Кошарка, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Америка руши рекорд на дрим тимот.Литванија ја тепа Америка.Македонија ја тепа Литванија.
Перо/Бошко/Владо/Војдан/Ѓорѓи=Дрим Тим :ROFLMAO:

А овие Америве немаат ни Д од Дрим Тим.Незнам зошто ги споредуваат со дрим тимот. Овој тим е премногу самобендисан.
Коби оваа сезона сам играше во Лејкерс.Леброн мораше да свика емисија за да ја соопшти одлуката каде ќе прави трансфер.Двајт цело лето држ недај дали ќе си иде или не.
Дрим тимот беше ТИМ пред се а не група на индивидуалци.
Си го гледал ти дрим тимот, па знаеш какви биле:icon_lol:
 
R

Rigel Kent

Гостин
Nema stotka za Amerikancite , inaku mnogu lezerno vlegoja na mecot . Ne e silata da ja napolnis Nigerija tuku da uspees toa da go napravis so nekoja evropska ekipa.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Литванија:cuc:свака час за борбеноста и играта што ја покажаа,во ниту еден момент не покажаа страв од американците.Ама сепак не беа доволно концентрирани у завршницата,со 20 изгубени топки тешко можеш да се надеваш на победа.Ова беше добра лекција за америве,дека и другите играат кошарка,и дека нема така лесно да стигнат до златото.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.827
Поени од реакции
12.270
Го добија дуелов америте благодарение на изгубените топки на литванците и офанзивните скокови. Вака тешко со Шпанија или Русија.
Имаат два проблеми америве: Прво не се некако воиграни туку одат индивидуално. Второ премногу се самобендисани и го потценуваат противникот
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Америве можда се пресилни офанзивно... ама не знаат да играат одбрана и тоа скапо може да ги чини против европските тимови и Аргентина... Ете, втор посериозен меч (после оној со Франција) и се изнамачија. Мислат ова нигеријците се, ќе ги оставаат да шутираат како на тренинг.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А кога имале одбрана Америте? Европската кошарка и одбраната која се практикува е многу различна сега со новите правила полека се изедначува и може да се каже дека со тек на време и те како се повеќе европски екипи кои ќе го прифатат тој брз баскет индивидуален без тактизирање и тоа како ќе им парираат се повеќе на Америте... Русите и Шпанците се махери за класна одбрана.
Пример ние во вакво брзо темпо дали четвртина ипол ќе тераме кај нас се знае спор напад до бескрај и до 60 коша ако влезат добро ќе биде. Тоа веќе не проаѓа во баскетот.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Америве можда се пресилни офанзивно... ама не знаат да играат одбрана и тоа скапо може да ги чини против европските тимови и Аргентина... Ете, втор посериозен меч (после оној со Франција) и се изнамачија. Мислат ова нигеријците се, ќе ги оставаат да шутираат како на тренинг.
Има разлика од не знаат и не се замараат со одбрана, затоа што знаат дека офанзивно се подобри од секоја репрезентација.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
А кога имале одбрана Америте? Европската кошарка и одбраната која се практикува е многу различна сега со новите правила полека се изедначува и може да се каже дека со тек на време и те како се повеќе европски екипи кои ќе го прифатат тој брз баскет индивидуален без тактизирање и тоа како ќе им парираат се повеќе на Америте... Русите и Шпанците се махери за класна одбрана.
Па не кажав дека некогаш имале одбрана :) Реално големи се шансите првиот меч на кој ќе ги спуштат под 90 поени да го загубат. Не го гледав многу мечот, ама денес ги уништија во рекет, а Русија и Шпанија се уште подоминантни во тој поглед.
Има разлика од не знаат и не се замараат со одбрана, затоа што знаат дека офанзивно се подобри од секоја репрезентација.
Да се замараа со одбрана никогаш немаше да бидат така доминантни во напад ;)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Има разлика од не знаат и не се замараат со одбрана, затоа што знаат дека офанзивно се подобри од секоја репрезентација.
A одбраната е најдобар напад.
Малце појака одбрана против америте и ги видовме како се понашаат, играат кошарка на сила, можеби офанзивно се моќни, ама дефанзивно се далеку од тоа.
Ќе видиме со Русија и со Шпанија како ќе одиграат.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Па не кажав дека некогаш имале одбрана :) Реално големи се шансите првиот меч на кој ќе ги спуштат под 90 поени да го загубат. Не го гледав многу мечот, ама денес ги уништија во рекет, а Русија и Шпанија се уште подоминантни во тој поглед.

Да се замараа со одбрана никогаш немаше да бидат така доминантни во напад ;)
Па да де, идат на карта да дадат повеќе коша од противникот, а не да примат помалце.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Америве треба да им кажат фала на Литванците за лекцијата што им ја дадоа на време.Со вакво потценување на противникот може да се случи да го изедат од Шпанија/Русија и да му кажат чао-чао на златото.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.772
Поени од реакции
11.790
Може некој да стави линк од статистиката за УСА?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.948
Поени од реакции
116.488
Многу ме изнервираа Америве што со глава кроз ѕид одеа. Форсираа ко сивоњи еден на еден, нешто што највеќе мразам. Им се поклопија коцките иначе ќе изгубеа гарант. Кевин Лав напраи еден фаул у напад а не му го свирнаа и после тројката на Дерон ги уништи Литванците, тука се одлепија Америве иначе све беше могуче.
Поентата не ми е да кажам дека Америка се слаби, далеку од тоа, најјаки се, прејаки, ама денеска многу ме изнервираа поради тоа што форсираа без везе. Па кога гледаш дека играат зона не играј со сила еден на еден, движи ја топката, разигрувај малце. Али нека им биде за памет ова, вака против Шпанија или Русија кои особено се јаки во рекет и можно е да го јадат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom