Стварно немам појма кој би играл на таа позиција, Ристе Стефанов веројатно. :raz:
Епа ај да ти помогнам ако немаш појма...:smir:
Македонски плејмејкери :
Ефтим Богоев - види му го шутот и се ќе ти е јасно...Освен некои ситни блесоци од него не може да се очекува ни да пренесе топка преку средина...
Горан Самарџиев - добар играч, после повредата лани се врати и во голем стил стигна до дупла круна со Фени...Ама, сезонава е невидено дрво, почнувајќи од шутот па после и со организирањето на играта на Фени...И самите фанови на Фени си кажаа дека сезонава беше еден од главните виновници за неосвојување на ниеден трофеј на својата екипа...
Димитар Мираковски - се врати во Фени и сите очекуваа дека повторно ќе биде оној стариот кој е измислен за нашава лига...Се знае како има играно дечково , влезови , шутеви, едноставно имаше се едно време и можеше да конкурира за репрезентација(во која и беше ), ама оваа сезона пак не покажа ништо од тие негови квалитети...Плус, сетете се на слободните фрлања у квалификациите...
Дарко Соколов - не е класичен плеј но во МЗТ сезонава играше како организатор и доста добро се снаоѓаше...Мислам дека е покорисен како бек-шутер и најверојатно ќе влезе на списокот на Арсиќ како 12-ти играч првенствено затоа што е борбен , пожртвуван и знае да цени дадена минутажа...
Ристе Стефанов што велиш ти...Ристе Сељакот не е плејмејкер, цела кариера игра како двојка а во репрезентација има играно и како крило...Така да, Ристе ќе патува за Полска ама тешко дека може да се искористи како организатор на игра...
Врба - иде дефинитивно, ќе има 30 минути по натпревар, зборови не се потребни...
Огнен Стојановски - добра , солидна сезона во која на крај се повреди и не знам колку време ќе биде отсутен и дали веќе ја санирал повредата...Знае да биде доста корисен, но му фали меѓународно искуство...
Е сеа за Јане....Пошо ситуацијата со плејмејкерите ни е благо речено очајна тогаш нема кој друг него Петровски...Игра у странство, јест да е Украина ама сепак боље него кај нас и што е најважно игра,има минутажа и тоа максимално го користи...Има убави бројки зад своето име и после добра сезона логично е да се најде на списокот за Полска...
Во состојба кога го нема Илиевски, кога сите плејмејкери од наша лига се вон форма , нема никој друг освен Јане...Стави на страна што играл за МЗТ, и тоа што ја навијам за МЗТ...Тоа во случајов нема никаква врска затоа што се работи за национални интереси ...