Трампа Њу Орлеанс - Шарлот
Екипите на Шарлот Бобкетс и Њу Орлеанс Хорнетс направија размена на играчи во која Емека Окафор мина во редовите на Њу Орлеанс, додека Тајсон Чендлер од следната сезона ќе го носи дресот на Шарлот Бобкетс.
Окафор има подолг договор, но и двајцата имаат слични примања од околу 12 милиони долари по сезона. И Окафор и Чендлер имаат по 26 години и беа избрани како втор пик на драфтот. Окафор влезе во НБА лигата во 2004 година, додека Чендлер во 2001 година.
Минатата сезона Окафор го продолжи договорот со Бобкетс на шест години за сума од 72 милиони долари. Просечно постигнуваше по 13.2 поени и 10.1 скока на натпревар, но и често беше повреден.
Тајсон Чендлер во минатата сезона оствари просек од 8.8 поени и 8.3 скока на натпревар.