Да си бијме реални, Ѓуров е далеку од репрезентативна форма, и ја бев за него да има место ама лани, пред да се повреде, оваа сезона беше бледа копија на ланскиот Ѓуров, Димо не за џабе не убиваше у финалето.
Перо е далеку од атлетски тип, ама да си бидиме на чисто шутот уште го има, сам нема шанси да си направе позиција за шут, ама ако тоа му го овозможат соиграчите ја радо би го гледал него да решава утакмица со шут од чиста позиција, шо знам, има искуство и мислам дека е оправдана до негде довербата во него, ама пак и тоа шо уште се потпираме на него не е баш добро, итно ни треба ново мало крило од негов тип, Тасовски и Р. Стефанов се знак прашалник колку може да придонесат, зависат и двајцата на големо од шутот, на влезови се слаби, па да се надеваме дека ќе му оде нив и ќе нема потреба од рековалесценти како Перо на ЕП. Перо 1-1 игра нема никакви шанси против било кој од колегите од репрезентациите на Хрватска, Израел и Грција.