Ако не се лажам на Discovery Science се емитуваше серијал со наслов Critical Eye. Една од дилемите за кои расправаа беше и настанувањето на мега градбите од типот на пирамидите, Стоунхенџ и сл. Едно од најдобрите објаснувања беше следново (парафразирам) - ’Доколку мислиме дека луѓето немале ништо направено претходно и одеднаш ги изградиле пирамидите - тогаш тоа навистина е во најмала рака чудно - но стотици години пред изградбата на големите пирамиди постоеле видни луѓе и тие умирале па почнале да се копаат во маста’аби, мислам дека првата позната е на првиот владетел на Египет - Именотеп, па кога почнале да ги ограбуваат гробниците почнале да ги заградуваат, по што неможело да се забележат градбите па на маста’абата додале уште една и уште една и уште една по што владетелот од петата династија Кефру ја добил најголемата пирамида - денес позната како Кеопсова пирамида.’
Значи доколку денес ги уништиме сите докази за технолошкиот напредок од средиот век па се до ден денес и никој не се обиде да испита како во 500 години сме напредувале навистина ќе донесе правичен, иако неточен, заклучок дека за да се напредува од коњска кола до Space Shuttle е невозможно без туѓа помош.
И конечно паметни луѓе не постојат само денес, постоеле и пред 100, 1000 и 10000 години, и токму тие луѓе и нивната имагинација, и она што на англиски се нарекува "thinking outside the box", придонесуваат за постојаниот развој на општеството.