Магдевски: Со нетрпение чекам да го запознаам Мајкл Џордан
Македонецот е еден од двајцата таленти од поранешните југословенски простори, покрај Хрватот Марко Араповиќ, кои ќе учествуваат во кампот во којшто веќе цела деценија се собираат најталентираните 16-годишни кошаркари од светот
Македонскиот талент Андреј Магдевски (16) во Лондон, пред менаџерот на Мајкл Џордан, покажа одлично познавање и вештина во кошарката. Тоа беше причина да влезе во Топ 10 таленти од Европа кои на 14 април во Шарлот ќе имаат можност лично да се запознаат со најдобриот кошаркар на сите времиња, легендарниот играч на Чикаго Булс.
-Одлично се снајдов и ги искористив сите шанси кои ми беа дадени, постигнав максимални резултати во сите дисциплини и натпреварувања и успеав да ја остварам мојата примарна цел. Знаев дека кампот во Лондон е филтер за понатаму и затоа го дадов максимумот. По индивидуалните вежби на тренинзите и одредени тестирања, како и игра три на три се изборив за учество на олстарот, а по одличната игра на натпреварот бев избран меѓу првите 10 играчи, од дваесетте што учествувавме, од цела Европа. Морам да кажам дека ми е голема чест што кошаркари од овие простори ќе ја презентираат кошарката во Шарлот и ќе имаме можност да се запознаеме со една од најголемите легенди во НБА, Мајкл Џордан, изјави играчот на белградски Партизан за Б92 по враќањето од Лондон.
Магдевски потекнува од кошаркарската школа на КК Водно санс, а соработката на овој клуб со Партизан го одведе во Белград. Тој е еден од двајцата таленти од поранешните југословенски простори, покрај Хрватот Марко Араповиќ, кои ќе учествуваат во кампот во којшто веќе цела деценија се собираат најталентираните 16-годишни кошаркари од светот. Дека станува збор за реномиран камп кој знае да процени што е добро во кадетска конкуренција говори и податокот што низ него минале многу големи НБА-ѕвезди, меѓи кои најпознати се Леброн Џејмс, Кевин Дурант , Амаре Стадемаер и Крис Пол.
Во кампот во Шарлот од Европа место обезбедија уште: Сирил Ванер (Франција), Гил Акадо (Англија), Димитрис Стаматис (Грција), Берк Угурлу (Турција), Федерико Мусини (Италија) Ентејн Ори (Франција) и Јан Николас Вимберг (Германија).
http://vecer.com.mk/?ItemID=E0072B4A338A7D4F9FF35C0BA092FD8B
е сега не ми е јасно само дали овој сака да игра за Македонија, оти мислам, ама не сум сигурен дека едно време не сакаше и не се појави на припреми за кадетите. ако грешам нека ме поправи некој!