И еве пак Канал 5 за пуста гледаност....Не знам во каква љубов се со МКФ, чим МКФ не изреагира на ова:
И научно докажано: Македонските кошаркари играле со „јајца“ против Шпанија!
Еден македонски и еден шпански кошаркар имале зголемено ниво на „тестостерон“ по завршувањето на меѓусебниот меч во полуфиналето на европското првенство во Литванија. Морам да потенцирам, тоа е различно од позитивен допинг - тест, изјави директорката на анти допинг комисијата на Литванија Еве Станикуниене за шпанскиот весник „Марка“.
Тиражниот шпански спортски весник „Марка“ објави разговор со Еве Станикуниене, директорот на антидопинг-комисијата на Литванија. Таа открива дека еден македонски и еден шпански кошаркар имале зголемено ниво на „тестостерон“ по завршувањето на меѓусебниот меч во полуфиналето на европското првенство во Литванија.
- Да, точно е дека еден шпански и еден македонски кошаркар имаа чудни резултати на допинг - тестот што беше извршен по меѓусебниот натпревар на евробаскет 2011. Но, морам да потенцирам, се работи за зголемено присуство на „тестостерон“. Тоа е различно од позитивен допинг - тест, изјави Станикуниене за „Марка“.
Според медицинските стручњаци - има три можности за зголемено присуство на тестостерон во организмот. И тоа телото на одредена индивидуа самото да има поголемо количество од дозволеното, тоа да се внесе со недозволени стимуланси или пак да се појави како реакција на одредена болест, тумор, во организмот.
- Ние како антидопинг - комисија дадовме извештај до ФИБА Европа дека имало два случаи со зголемено присуство на „тестостерон“, па сега преку детална анализа ќе треба да се утврди за што всушност се работи, дали причината е од органска или од синтетичка природа, истакна Еве Станикуниене за „Марка“.
08.11.2011, 16:51