Кошаркарска репрезентација на Македонија

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^

Македонецот Магдевски одушеви во Лондон и доби покана да оди кај Џордан во Шарлот

Еден од најталентираните македонски кошаркари, 16-годишниот Андреј Магдевски, викендов во Лондон беше дел од интернационалниот камп на легендарниот Мајкл Џордан каде што одушеви со своето залагање и квалитет поради што се најде на списокот од десет кошаркари, кои добија покана да бидат дел од главната манифестација што на 14 април ќе се одржи во Шарлот.


Десетмината најдобри во Лондон, Магдевски е четврти од лево
На тридневната тренинг-сесија во британската престолнина учествуваа вкупно 38 кошаркари на 15 и 16-годишна возраст од 22 европски земји, меѓу кои беше и Магдевски. Членот на кадетскиот тим на белградски Партизан беше единствениот претставник на Македонија. Младите таленти напорно тренирале под будното око на американски тренери што работат заедно со легендарниот Џордан.
Вечерва, пак, беа одиграни финалните натпревари помеѓу екипи, во кои тимот на Магдевски беше најдобар во конкуренција „пет на пет“. Кадетскиот репрезентативец на Македонија настапи и на олстар-средбата со која беше заокружено ова дефиле на најталентираните млади кошаркари на стариот континент.
На крајот, беа одбрани десеттемина најдобри, меѓу кои имаше место и за поранешниот член на скопската школа за кошарка, Водно санс. А за да се сфати големината на успехот на Магдевски треба да се напомене дека тој во Лондон за конкуренција имаше по тројца кошаркари од Шпанија и Турција, а по двајца од Грција, Србија, Русија, Франција, Словенија и Италија. Меѓу учесниците на кампот имало и двајца со славни презимиња, Домантас Сабонис и Марко Араповиќ, синови на поранешните репрезентативци на Литванија, односно Хрватска, Арвидас Сабонис и Фрањо Араповиќ.
Покрај Магдевски, Сабонис и Араповиќ, на завршниот собир во Шарлот ќе се најдат Сирил Елизиер, Етиен Ори (Франција), Кристијан Акодо (Англија), Димитрис Стаматис (Грција), Берк Угурли (Турција), Федерико Мусини (Италија) и Јан-Никлас Вимберг (Германија).


Победничкиот тим во играта „пет на пет“, Магдевски во средина со број 31
Кампот на Џордан веќе една деценија ги собира најталентираните млади кошаркари. Последниве шест години на кампот учествуваат и деца од целиот свет, и тоа преку настап на интернационалните турнири што секоја година се одржуваат на различни места, а од каде што најдобрите добиваат право да настапат на главниот камп.
На списокот на кошаркари што минале низ школата на Џордан се Гркот Костас Куфос, Литванецот Линас Клеиза, Брендон Џенингс, Ерик Гордон, Руд Геј, а дефинитивно најпознати од ова друштво се Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кармело Ентони, Крис Пол и Амаре Стадемаер.
Игор Крстевски

Само да не дозволат госпоѓиците од МКФ да го загубат детево!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=6376
Би ни бил од корист Зивчевич ?
Не сум го гледал многу тука кога играше, а читам у последно време растура у Шведска па да си прашам стварно е добар дечкото или швеѓаните се катастрофа ?
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=6376
Би ни бил од корист Зивчевич ?
Не сум го гледал многу тука кога играше, а читам у последно време растура у Шведска па да си прашам стварно е добар дечкото или швеѓаните се катастрофа ?
Дечкото е добар за такви лиги. Е сега може да се најде во комбинација за репрезентацијата, ама само за одмарање на првотимци. Тоа е максимум според мене
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
186
Поени од реакции
104
Проблемот со Зивче е дека нема шанси да заигра за Македонија. Правилата на ФИБА се јасно, колку и да сака тој, чим заиграл за Србија се заебал. А за Шведска, пак, шансите да заигра таму се -100%, повеќе ми личи на самореклама односно вовед на неговата најголема болка - играње за МКД. Има одредени преседани во ФИБА (два досега), но тоа е за исклучително случаеви кога работите се измешани. Кај Зивче се е јасно како солза...
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Магдевски: Со нетрпение чекам да го запознаам Мајкл Џордан

Македонецот е еден од двајцата таленти од поранешните југословенски простори, покрај Хрватот Марко Араповиќ, кои ќе учествуваат во кампот во којшто веќе цела деценија се собираат најталентираните 16-годишни кошаркари од светот

