Кошаркарска репрезентација на Македонија

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
6.904
Вашингтон звер,тргна да куца и положување промаши :tv:
 
HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
ја викам да ги земат Чемата, Ацо Снупи, Игор и Димето Баснарков.. И носиме злато од Полска
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Денешниот натпревар го фатив на крај, а од вчерашниот очигледно е дека нашите спијат во одбрана и не затвораат добро после промашувањата на противникот.
Самарџиски ми ја убива желбата за гледање кошарка, би го затворил 2 месеци во соба да гледа натпревари со Шек, Хауард и слични па да научи како треба центар да се постави во напад со таа висина.
Тоше како по обичај нема кондиција на почеток, ама до Полска ќе го биде.
Врба си беше стандардно најдобар, Антиќ беше добар, а и мислам дека Јане и Мираковски може да дополнат 10на минути кога ќе одмара Врба.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
ја викам да ги земат Чемата, Ацо Снупи, Игор и Димето Баснарков.. И носиме злато од Полска
ti dete sedi tamu,tia da soberam ekipa od maloto i ke gi tepam na gimnazijata.......................ti se drapas,odi na forum vicovi:pos2:
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Ok e ne sme losi samo ni treba uste malce da se uigrame samo ne znam so ce ni samargiski drvo e i i mislim deka e dilema za arsik kogo da zeme mejsi ili vasington po ona so go pokaza deneska vasinkon e dobra opcija
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Перо пријателе, знам дека имаш стара слава, знам дека имаш мека рака, но едноставно ти не си за во репрезентација :tapp:
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Денешниот натпревар го фатив на крај, а од вчерашниот очигледно е дека нашите спијат во одбрана и не затвораат добро после промашувањата на противникот.
Самарџиски ми ја убива желбата за гледање кошарка, би го затворил 2 месеци во соба да гледа натпревари со Шек, Хауард и слични па да научи како треба центар да се постави во напад со таа висина.
Тоше како по обичај нема кондиција на почеток, ама до Полска ќе го биде.
Врба си беше стандардно најдобар, Антиќ беше добар, а и мислам дека Јане и Мираковски може да дополнат 10на минути кога ќе одмара Врба.
Da se soglasuam za samargiski drvoe tesko nas ako igra vaka u polska samo ne znam kogo treba da zememe mejsi ili vasington
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Вашингтон: Јас ќе играм за Македонија на ЕП во Полска!

Американскиот плејмејкер од вчера е дел од кошаркарската репрезентација и во следниот период заедно со Мејси ќе се бори за едното место за натурализиран играч во жолто-црвениот состав што ќе настапи на шампионатот во Полска

Знам дека имам сериозна и квалитетна конкуренција за настап за Македонија на Европското првенство (ЕП), но верувам во својот квалитет и речиси сум сигурен дека ќе го убедам селекторот да ме земе во тимот што ќе настапи во Полска.

Со ваква самоуверена изјава натурализираниот Американец Дариус Вашингтон (24 год., 188 см) го почна престојот во Македонија односно обидот да дојде до дресот на кошаркарската репрезентација, која за еден месец ќе настапи на континенталниот шампионат.

Талентираниот плејмејкер беше повикан дополнително во националниот тим откако Џеремаја Мејси покажа несериозност при доаѓањето на подготовките, но и откако „Нова Македонија“ со серија текстови укажа на потребата тој да биде во репрезентацијата по веста дека Владо Илиевски поради операција нема да игра на ЕП.

- Горд сум што ќе бидам дел од тим во кој има голем број исклучително талентирани кошаркари. За мене е чест да настапувам со најдоброто од Македонија. Со нетрпение ги очекувам првите тренинзи и ветувам дека ќе дадам сé од себе на нив - дополнува Вашингтон.

Американецот со македонски пасош завчера пристигна во Скопје од Бостон преку Софија, а од вчера е во Охрид заедно со останатите кандидати за жолто-црвениот дрес на ЕП во Полска. Поранешниот член на НБА-екипата на Сан Антонио спарс веднаш има шанса за деби во македонскиот избран тим, кој денеска (20 часот) и утре (18 часот) во охридската сала „Билјанини извори“ ќе ги одмери силите со екипата на Словачка.

- Премногу кус период сум во Македонија за да дадам какви било оценки како за вашата земја така и за соиграчите во репрезентација. Првиот впечаток, сепак, е крајно позитивен. Сите се пријателски настроени и се обидуваат да ми помогнат во аклиматизацијата Се надевам дека ќе добијам шанса да им се оддолжам за тоа што го прават за да ми буде удобно тука. Ќе се потрудам тоа да биде така уште на претстојните две пријателски средби - ни изјави Вашингтон.

Поранешниот соиграч на НБА-ѕвездите од типот на Тим Данкан, Тони Паркер и Емануел Џинобили смета дека има доволно време да се подготви за настапот на шампионатот во Полска, но и да му се наметне на селекторот Јовица Арсиќ. Српскиот стратег пред заминувањето во Полска ќе треба да реши дали против Грција, Израел и Хрватска ќе игра Мејси или, пак, ќе му даде шанса на Вашингтон.

