- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Тоа и мене ме нервира да бидам искрен, но тоа не е дијалект.Епа тоа јас што пишав е од малолетници. ПослеМ е од малолетници. . Тоа ме нервира. Не дискутирав за 20-30 и тако даље годишњаци.
Епа тоа е меродавна институција, битолска асистентка, нормално...Sebastian напиша:Во скопскиот (со „К“, не со „Ќ“).
На факултет еднаш дури и се скарав со една професорка заради овој збор. Ми вика литературен е, (се однесуваше на „крпа“), ја и’ викам не е, и после дојде асистентката (битолчанка) и „пресуди“ дека не е.
Инаку не ме нервира ниеден дијалект, напротив сите ми се интересни, освен шмизличко-скопскиот (Скупја, лилаааа, пеер.....), а старо-скопскиот ми е, исто, интересен - „пееВа“, „пиеВа“, „тоВа“...
Туку, и крпа, и пешкир (со К) и ред други зборови, можеби немаат чисто македонско потекло, но се користат во нашиот јазик и се прифатени како македонски зборови. Во спротивно литературниот јазик би ни бил за нијанса посиромашен.
А за скопските дијалекти, можам да кажам дека тој тинејџерски не го сакам, а оној стариот скопски има свој шмек но повеќе ми се допаѓа урбаниот, модерен скопски јазик, кој се одликува со течност и оддава интелигентен призвук. И не, во него нема пеер43, пун к*р сељаци и слично... има стил, сленг, флоу, одлика на модерни луѓе кои го сакаат и почитуваат тоа што се, и не се срамат тоа да го покажат ниту имаат потреба да се правдаат за начинот на кој се однесуваат и зборуваат. Има став.