Македонскиот талент Андреј Магдевски (16) во Лондон, пред менаџерот на Мајкл Џордан, покажа одлично познавање и вештина во кошарката. Тоа беше причина да влезе во Топ 10 таленти од Европа кои на 14 април во Шарлот ќе имаат можност лично да се запознаат со најдобриот кошаркар на сите времиња, легендарниот играч на Чикаго Булс.
-Одлично се снајдов и ги искористив сите шанси кои ми беа дадени, постигнав максимални резултати во сите дисциплини и натпреварувања и успеав да ја остварам мојата примарна цел. Знаев дека кампот во Лондон е филтер за понатаму и затоа го дадов максимумот. По индивидуалните вежби на тренинзите и одредени тестирања, како и игра три на три се изборив за учество на олстарот, а по одличната игра на натпреварот бев избран меѓу првите 10 играчи, од дваесетте што учествувавме, од цела Европа. Морам да кажам дека ми е голема чест што кошаркари од овие простори ќе ја презентираат кошарката во Шарлот и ќе имаме можност да се запознаеме со една од најголемите легенди во НБА, Мајкл Џордан, изјави играчот на белградски Партизан за Б92 по враќањето од Лондон.
Магдевски потекнува од кошаркарската школа на КК Водно санс, а соработката на овој клуб со Партизан го одведе во Белград. Тој е еден од двајцата таленти од поранешните југословенски простори, покрај Хрватот Марко Араповиќ, кои ќе учествуваат во кампот во којшто веќе цела деценија се собираат најталентираните 16-годишни кошаркари од светот. Дека станува збор за реномиран камп кој знае да процени што е добро во кадетска конкуренција говори и податокот што низ него минале многу големи НБА-ѕвезди, меѓи кои најпознати се Леброн Џејмс, Кевин Дурант , Амаре Стадемаер и Крис Пол.
Во кампот во Шарлот од Европа место обезбедија уште: Сирил Ванер (Франција), Гил Акадо (Англија), Димитрис Стаматис (Грција), Берк Угурлу (Турција), Федерико Мусини (Италија) Ентејн Ори (Франција) и Јан Николас Вимберг (Германија).

http://vecer.com.mk/?ItemID=E0072B4A338A7D4F9FF35C0BA092FD8B

е сега не ми е јасно само дали овој сака да игра за Македонија, оти мислам, ама не сум сигурен дека едно време не сакаше и не се појави на припреми за кадетите. ако грешам нека ме поправи некој!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^ И да било така сигурно го премислило 4тото место во Литванија. :icon_lol:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
е сега не ми е јасно само дали овој сака да игра за Македонија, оти мислам, ама не сум сигурен дека едно време не сакаше и не се појави на припреми за кадетите. ако грешам нека ме поправи некој!
Имаше санкција од 1 година. 1 година несмееше да настапи на никаков натпревар за Партизан. Не се појави на некоја утакмица за кадетите и КФМ покрена постапка и му ја доделија казната. Е сега колку се испоштува тоа незнам пошто татко му мислам дека е јак адвокат...
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки за ова со преносов сигурни сте оти ќе нема или само си погодувате??
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.127
Поени од реакции
8.074
Дечки за ова со преносов сигурни сте оти ќе нема или само си погодувате??
не е сигурно ама мора да ни се овозможи пренос..:D не верва никој дека до толку ќе испаднат идиоти
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Имаше санкција од 1 година. 1 година несмееше да настапи на никаков натпревар за Партизан. Не се појави на некоја утакмица за кадетите и КФМ покрена постапка и му ја доделија казната. Е сега колку се испоштува тоа незнам пошто татко му мислам дека е јак адвокат...
абе го гледам на сликиве со Македонско знаме, зато прашам... штета би било да изгубиме ваков потенцијал и да оди да игра за србија, посебно шо моментално сме појаки од нив!!!
треба малиов да се викни на припреми за Олимпијада! барем ќе знајме на шо сме!!!
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
абе го гледам на сликиве со Македонско знаме, зато прашам... штета би било да изгубиме ваков потенцијал и да оди да игра за србија, посебно шо моментално сме појаки од нив!!!
треба малиов да се викни на припреми за Олимпијада! барем ќе знајме на шо сме!!!
16 години бе не заебавај ... какви припреми нека си расте како што треба... :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
16 години бе не заебавај ... какви припреми нека си расте како што треба... :)
Не на припреми, ама мислам дека позитивно искуство би било секоја година бар пет до десет најталентирани млади кошаркари да имаат прилика на неколку тренинзи со сениорите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom