Кога си 211см висок на 15 години лесно е да доминираш во млади категории, и на младинското ЕП беше највисок играч и имаше најмногу скокови на првенството али колку ќе може да го задржи тоа ниво во иднина кога нема да штрчи така со висината е големо прашање.
Инаку кошаркава полека почна да заживува малку по малку во младинските категории. Од сите спортови во државава моментално само во кошарка некоја младинска генерација настапува на ЕП. Она што е интересно е што има доста деца на кошаркари од онаа прва генерација на самостојна Македонија што почнаа да се појавуваат сега како таленти. Симиќ е спомнат, али тука се и на пример синовите на Војновиќ и Стефанов кои се една година помали, иако нивната генерација имаше катастрофални резултати лани сепак они двајца се издвојуваат по квалитет од останатите соиграчи. Тука треба да се спомнат и два примери за тоа колку сме тажни и очајни како народ. Имено во генерацијата на Симиќ која освои 12 место на ЕП требаше да играат уште двајца синови на македонски легенди, оние на Боцевски и Наумоски. Али кај малиот на Боцевски проработел комплексот и бидејќи има мајка Србинка човекот си решил дека се чувствува како Србин и отиде да игра за српска репрезентација, иако е израснат во Македонија и цела фамилија му се една од најпознати македонски кошаркарски фамилии, што и не треба да чуди многу знаејќи какви дебили од карактери се сите од фамилија Боцевски. Му посакувам никад да не изгради кошаркарска кариера, таков човек и кога би барал во иднина да се врати никад не би го примил во репрезентација. Вториот пример е со Наумоски Јуниор. Имено Петар откако цела јавност оправдано го испоплука за начинот на кој ја водеше федерацијата, веројатно лут на државата и народот си го повлекол синчето да не игра веќе за репрезентацијата и мислам дека е у процес на добивање турски пасош или така нешто. Со нив двајца таа репрезентација сигурно ќе освоеше многу подобар пласман на младинското ЕП, ако се земе во обзир дека сите порази, па и со првакот Шпанија им беа доста тесни, а во четвртфинале не се пласираа откако изгубија од Израел по продолженија. Али и вака оставија доста добар впечаток.
Исто така има и неколку интересни играчи во генерацијата која со освоеното трето место во Б-дивизија им обезбеди учество на претходно спомнативе на ЕП, пред се тука се издвојува Јакимовски кој е доста спомнуван во последно време во медиумите, али и неколку други играчи.
Заедно со Димитријевиќ има надеж дека сите овие можат повторно да донесат добри денови за македонската кошарка. Пак ќе кажам, моментално во овој спорт имаме најмногу потенцијал во младинските категории.