Таков сум, не можам да кажам "НЕ"!
"Навистина ми е многу криво што сето ова ми се случува токму сега, на две недели пред почетокот на подготовките на националниот тим. Силно сакав да заиграм на ЕП со мојата генерација играчи. ... "Лекарите треба да го исчистат, поточно да го исечат тој зарасток, кој со текот на времето се 'ширел', станувал се 'подебел' и на крајот, допрел и до нервот кој ми предизвикуваше и големи болки при тренингот и натпреварите"- појаснува Илиевски... Никогаш не сум се штедел, така беше и сега, како играч на Тау Керамика. Веројатно тоа некој сакал максимално да го искористи. Се чувствувам, верувајте, како исцеден лимон... Пауза од два до три месеци...
На две недели пред првиот собир, лоша вест за стручниот штаб на нашиот национален тим. Дојде од Шпанија, а гласи дека Владо Илиевски не ќе може да им помогне на своите репрезентативни другари за претстојното Европско првенство во Полска (7 до 20 септември).
Повредите, поточно проблемите, кои треба да се санираат во текот на ова лето, и тоа преку оперативен зафат, ја згаснаа надежта кај нашиот искусен репрезентативец дека по вторпат во својата кариера ќе биде дел од еден Евробаскет.
Во овие неколку денови Илиевски е во Барселона. Но не на некои евентуални преговори, туку на една клиника каде во текот на денешниот ден ќе биде подвргнат на еден оперативен зафат со кој треба да се санира повредата на задната ложа која го мачеше нашиот репрезентативец подолго време.
"Тешко е да се објасни и да се поверува дека оваа повреда сум ја влечел од својата 15. година. Тогаш за првпат сум заработил повреда на задната ложа на левата нога. Односно се појавил зарасток меѓу тетивата и коската, кој со текот на времето станал с$ поголем. Тоа, за жал, се повтори на еден евролигашки натпревар додека бев во Олимпија, во еден дуел со еден играч на Партизан. Истото ми се случи и пред оној последен дуел, 'мајсторка' за влез на 'фајнал-фор' турнирот на Евролигата, против Барселона. Лекарите констатираа дека се работи за една доста ретка повреда на ложата која ја третираат само двајца доктори, еден во Финска и другиот овде во Барселона каде што сум сега"- се обидува да појасни разочараниот Илиевски.
Нашиот интернационалец говори за она што го чека денеска.
"Лекарите треба да го исчистат, поточно да го исечат тој зарасток, кој со текот на времето се 'ширел', станувал с$ 'подебел' и на крајот, допрел и до нервот кој ми предизвикуваше и големи болки при тренингот и натпреварите"- појаснува Илиевски. "За денеска е закажана операцијата, а според лекарскиот тим, во болница би требало да останам до понеделник поради сите оние придружни работи, преврски, снимања и слично".
Засега Илиевски не сака да дава некои прогнози околу тоа колку би траела онаа задолжителна операција.
"Знам дека по операцијата цели две недели не ќе можам да патувам. Лекарите бараат да мирувам што е можно подолго. Сега колку ќе трае останува да видам. Реков ова е ретка повреда за еден спортист, можеби тоа ќе трае два, можеби три месеци. Не би знаел да кажам сега. Ако ништо друго, во исто време ќе ја санирам и онаа друга повреда, на скочниот зглоб.".
Во секој случај голема загуба ако се знае дека Илиевски беше виден како незаменлив партнер на капитенот Врбица Стефанов во стартната петорка на нашиот сенироски состав.
"Навистина ми е многу криво што сето ова ми се случува токму сега, на две недели пред почетокот на подготовките на националниот тим. Силно сакав да заиграм на ЕП со мојата генерација играчи. Но јас сум таков, не можам да кажам 'не'. Тренирав и молчев иако можеби тоа не требаше да го правам, с$ во интерес на некој мир во екипата. Никогаш не сум се штедел, така беше и сега додека бев играч на Тау Керамика. Веројатно тоа некој сакал максимално да го искористи. Се чувствувам, верувајте, како исцеден лимон. Како и да е, ќе се обидам да бидам заедно со соиграчите уште кога ќе бидат 'горе' во Крањска Гора, па с$ до Европското првенство во Полска. Ќе бидам најголемиот навивач од клупата, и секако сите да се надеваме на најдоброто"- порачува Илиевски од Барселона.
Б. Радуловиќ
На "хартија", Илиевски е играч на Унион Олимпија
Сериозни компликации ќе му донесе повредата и операцијата на нашиот искусен бек.
Освен што ќе мора да мирува, во исто време Владо Илиевски треба да се грижи и за играчката иднина.
Тој играше во оваа полусезона за Тау Керамика, но како позајмен играч на Унион Олимпија.
"Јас с$ уште имам валиден договор со У. Олимпија. Но не сум сигурен дека и понатаму ќе бидам дел од овој клуб, од причина што е најавено и намалување на договорите со најголем дел од играчите. Оттука е и прашање дали можат да ми го гарантираат тоа во Љубљана. Свесен сум дека не играв цел месец и половина. Сега ќе следи уште поголема пауза. Ќе видиме, да сум жив и здрав, па и тоа ќе дојде на дневен ред"- размислува Илиевски.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=BBDE61DE2242B74BB5394DC30DD34DF7