- Колку што успеав да ја видам програмата за подготовките има доволно време за меѓусебно запознавање со останатите во тимот како и за запознавање со тактичките замисли на селекторот. Јас сум професионалец и ќе играм онака како што се бара од мене. Мислам дека има доволно пријателски мечеви на кои ќе можам да покажам што знам и што можам да и донесам на репрезентацијата - објаснува новиот член на турскиот прволигаш Галатасарај.

Вашингтон кариерата ја почнал во универзитетската НЦАА-лига во САД и тоа во екипата на Мемфис универзитетот. Тој беше пријавен за НБА-драфтот во 2006 година, но не беше избран од ниту еден тим. Истата година се сели во Европа каде што настапува прво за грчки ПАОК, а потоа и за чешки Нимбурк. Следната година се враќа во САД каде што дебитира во НБА-лигата во дресот на С. Антонио каде што одигра 18 средби со просек од 2,9 поени. Од таборот на „мамузите“ преминува во развојната НБДЛ-лига во екипата на Остин торос каде што игра само на четири меча со просек од 28,3 поени по што се враќа во Европа потпишувајќи договор со грчки Арис. Минатата сезона тој го носеше дресот на руски Урал грејт, а летово потпиша едногодишен договор со турски Галатасарај.

Во НБА се игра индивидуално, а во Европа колективно

Вашингтон иако во НБА-лигата досега има настапено на само 18 меча, сепак, може да направи споредба на начинот на кој се игра во најсилната лига во светот и во Европа.

- Во НБА се е сведено на можностите на индивидуалецот. Нема многу колективни акции туку се игра индивидуално што остава простор за атрактивни завршници кои ја креваат публиката на нозе. Во Европа е драстично поинаку бидејќи се игра повеќе шематски. Секој напад е организиран, а плејмејкерите секогаш мора да имаат неколку опции во главата за тоа каде ќе ја додадат топката. Јас се обидувам да направам спој од двете работи односно во европската колективна кошарка да внесам доза на индивидуалност. Ќе се обидам тоа да го направам и во репрезентацијата на Македонија - објаснува Дариус Вашингтон. Автор: Игор Крстевски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8891013518&id=21&prilog=0&setIzdanie=21758

Car e tipov.....i mora da igra na EP ...
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
И пак ќе прашам, ако знае некој нека ми одговори:)
Дали може заедно Мејси,Вашингтон да отпатуваат со нас за Полска, па во зависност од противникот Арсиќ да одлучува кој од нив треба да игра, дали е тоа можно?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
И пак ќе прашам, ако знае некој нека ми одговори:)
Дали може заедно Мејси,Вашингтон да отпатуваат со нас за Полска, па во зависност од противникот Арсиќ да одлучува кој од нив треба да игра, дали е тоа можно?
Мислам дека треба да избере меѓу двајцата..затоа што може да патува со еден од нив..
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
И пак ќе прашам, ако знае некој нека ми одговори:)
Дали може заедно Мејси,Вашингтон да отпатуваат со нас за Полска, па во зависност од противникот Арсиќ да одлучува кој од нив треба да игра, дали е тоа можно?
И јас тоа се прашувам... Едниот да седе на трибините, другиот да игра , нормално во зависност од противникот. Но , веројатно не може, списокот со играчите се пријавува пред почетокот на првенството.
Знам дека во мкд КК Фени правеше така со она правилото за странци во тимот, секогаш по еден странец беше на трибините.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
И јас тоа се прашувам... Едниот да седе на трибините, другиот да игра , нормално во зависност од противникот. Но , веројатно не може, списокот со играчите се пријавува пред почетокот на првенството.
Знам дека во мкд КК Фени правеше така со она правилото за странци во тимот, секогаш по еден странец беше на трибините.

Според правилата на ФИБА-Европа, на едно ЕП репрезентациите пред почетокот мораат да пријават само 12 кошаркари меѓу кои само еден натурализиран кошаркар. Само во случај на повреда, со посебна дозвола, за време на ЕП ќе можат да се заменат најмногу двајца играчи

Тоа значи дека Вашингтон и Мејси дефинитивно не можат заедно во Полска дури и со опција да се менуваат. Арсиќ мора да избере еден од нив пред да се тргне во Полска.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.925
Поени од реакции
485

Така е. Затоа ако сакаме да играат двајцата тогаш кога ќе смета Арсиќ дека Мејси не треба да игра ќе им каже на противниците да го повредат и тогаш ќе игра Вашингтон :).

Што се однесува до натпреварот очигледно дека ова беше најдобриот наш натпревар на подготовките. Па дури и Самрџиски беше солиден:). Перо Антиќ стандардно добар, Врба исто така. Одлично изигра Стојаноски (особено во одбрана) како и Николоски. Вашингтон се покажа како добар шутер, но и како кошаркар кој многу ја задржува топката. Треба да биде поколективен но ова му беше прв натпревар па може да му се прогледа низ прсти. Мејси исто така беше солиден. Изгледа му треба конкуренција за да покаже што знае.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
6.904
Јас мислам подобро плејмејкер да земеме.....освен Врба нема друг шо може да ја земе топката....ако очекуваме од Мито,Јане и Оризот далеку сме стигнале....не велам дека не се добри играчи,само ни треба некој поискусен играч...
 
Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Што мислите ... подобро ќе биде да се земе Мејси или Вашингтон ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom