Кошаркарски актуелности

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Британците без Денг и Гордон

НБА кошаркарите Луол Денг и Бен Гордон нема да бидат дел од репрезентацијата на Велика Британија на Европското првенство во Полска.

Денг реши да не ризикува, бидејќи се уште е во фаза на рехабилитација по повредата на десната нога, која го оддалечи од теренот од февруари оваа година. Ниту Бен Гордон нема да игра на Евробаскетот, бидејќи го промени клубот, од Чикаго се пресели во Детроит и сака што повеќе да се прилагоди на новиот тим и соиграчите.

Велика Британија на ЕП се наоѓа во група со Србија, Шпанија и Словенија.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.531
Злато вреди тој играч.Ако му се даде шанса како стартер стигнува до дабл дабл учинок.Како фан на ЛеБрон до ден денес ми е криво што Кливленд го трампаше.Тогаш Кливленд ги даде и него и Лери Хјуз за непокретниот Волас.Јас малку отидов но зборот ми беше не заслужува да биде така третиран за две години да смене 5 тима...Кливленд,Чикаго,Сакраменто,Сан Антонио и Далас

Dru е добар, али на таа позиција Кливленд го има Varejao, а Хјууз беше глуп туп и неупотреблив, таа трампа на почеток изглеаше паметна за Lebronsi, али јебига кој знаше дека Бен ке се посере :toe:
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Белинели во Торонто Рапторс

Раководството на Торонто Рапторс постигна договор со првите луѓе на Голден Стејт Вориорс за трансфер на младиот Италијанец Марко Белинели.

Во размената во тимот од Оукленд ќе се пресели ветеранот Дивејн Џорџ. Белинели е 195 сантиметри висок бек поентер, кој зад себе има две сезони во НБА лигата, а во минатата имаше просек од 8.9 поени, 1.7 скока и 2.1 асистенции по натпревар.

Триесет и двегодишниот Џорџ веќе десет сезони е дел од НБА лигата и во својата кариера на 585 меча има просек од 5.5 поени, 3.2 скока и 0.9 асистенции на натпревар.
 

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.984
Поени од реакции
23.185
Еве на македонски...


Лејкерси го задржуваат Одом
Слободниот играч Ламар Одом се согласи да потпише четиригодишен договор со досегашниот клуб ЛА Лејкерс вреден 33 милиони долари.

Портпаролот на клубот Џон Блек потврди дека Одом ќе остане во Лејкерси, но не ги објави деталите околу договорот. Одом веќе десет години е во НБА лигата, а минатата сезона имаше значаен удел во освојување на 15 титула на Лејкерси. Како резервен играч Одом имаше просек од 12.3 поени, и 9.1 скока по натпревар во разигрувањето.

Тој беше на чекор да замине од ЛА и да се пресели во Мајами Хит. Со ова Лејкерси предводени од Брајант, Гасол, Фишер, Одом и Артест се главни фаворити за титулата во Западната конференција и одбрана на трофејот.
 
Член од
2 јануари 2008
Мислења
440
Поени од реакции
93
Kennedy Winston поранешниот играч на Panathinaikos i Real Madrid ќе игра во Lottomatica :helou:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Олимпијакос му нуди 10 милиони долари за 2 сезони на Ален Ајверсон . . .

Примож Брезец ќе ги засили центарските редови на Филаделфија . . .
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.984
Поени од реакции
23.185
Олимпијакос му нуди 10 милиони долари за 2 сезони на Ален Ајверсон . . .

Примож Брезец ќе ги засили центарските редови на Филаделфија . . .


Не ми се верува дека Ајверсон ќе сака да оди во Олимпиакос..И се повеке верувам дека ќе заврши во Клиперс..
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Олимпијакос му нуди 10 милиони долари за 2 сезони на Ален Ајверсон . . .

Примож Брезец ќе ги засили центарските редови на Филаделфија . . .
Колку за споредба..колку ќе земеше за две години ако се договореше со Клиперси или Никси..
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Колку за споредба..колку ќе земеше за две години ако се договореше со Клиперси или Никси..
Точно, ама мислам дека грците ќе се залетаат уште повеќе и ќе плукнат уште некое милионче . . . Е после тоа би сакал да видам дали нема да прифати Ајверсон . . .

