Кошарка, Лондон 2012

Статус
Затворена за нови мислења.

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ако изгубат денеска Шпанците треба да ги дисквалификуваат, како што се случи тоа со тие во Бадмингтон. Калкулации се забранети на ОИ...;)
Демек Бразил преголем аутсајдер и во случај да победи ќе биде сензација.Русите да не ја дадеа тројката во последни секунди Бразил ќе имаше скор 4-0.Може оваа група е далеку послаба од другата но Бразилците не се сепак до толку аутсајдери да победа вечер би било преголемо изненадување.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Сад Аустралија четвртфинале ќе биде ренде. Русите со Литванија може и да го јадат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Им тргна на двете, ако продолжат вака и САД и Аргентина над 100 ќе имаат
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Америве очај во одбрана а во напад ако не им оди сјајно, немаат некоја посебна тактика, него фати топка Коби или Џејмс и оди сам...:facepalm:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Кај и да е Америве на игриве ќе го јадат... прашање е само кој ќе биде среќниот добитник. Изгледа дрим тимот не е ни блиску на оној од '92, или па другиве екипи не се толку за нигде.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Шпанците треба да добијат медал...да.да заслужија.....за НАЈГОЛЕМИ МЕСТАЧИ!!!
Па после ќе речи некој само Италијаните местеле,Победа местела....море мрш таму.....:D
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Сеа у второ ќе го јадат дебело Аргентинциве...:D
--- надополнето: 7 август 2012 во 00:36 ---
Тоа е таа игра 20 разлика за една четвртина, ама очигледно не сакаат да се форсираат цел натпревар во одбраната. Инаку Дурант како пуца бреее...:cuc:
 
А

Анноун

Гостин
42 поена на дрим-тимот во 3/4 четвртина против Аргентина. Не е мала работа . SICK !
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Факт е дека имаат неверојатен индивидуален квалитет, физички се поспремни од сите репрезентации заедно, неколкумина од играчите и долго играат заедно за селекцијата... Ама немаат ниту една уиграна акција, ако не им тргне шутот се готови иако имаат еден куп шутери. И тешко некој да ги победи на ваков начин како што се обидоа Литванија и Аргентина, Америве можеш да ги добиеш само со добра одбрана доколку не им тргне шутот, тешко да ги победи некој натпревајувајќи се само офанзивно. Исто, мислев дека Крижевски е далеку подобар стручњак, ама изгледа им е само како маскота во тимот, иако е најспешниот колеџ тренер во историјата на NCAA, сепак ми се чини дека нема доволно авторитет.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Јас уште сега ќе кажам дека овој тим на САД може да изгуби до крај на првенствотото. Ептен лоша одбрана играат. Да им се погоди некоја екипа со добра одбрана и да им тргне шутот ќе изгубат Америве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom