Џејмс беше единствен од америте кој играше на високо ниво на цело првенство, и под високо ниво не подразбирам шутирање на тројки од секоја позиција... Подаваше и ги разигруваше „тројкашиве“, се бореше под кош, погодуваше, правеше доста притисок во одбрана, последнава година многу созреа, во Мајами конечно ја презеде одговорноста во свои раце и ете кај стигнаа. Имаше одлична сезона и во NBA, а и на Олимпијада. Единствен од Америве кој играше со срце на Олимпијадата, а не колку да изигра и да освои само злато. Не сум фан ни на Коби, ни на ЛА, ама некако сум разочаран од неговата игра, посебно поради тоа што постојано потенцираше дека ОИ се битни, но сепак браво за него, можеше да се види по терените како прати и други спортови што е за пофалба. Околу тимот на америте и споредбата со дрим-тимот од 92... мислам дека е смешно да се прават вакви споредби, тој тим на секоја позиција имал најмалце 2 класа играчи, на некои позиции и три... Од овој тим само Џејмс, Брајант, Ентони и Дурант се на нивно ниво, другиве не се лоши, ама смешно е да се споредуваат со такви легенди. Овој тим би изгубил 20 разлика од тимот од '96, а тимот од '92 e недопрлив. И не знам што ќе прават во иднина Америве на центар, единствено Хауард, немаат веќе голем избор на центри како Шек, Морнинг, Мутумбо, Робинсон, Јуинг, вчера ги уништија во рекет. Исто така, како најголема предност на америве беше шутот за три, не поради тоа што тие се ѕверови за три, туку поради тоа што тројката е пола метро поблиска според правилата на FIBA, па така им испаѓаше како да шутираат двојки... Затоа растурија, мислам дека друга ќе беше приказната ако тројката беше на иста дистанца, а веројатно тоа го сфаќаат и од FIBA. Овие ОИ паѓањето на дрим-тимот беше блиску, се надевам дека на наредното СП истото тоа и ќе се случи.