За лудоста на газдите на Олимпијакос зборев порано, толку погрешни потези да се прават за толку краток период ми е несфатливо . . .
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.531
Олимпијакос му нуди 10 милиони долари за 2 сезони на Ален Ајверсон . . .

Примож Брезец ќе ги засили центарските редови на Филаделфија . . .

Грците му нудат 10 мил ПО сезона

Колку за споредба..колку ќе земеше за две години ако се договореше со Клиперси или Никси..
7-8 мил по сезона највише


Али он рече ако не добие понуда од тим што има плеј-офф амбиции ке остане уште годинава у Детроит да го одработи договорот, али ја мислим дека у Мајами ке заврши
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Започнуваат додатните квалификации за ЕП, а за едно место ќе се борат 6 селекции . . .

Во групата А ќе играат БИХ, Португалија и Белгија, а во групата Б ,Франција, Италија и Финска .

Победниците на групите во меѓусебна мајсторка ќе одлучат која репрезентација ќе остане во Полска и ќе им се придружи на останатите 15 екипи . . .

Победникоте ќе игра во групата Б, во која се наоѓаат шампионот Русија , Германија и Летонија . . .
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Суспензија за Рашард Луис
Крилниот играч Рашард Луис на шампионот на Источната конференција, Орландо Меџик е суспендиран на првите 10 натпревари во новата НБА сезона откако падна на допинг тестот.

НБА лигата ја објави суспензијата и додаде дека Луис го прекршил правилото на антидопинг програмата заради зголемено ниво на тестерони во крвта.

"Како прво ја прифаќам целосната одговорност и казната. По крајот на сезоната започнав да земам лекови за кои не знаев дека ја содржат супстанцијата која НБА ја забранила. Им се извинувам на навивачите на Орландо, на своите соиграчи и на целата организација. Се надевам дека мојата грешка нема лошо да влијае на нашиот тим", изјави Луис.

Рашард Луис минатата сезона заедно со Двајт Хауард и Хидо Туркоглу го одведе Орландо во големото НБА финале каде загубија во пет натпревари од ЛА Лејкерс. Во плејофот имаше учинок од 19 поени, 2.9 асистенции и 6.4 скока на натпревар.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Французите рутински ја вршат работата во квалификациите и после победата на гостувањето во Италија, ја совладаа и Финска на домашен терен со 82-72 . За петлите заигра и Тони Паркер а најефикасен беше Антоан Дио со 16 поени, а кај гостите Ханпа со 21 поен . . .

Табела на групата Б изгледа вака . . .
Франција 2-0
Италија 0-1
Финска 0-1

Во групата А Босна се намачи со Белгија , но сепак победи со 82-77 . Гостите не можеше да ги спаси ни Ервел со 33 поени, а кај победникот Дедовиќ уфрли 18 , а Ратко Варда 13 поени . . .

Табела на групата Б . . .
БиХ 2-0 .
Белгија и Португалија со 0-1 .

Се игра по двокружен бод систем а победниците на групите ќе ги одмерат силите, а победникот на тој дуел ќе го заземе последното останато место на ЕП .
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Французите рутински ја вршат работата во квалификациите и после победата на гостувањето во Италија, ја совладаа и Финска на домашен терен со 82-72 . За петлите заигра и Тони Паркер а најефикасен беше Антоан Дио со 16 поени, а кај гостите Ханпа со 21 поен . . .

Табела на групата Б изгледа вака . . .
Франција 2-0
Италија 0-1
Финска 0-1

Во групата А Босна се намачи со Белгија , но сепак победи со 82-77 . Гостите не можеше да ги спаси ни Ервел со 33 поени, а кај победникот Дедовиќ уфрли 18 , а Ратко Варда 13 поени . . .

Табела на групата Б . . .
БиХ 2-0 .
Белгија и Португалија со 0-1 .

Се игра по двокружен бод систем а победниците на групите ќе ги одмерат силите, а победникот на тој дуел ќе го заземе последното останато место на ЕП .
Џедовиќ?
Или некој друг...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom