Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Ако успее ова:vozbud:
Сериозно очекувам позитивен извештај, и пак ќе биде глупаво Литванија да биде организатор после ЕП. Нашиве пријавиле четири хотели а како што знам луѓево од ФИБА треба да имаат средба и со владини претставници за гаранција за средствата.
едвај чекам да дојде 10-11 декември да ја кажат одлуката ако се игра тука ќе биде лудило салата ќе се руши :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
И еве пак Канал 5 за пуста гледаност....Не знам во каква љубов се со МКФ, чим МКФ не изреагира на ова:

И научно докажано: Македонските кошаркари играле со „јајца“ против Шпанија!

Еден македонски и еден шпански кошаркар имале зголемено ниво на „тестостерон“ по завршувањето на меѓусебниот меч во полуфиналето на европското првенство во Литванија. Морам да потенцирам, тоа е различно од позитивен допинг - тест, изјави директорката на анти допинг комисијата на Литванија Еве Станикуниене за шпанскиот весник „Марка“.


Тиражниот шпански спортски весник „Марка“ објави разговор со Еве Станикуниене, директорот на антидопинг-комисијата на Литванија. Таа открива дека еден македонски и еден шпански кошаркар имале зголемено ниво на „тестостерон“ по завршувањето на меѓусебниот меч во полуфиналето на европското првенство во Литванија.

- Да, точно е дека еден шпански и еден македонски кошаркар имаа чудни резултати на допинг - тестот што беше извршен по меѓусебниот натпревар на евробаскет 2011. Но, морам да потенцирам, се работи за зголемено присуство на „тестостерон“. Тоа е различно од позитивен допинг - тест, изјави Станикуниене за „Марка“.

Според медицинските стручњаци - има три можности за зголемено присуство на тестостерон во организмот. И тоа телото на одредена индивидуа самото да има поголемо количество од дозволеното, тоа да се внесе со недозволени стимуланси или пак да се појави како реакција на одредена болест, тумор, во организмот.

- Ние како антидопинг - комисија дадовме извештај до ФИБА Европа дека имало два случаи со зголемено присуство на „тестостерон“, па сега преку детална анализа ќе треба да се утврди за што всушност се работи, дали причината е од органска или од синтетичка природа, истакна Еве Станикуниене за „Марка“.

08.11.2011, 16:51
Кој е сега допингуван ?


Ноа: Допингот е шпанската формула за успех
Екипа Останато
19.11.2011 12:58


Поранешниот француски тенисер, Јаник Ноа, упати сериозни обвинувања на адреса на сите шпански спортисти изјавувајќи дека успесите на „црвената фурија“ во неколку различни спортови мора да се должат да допинг. Ноа смета дека е неверојатно како може Шпанците во исто време да доминираат во неколку колективни спортови, да бидат фантастични и во индивидуалните спортови, а дополнителна причина за сомнеж даваат повлечените обвиненија против неколку спортисти по големиот допинг-скандал што беше откриен лани.

Невозможно е една земја да биде толку доминантна во повеќе спортови истовремено, да се биде најдобар во фудбал, кошарка, а да се има и одлични тенисери, атлетичари и други видови на спортисти. „Финтата“ е во магичната напивка, верувајте ми дека тоа ги прави Шпанците толку добри. Сетете се само на допинг-скандалот од пред една година, целата нација беше во шок, а ако погледнете подобро никој не одговара сериозно за тие престапи. Мислам дека во целиот скандал биле вмешани и голем број на елитни спортисти, па клиентите на контроверзните доктори беа спасени од страна на државата. Ајде размислете дали Шпанците имаат подобри, помодерни услови за тренинг, за развој на млади играчи. Одговорот е НЕ, ви велам, се е до магичната напивка“ - напиша Ноа во својата колумна во „Ле Монд“.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ноа може да си ги гледа сонародниците во ракомет како можат да газат неколку години со ред и да им се фати на шпанските кошаркари, ништо друго.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.937
Поени од реакции
41.031
Фали уште едно европско, да се разбие досадава и монотонијава што владее...тогаш и на -15 би мрзнел на плоштад само да гледам како Македонија ја тепа Грција...заедно со уште едно 100.000 Македонци позади мене. :)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.998
Поени од реакции
1.283
Кој сака во моментов може да гледа мечот на Дамjан Стоjановски со АСВЕЛ во УЛЕБ купот од Софиjа.​
Your country is not allowed to view this event, available for bulgarian ips only.

Иначе која телевизија пренесува БНТ сат или БНТ 1 ? претпоставувам БНТ 1.

Ок пренесува Еуроспорт 2
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: FA
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Извинете не знаех дека не може да се гледа во Македониjа. Инак БНТ 1 и БНТ САТ го емитуват побараjте. Дамjан со хубави поени против Туриаф и АСВЕЛ.

http://www.e-televizor.com/site.php?cid=2034
Пробајте овие.
http://tv.club-bg.org/?page=tv&chan=20pp
http://www.e-televizor.com/site.php?cid=2034
http://inhatch.com/Watch/bnt_hq

Сега видов дека се емитува и на Евроспорт 2.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.105
Поени од реакции
10.142
10/11 декември, нареден викенд ;)
Ako Fiba realno gleda na rabotite, nie kako najprijatno iznenaduvanje na poslednoto evropsko zasluzivme da bideme nagradeni so organizacija na turnirov. Fiba bila zadovolna od smestuvacki kapaciteti i od BT. Vladata ke frli kes. E sea ako ne napraat nekoja dubara toa Litvancite poso gleam deka se epten zapaleni da organiziraat. Ja se nadevam deka ke ja dobieme organizacijata.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
нели требаше овој викенд да се знае кој ке биде домаќин?
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Гласајте за најдобр играч од Европа за 2011 година, во листата е и нашиот Бо :) .

Гласањето на официјалниот сајт на ФИБА Европа (за сите категории) започнува денеска, а завршува на 31 јануари 2012 по што ќе биде познат и добитникот на оваа престижна награда. Наградата ќе биде доделена на почетокот на февруари.

http://www.fibaeurope.com/cid_EsTt3RajGOwm0NqKhM8k53.html

Директен линк за гласање http://www.fibaeurope.com/cid_5FGcSsn0GNQA-Rww79L3b2.html

Ако мислат модераторите дека треба да се отвори посебна тема за ова нека отворат и нека ја стават на почетната страна на кајгана како популарни теми, да помогнеме со гласови...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Гласајте за најдобр играч од Европа за 2011 година, во листата е и нашиот Бо :) .

Гласањето на официјалниот сајт на ФИБА Европа (за сите категории) започнува денеска, а завршува на 31 јануари 2012 по што ќе биде познат и добитникот на оваа престижна награда. Наградата ќе биде доделена на почетокот на февруари.

http://www.fibaeurope.com/cid_EsTt3RajGOwm0NqKhM8k53.html

Директен линк за гласање http://www.fibaeurope.com/cid_5FGcSsn0GNQA-Rww79L3b2.html

Ако мислат модераторите дека треба да се отвори посебна тема за ова нека отворат и нека ја стават на почетната страна на кајгана како популарни теми, да помогнеме со гласови...
мислам дека треба да се отвори и тема ајде сите гласови!
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.790
Поени од реакции
3.861
Отворете нова тема. Многу малку луѓе знаат за ова.

Ред е и ние да му помогнеме на Бо : )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom