Сигурно може да се оправи кошарката, но треба многу работа. Нема никаква логика, граничиме со можеби најдобрите кошаркарски програми во Европа (Србија/Грција), а ние не можеме да се пласираме ни во топ 24.
Едноставно е, одиш кај соседот и копираш и пак, не викам ние да играме секоја година полуфинале како во 2011, туку да бидеме редовни на ЕП, како што бевме тој период.
Мое мислење е дека треба да се направат два плана:
-6-годишен кој би ги опфатил играчите од 15 до 19 години и
10-годишен кој би ги опфатил децата од 10 до 15 години.
Нека бидат опфатени по стотина деца во секоја возрасна група, да се инвестира во нив, опрема, исхрана, тренинг, образование, учење јазици, се да биде покриено. За нив мора да се грижат врвни тренери, веројатно за почеток ќе мора од Србија. Да функционираат и програми како тие играчи со стипендии да продолжат на амерички колеџ, не мора од рангот на Duke, North Carolina, Gonzaga, ете како Андреј Јакимовски во Washington State.
Ако не успеат како кошаркари, барем ќе догураат до бесплатно квалитетно образование.
Доколку немаат средства, може да помогнат федерации како фудбалската со 500-1.000.000 еур за развој на кошарката годишно (колку и да звучи нелогично). Верувам дека со некоја смешна инвестиција, квалитетна програма и добар тимски дух можеме да бидеме редовни на ЕП. Па и репрезентацијата која ја водеше Александар Џикиќ беше смешна и на рангот на оваа која ја имаме сега, па успеаа некако да се пласира на ЕП. Штета што оваа екипа во федерацијата веројатно нема никаков план.
Тоа е моето мислење, не дека сме кошаркарска нација, но мора јасно да се зацртаат цели и секојдневно да се работи по тој план.