- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 6.944
- Поени од реакции
- 41.095
Кој може нека го изгледа цел подкаст, гостин на Хрвативе им беше Мишко Ражњатович.
Човекот е гениј кога станува збор за развој и промовирање на млади таленти. Неговиот клуб Мега Визура буквално е расадник за потенцијални НБА играчи, знае што бараат Американците, и така ги учи децава во клубот да тренираат и да размислуваат. Ако порано важеше мислењето дека Србиве се јаки поради Југословенската школа, еве после толку години поминати паѓа во вода тоа, се наметнуваат нови принципи и начини на работа таму, се работи со младите и затоа имаат такви успеси.
Е сега доаѓа делот каде што се гледа неспособноста на нашите спортски работници.
За почеток ќе го земам Антич, човекот реално е познат во Европската кошарка, агент му беше Мишко и се знае со еден куп тренери. Наместо да се кандидираше за претседател на федерација, можеше да ги искористи овие контакти, ако ништо друго да отвори една школа која ќе биде фидер на Мега Визура, и таму да праќаше надежни деца. Милион пати повеќе ќе направеше за Македонската кошарка така него ли што стана прв човек на федерацијата, класична бирократска и политичка функција. Јас сум сигурен дека има талент кај нас, може да се направат квалитетни играчи, ама не може во една ваква лига, немаат просперитет, се игра затупена кошарка, уште имаш играчи во лигата што почетокот на кариерата им бил во 90тите. До лани Димче Тасовски даваше по минимум 10 поени по натпревар, не ме заебавајте. Странци се главни играчи во нашите клубови, Македонските играчи се само статисти. Исклучок од ова е МЗТ, само поради браќата Стојановски.
Толку години се поминати, еден да не се најде што ќе носи играчи барем во Србија или Хрватска да играат тамошни лиги. Ништо повеќе не треба. До сега барем 5 играчи ќе извадевме асални за во репрезентација.
Да се префрлам на нашиве играчи. Од тоа што ја следев лигава, се издвојуваат неколку помлади играчи кои имаат шанса за напредок. Тоа се:
-Андреја Атанасов од Ангели.
-Филип Бакоч и Леонид Тодоровски од Навико ФМП.
Бакоч може да стане одлична 4ка како што и треба на репрезентација, а сме немале уште кога играше Чековски. Леонид гледам го играат на 5ка, иако не знам точно колку е висок.
-Андреј Митревски од Феникс. Реално овие три клубови се единствените што даваат каква таква шанса на млади играчи, и ако Андреј продолжи да игра константно може да прерасне во одличен играч, нормално да не остане во лигава со години, туку да бара шанса некаде надвор.
-Виктор Ефремовски од Гостивар, гледам игра редовно таму, ама мислам дека ќе остане класичен играч за во Македонска лига, иако има шанса за нешто повеќе.
-Андреј Маслинко од ТФТ, игра редовно во ТФТ, има одлични физички предизпозиции да стане прејак играч. Крило што до сега во репрезентација сме го немале, 3ка или 4ка шутер. Не дава толку многу поени, претпоставувам бидејќи топката е ретко кај него, главни играчи им се Америте во тимот, и него го служат само за скокање под кош. Апсолутно погрешно е ова, и баш за ова зборам кога спортскиве работници врска немаат и не знаат да препознаат талент. Ако е висок стави го под кош нека скока, класична Југословенска пракса. Андреј мора да бара шанса некаде надвор, макар било тоа у некоја Српска или Хрватска паланка, само мора да игра и топката да е цело време у него ако сака да стане нешто повеќе. Тука во Македонија ќе го служат само за рипање под кош, и секоја година ќе мења клубови.
-Валмир Какруки од Работнички, искрено го немам гледано како игра, но мислам дека беше повикан за поширок список за репрезентација. Се надевам дека нема да испадне како еден од многуте таленти што ги викале за репрезентација и после пропаднале.
-Лука Петровски од МЗТ 2, син е на Боби Петревски и порано сите мислеа дека ради татко му е во кошаркава, ама сезонава гледам дека им е еден од главните играчи на младиов тим на МЗТ. Исто како и за Валмир, се надевам дека нема да остане само на тоа, повик за на поширок список за репрезентација.
-Адем Мекиќ од МЗТ, иако порано не ми се свиѓаше како игра, сепак сезонава барем за МЗТ игра колку толку добро. Игра на иста позиција како Даме, па не може да фати добра минутажа, ама мислам дека МЗТ сега за сега му е добар избор. Наредна сезона во АБА 1 мора да се покаже најдобро што знае, според мене му е пресудна наредната сезона, ако изигра одлично има шанса за некој подобар тим у АБА 1, ако не ќе стане уште еден класичен Македонска лига играч.
Има сигурно уште помлади играчи во лигава што не сум ги спомнал, ама не ми текнува сега. Надополнети со Нено, и понатаму Тоше Симиќ, има некоја надеж за репрезентација. Само како што кажав мора да напредуваат, особено на клубски план. Ако останат да играат тука, ќе чекаме некоја нова генерација да се појави.