Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Се знае кој ќе биде наследник на Марин ?
Незнам каква ќе биде сега играта со нов селектор но се надевам дека ќе продолжиме со добрите игри и понатаму зошто оваа генерација има капацитет за медал.
A шо е работата со Марин, никаде не прочитав дека бил избркан или пак дека се откажал ?
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Пред европското рече дека ќе си оди, после тоа се пишманеше нешто меѓутоа остана на тоа. Рече дека сака да помага во развојот на младите и сл. Понатамо што бидна не се знае бидејки никој ништо не спомна. Како и да е сеуште имам надеж дека ќе остане на функцијата...
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=3718
Македонската кошаркарска федерација и официјално ќе биде кандидат за организација на Европското првенство во 2017 година, откако претседателот на МКФ Даниел Димески денеска пред бордот на ФИБА ја најави нашата кандидатура заедно со Србија и Бугарија.

Трите национални федерации веќе постигнаа договор за заедничка кандидатура, а наредниот период гломазниот проект треба да добие подршка и од соодветните државни институции.




Утре, пак, ФИБА и официјално треба да и го додели шампионатот во 2015 година на Украина, откако Кошаркарските федерации на Франција, Германија, Италија и Хрватска одлучија да ја повлечат заедничката кандидатура за организација на ЕПбидејќи, како што истакнаа, воопшто немаат доверба во професионалноста на организациските структури на ФИБА Европа.
 
М

Мартин`

Гостин
Супер! ^

Како точно се игра ова кога повеќе држави организираат првенство ? во секоја држава по некоја група или како ќе оди тоа.. и да најбитното финалето каде се игра, во која од овие 3 држави односно како се избира кој/каде ќе игра оти не сум запознаен баш како одат работите ?
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Што сакаш да се избира бе, се знае кај нас група, максимум 1/4 финале.Се знае финалето дека во Бе-Ге ќе се ира.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.984
Поени од реакции
16.422
Со оваква сала, може да организираме само една група.. :)
Бугарија пред некое време отворија нова спортска сала, сигурно имаат и уште некоја, башка Србите се научени на организации си имаат спортски сали и ние со нашата Борис Трајковски, може да се биди рамноправен за организација на едно ЕП..
Лоби треба големо, ништо друго.
А и не е лошо уште една спортска сала да се изгради како што е БТ..:icon_lol:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
За Марин, пред некое време на Алфа мислам имаше интервју со претседателот на МКФ каде збореше за предолимпискиов турнир, почеток на подготовки, кандидатурата за првенство и за плановите со селекторот, каде изјави дека со Докузовски имале џентлменски договор со кој му било оставено простор до јануари да одлучи дали ќе остане на селекторско место или ќе се одлучел за некоја од понудите кои ги имал за тренер на некоја екипа.
Така да, очигледно до тогаш нема да знаеме дали ќе остане Марин или ќе се бара некој нов.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да му го пишите сите Аеродромци, не гледате дека само вие плукате по него и тоа после ЕП.:tapp:
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.566
Арпаџик дебарски смири се не си приметил дека само ти го дрвиш у сите теми за кошарка, а у тоа твоето мултиетничко градче ја нема ни првата буква од овој спорт. Повеќе од две утакмици не веруем дека имаш гледано у живо. Марин мене ми нема ништо добро напраено у животов тоа што Македонија е 4та на европсково е 20% негова заслуга. Тоа што пола амеби ко тебе кои почнале да пратат кошарка неизвезно време пред еуфоријата за европското го напраивте Еторе Месина е само одлика на вашето незнаење. У нашава лига треба да имаш општи познавања од спорт за да моеш да поставиш игра против тренери како што ги има истата (читај Гац, Маки Лазовски, Ацо Петровиќ итн.). Крај краева да беше тренериште као што го праите немаше најголем дострел у кариера да му биде двојна круна у Бугарија со Лукоил Академик.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Арпаџик дебарски смири се не си приметил дека само ти го дрвиш у сите теми за кошарка, а у тоа твоето мултиетничко градче ја нема ни првата буква од овој спорт. Повеќе од две утакмици не веруем дека имаш гледано у живо. Марин мене ми нема ништо добро напраено у животов тоа што Македонија е 4та на европсково е 20% негова заслуга. Тоа што пола амеби ко тебе кои почнале да пратат кошарка неизвезно време пред еуфоријата за европското го напраивте Еторе Месина е само одлика на вашето незнаење. У нашава лига треба да имаш општи познавања од спорт за да моеш да поставиш игра против тренери како што ги има истата (читај Гац, Маки Лазовски, Ацо Петровиќ итн.). Крај краева да беше тренериште као што го праите немаше најголем дострел у кариера да му биде двојна круна у Бугарија со Лукоил Академик.
Мислиш четврто место на Европско Првенство?
И тие 20% кои горе ги спомнуваш се одлични за тренер, речиси сите репрезентации играа со најдобри состави на ова првенство а ние игравме полуфинале. За разлика од тоа на претходното кога сите состави беа тиња нашиве беа деветти. Игравме страшна одбрана. Можеби не е Фил Џексон, ама има поголеми успеси од сите наши тренери заедно, па дури и од Заре Марковски. Класа е за сите тренери во нашава лига. Знам дека на некои им набил комплекси, ама си го заслужи прекарот Доктор, па макар и наредно да биде тренер на последната екипа од Тунгузија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom