Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Речено сторено. Предлогот на Red John се прифаќа (па мислам човекот игра една од улогите во серииве :D )

Значи дечки, две серии кои имаат многу сличен концепт, одат на психолошки аспект преку кој се открива криминалецот.



VS



Ајде да видиме, кој сметате дека е подобар во разоткривањето, односно кој лик е покомплетен Патрик Џејн или Кал Лајтман? Кој повеќе ви се допаѓа во својата игра?

Друга работа, секоја ваква серија има неколку споредни ликови кои ја сочинуваат останатата актерска екипа, па која од нив сметате дека подобро си ја врши работата?

Заслужи ли Lie To Me да биде откажана и наспроти тоа дали Mentalist заслужи да тера до волку сезони?

Која серија е вашиот фаворит?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тежок избор, но за нијанса повеќе ми се допаѓаше Lie to me и жал ми е што ја откажаа, иако реално последната сезона ептен беше просечна, не беше тоа тоа. Mentalist ми е супер, Патрик Џејн го обожавам, но едноставно Лизбон некако не ми се допаѓа, некако бледо ми глуми, како да ја мрзи што е таму... што знам, уште од самиот почеток некако не ми остави впечаток, а искрено и останатите споредни ликови не ми се нешто посебни, за разлика од Lie to me каде и споредните ликови си имаа некако шмек.

Инаку во Lie to me ми се допаѓа, посебно во првата сезона, што на некој начин се објаснува што видел, како видел и по што познал дека е така, за разлика од Менталист, каде што Џејн кажува што забележал, ама ние не знаеме што забележал или како го забележал истото. Некако повеќе со примери ми беше Lie to me и човек кој воопшто не се разбира некако полесно ќе се снајде.

Да не се разбереме погрешно, одлична серија ми е Mentalist си ја гледам редовно, ама Lie to me секогаш ќе ми биде во срцето. Tim Roth и Simon Baker ептен ги сакам, ама Tim Roth со акцентот плус е некако повпечатлив. (Иако и Simon има акцент, пошто е од Австралија, ама на жалост тоа не се приметува во серијата :place: )

Затоа реков, овде во овој случај нијанси одредија кој ќе го изберам за мој фаворит.

Значи сума сумарум мојот глас оди кај Lie to me.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Споредбава е небо земја дефинитивно Lie to me. :icon_mrgr:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.690
Поени од реакции
34.204
Па.. општо земено да држеш стално просек без лоша или без прејака епизода е лошо според мене. Како Менталист. Ама видовме ѕверски епизоди, т.е и цела ѕверска прва сезона од lie to me, ама кај 4та сезона веќе беше толку срање што искрено првпат поддржувам укинување на серија. Така да, во случајов константноста во Менталист е позитивна ствар. Tim Roth > Simon, али ипак, во целина, Mentalist.

P.S glas za Filadelfija, ne sum pisal, sram me bilo.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.192
Поени од реакции
10.214
И двете серии ми се добри. Менталист е повеќе забавна и Џејн прави доста смешки додека втората е малку посериозен пристапот на актерите. Lie to me само првата сезона ја следев, додека Менталист моментално ја гледам и само поради фактот дека секоја епизода на Менталист ме смее барем по еднаш, гласам за неа и Патрик Џејн. :)
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.500
Поени од реакции
3.319
Lie to me, samiot fakt deka ja zabranaja ukazvit za kolku mokna serija se rabotese
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
The Mentalist заради Џонија и неговата мистериозност.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајде вака.
Прво, Lie To Me ми ја испофалија многу луѓе. Најчест коментар кој го слушав беше, ау првата сезона, ептен е јака. И еве ја изгледав прва сезона и стварно не знам што е толку јако. Искрено ништо посебно не ме импресионира (добро Тим Рот е цар), мислам на приказните кои се одвиваат. Воопшто не се привлечни, дури ми се случува, си тече епизодата, сурфам на нет во меѓувреме, а на слушалки го слушам муабетот од што ме фаќа сафра да зјапам во екран на моменти.

Е со The Mentalist никогаш ми се нема случено тоа, башка серијата има хумор. Има една лабава нота, која многу ми се допаѓа. И секако Патрик Џејн, прекрасно смислен лик и уште подобро смислена бркотница со серискиот убиец Ред Џон. И самите епизоди ми се допаѓа како се осмислени. Макар што секако во толку сезони има тотално просечни епизоди што нема многу да ве заинтересираат. Ама финалињата на 2 и 3 сезона се фантазија. Еве кај Lie to Me завршува прва сезона, ама никаква промена како за финале, нити некое дејство кое знаеш дека ќе се префрли во наредна сезона. А тек па ако станува глупа понатака ко што вика Џими, ондак што да каже човек.

Значи мојот глас оди за The Mentalist во секој можен аспект, од главен лик, до сценарио и споредни улоги.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не знам како има толку членови без вкус.

Чистата споредба на човек што манипулира, прави грешки и прати све живо и диво со човек што чита лица и однесувања е небо и земја. Првата сцена од The Mentalist е подобра од цела Lie to Me. Беше интересна Lie to Me како концепт, само што Mentalist е три пати поголем концепт.

Да не збориме за еволуцијата на епизодите, на почеток почнуваат со полајт загатки и епизоди, па потоа се покомплицирани и покомплицирани стануваат, бидејќи сценаристите свесно знаат дека гледачите стануваат како Патрик додека ја гледаат епизодата.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Мојот глас иде за The Mentalist.
Патрик Џејн ми е прекрасен лик, шармантно и кул типче со одлична смисла на хумор. И останатите ликови се толку симпатични, да просто мораш да ги сакаш. Тачно дека епизодите идат шаблонски, ама приказната за Џејн и Ред Џон задржува внимание, само може не требаше да ја одолговлечат толку. Веројатно најубаво ќе беше да се заврши со трета сезона. Прекрасна сцена!
Lie to me ми е изгледана прва сезона, за втора стварно не ми текнува дали уопште ја почнав или ја баталив негде на средина. Имаше јак концепт, ама стана напорна и досадна. Сега не ми ни текнува дали и имаше некоја позадинска приказна. Единствено нешто на што ми текнува кога ќе се збори за оваа серија се Тим Рот и песната Brand new day.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ни една ни друга не ми се посебно омилени, така да ќе се воздржам од гласање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom