледно може ... типот кој мисли дека Треинспотинг е подобар филм од овој.:nesvest:
Музиката во филмот исто така премногу ми се допадна и ептен одговара секоја песна во секој момент. Посебно делот кога игра малата т.е. втората Латика ... насиље!:vozbud:
Во секој случај, покрај уживањето кое ни го нуди цели два часа, филмов ни дава и поуки, кои би било добро да ги искористиме колку што можеме. Да не се срамиме од тоа што сме, да се снаоѓаме без откажување после секое паѓање, некогаш да веруваме и во судбина, како и да научиме да сакаме и кога ќе си ја најдеме вистинската љубов никогаш да не се откажуваме од неа!
Толку.

п.с. За да не пишувам за истиов филм и долу, ќе го оценам тука со чиста и дебела 10-ка.
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Филмот заслужува оскар според мене,вчера го гледав и ми остави многу добар впечаток,секоја чест за глумците и режисерот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom