Коронавирус (COVID-19)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Имаше истражувања околу температурите. Испадна дека најдобра температура за вирусот е 9 степени: https://www.focus.de/gesundheit/ratgeber/erkaeltung/neue-modellrechnung-bei-9-grad-fuehlt-sich-corona-am-wohlsten-verschwindet-das-virus-im-sommer_id_11885151.html Еве го и текстот: https://www.medrxiv.org/content/10.1101/2020.03.12.20034728v3

Проф. Дорстен вика, дека голема температура, УВ-зраци и суша не се најдобри услови за вирусов. Али тоа не значи дека ќе изчезне вирусот. Овој период и есента биле најповолни за вирусот. Да се надеваме на жешко лето ако навистина ублажува.
Тоа значи, дека е добро да се ваксинират лугето за обичниот грип есента, заштото тогава може би ке чекаме новиот бран от корона вируса.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Апсолутно.
Еве ме мене, џабе ми е факултет, џабе ми е професија професор. Работа нема. Приватно има колко сакаш ама не е платено, пази како професор по Англиски у приватни школе и слично, плата максимум ти е 18 000. И тој зависиш много од колко групе имаш, колко часови недељно. Еј, 18 000, осигуран на минималац, лапај си. Што су 18 000?
Дека има работа, има. Ама не е платена, не е сигурна, превише варијацие од работу до работу и од фирму до фирму, посебно приватно, негде си осигуран и сас придонеси како што треба, негде си на минималац, ресто руку.
За државно па не ми се ни збори, прошла гарнитура у Куманово што беше а неверују и сга да е сменето, ако сакаш како професор да се запослиш, дали средња, дали основна, значи небитно, треба минимум 5000 евра ако немаш људи да пројдеш поевтино за да се подмачкав руке на дотични рѓе. Значи 5000 евра, за да се запослиш, за да работиш нешто за кое си завршија школу, посветија време и труд, да си платиш за да работиш хД.
Страшно ме нервирав такви коментари и ме тригернуев кд ги читам, као свет е розов и не знам што, не е. Работа има ама по коју цену и што прифаќаш само за да работиш. Сга па сс овуј кризу још позаебано ќе биде да најдеш работу и не знам како можев такој ноншалантно да си фрљав коментари, абе брат па напушти работу, работа по СК има колко сакаш. Има мој курац, за 18 000 - 20 000 осигуран на минималац, ресто на руку и без платен пут и хранарину. Па и тој не ти е сигурно дали свак месец на време и редовно ќе га земеш хД.
Јас затоа и искоментирав, не ни сакам да зборам за СК и малце поголеми градови бидејќи колку толку ете имаш некаква опција таму(во друго време, не ова сега со ковид) да избереш нешто, да напуштиш ако те третираат ко партал ама за оние помалите места каде у радиус од 100км има 3 фабрики само - НЕМА ИЗБОР. (не е дали он се плашел од неуспех или не сакал да научи нешто ново)
Тие 3 фабрики ги диктираат условите, платите и сфе тоа, ако не ти одговара тогаш апсолутно немаш никаква опција, не моеш да напуштиш пошо фамилија имаш дома, деца, шо и да е.
За администрација и државни работи, нема шо да збориме, сите знаеме каков е системот веќе години наназад.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.903
Поени од реакции
17.723
Човече, што толку си против да нема бутање еден во друг и да се има барем пола метро растојание? :) побогу, никој не вели во хазмат сутс да се шетаме.

Ставив фотографија какво е во Финска во нормален ден, зошто би ти било проблем да чекаш автобус насамо?

Не зборев за Скопје Куманово автобусот, зборев за ЈСП автобусите и пензионерите и нивната опседнатост во празен бус да се пикаат баш до тебе. За, чекање на станица да не зборам, сите како пингвини еден до друг.
Ја од 10 години возење у ЈСП во полупразен бус еднаш два пати има седнато до мене човек, и беа очигледно луѓе штрактнати во главата. Не е толку честа појава а и нема ништо да смени во поглед на вирусот. Бидејки најчесто во бус е калакурница и онака. Затоа и луѓе се туркаат уште на вратата, може да не влезеш и да касниш на работа или школо.

Од друга страна ја сум човек што ми е незгодно да се бута, ми се има десено да седам во ред пола саат без да се придвижам од луѓе што се пикаат пред мене :icon_lol: За луѓе како мене е заебано во државава. Меѓутоа очекувам некој период овие работи да бидат регулирани и да нема гужвање, ама истото нема да го спречи вирусот. Највеќе ќе се шири во затворена просторија, допирање со други луѓе најчесто поблиски пријатели и роднини. Истото може да го спречиш на краток рок од неколку месеци меѓутоа не и години.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493

Точно е дека изретерирал професорот или фејк њуз? Медиумов не ми е веродостоен некако
Автоматски споено мислење:

Може е до линијата ама во 5ка во Ѓорче поради пензионерскиот дом не си свесен какви окршаи има за тие пусти места на кои седат 30+ години. :)
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Нема такво работно место моментално, сите се до 2/2:30/максимум 3 часот. Освен секако полиција, војска, здравство и слично. Не претерувајте и вие сега, се прилагодуваат и фирмите према мерките, не само народот. Ако работиш во маркет не може маркетот до 16:00 да работи, па кога ќе се избројат каси, кога ќе се среди внатре, кога ќе си отидат вработените? Затоа се до 14:30 максимум.
Пола Битола има пропусници за одење и враќање од работа за време на полициски час. Имат разбирање некои фирми ама некои немат. На мајка ми пријателка работи во конфекциска фирма и за претходната сабота одговорните сакале да му извадат пропусници за да одат на работа и во сабота :D. Со малку полабави мерки (пр. од 18:00) многу ќе беа намалени гужвите.
И не ги заборавајте старите лица на кои треба да му се достават основни намирници :)

П. С. 21 ново оздравени!
18 ново заболени и 2 починати
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.502
Поени од реакции
2.632

Точно е дека изретерирал професорот или фејк њуз? Медиумов не ми е веродостоен некако
Автоматски споено мислење:

Може е до линијата ама во 5ка во Ѓорче поради пензионерскиот дом не си свесен какви окршаи има за тие пусти места на кои седат 30+ години. :)
Насловот е далеку од тоа што го кажа докторот во емисијата.Ја изгледав цела емисија и човекот се држеше за истите ставови што ги има уште од почетокот....За ситуацијата со маските рече дека би носел маска во маркет само поради фактот да не фати некој да го истепа поради паника плус рече дека маската е добра ако си болен како што и рекол во многу други ситуации.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Насловот е далеку од тоа што го кажа докторот во емисијата.Ја изгледав цела емисија и човекот се држеше за истите ставови што ги има уште од почетокот....За ситуацијата со маските рече дека би носел маска во маркет само поради фактот да не фати некој да го истепа поради паника плус рече дека маската е добра ако си болен како што и рекол во многу други ситуации.
Фала, затоа прашав, јасно ми е од пресовиве што новинари имаме.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.355
Поени од реакции
7.572
За тие што се надеваат на топлина како спас од ворусов гледајте го хаосот во Еквадор.
Па види временска прогноза во Еквадор, како кај нас во Март што беше навечер паѓа до 6 степени преку ден оди до 17. Тоа не е топло, значи мора константно над 25 степени и навечер и преку ден со појаки ув зраци. Така да во Еквадор е далеку од топло.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Види демографски проекции за Африка за наредните 100 години и стави ги природните ресурси и климатските промени во равенката и ќе дојдеш до заклучок дека она што Гејтс го сака не е ништо трагично туку неопходно. Патем Кина истото го правеше/прави со децении, што е тука толку шокантно? Колку повеќе популација толку повеќе потребни ресурси, кои за жал се ограничени. Кога нема ресурси има војни, глад, итн. Наместо да имаат по 7 деца ќе имаат по 2, голем кур.
Па тоа ништо не значи за Кина, ама за нација од 2м , не знам колку не значи.
Ова може да има до негде логика ако постои глобална влада, ама не сме зрели уште за тоа.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.750
Поени од реакции
9.909
Па тоа ништо не значи за Кина, ама за нација од 2м , не знам колку не значи.
Ова може да има до негде логика ако постои глобална влада, ама не сме зрели уште за тоа.
Нам наталитетот ни е катастрофа, како и на најголемиот дел од Европа. Никој не бара од нас да не правиме деца. Проблемот е Африка која ќе има огромен скок на популацијата, а како континент има најслаба економија и ресурси. Уште од сега идат со чамци во Европа. Гејтс сигурно не сака да ги мава со камења, сака да научат да користат кондоми.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.903
Поени од реакции
17.723
Па тоа ништо не значи за Кина, ама за нација од 2м , не знам колку не значи.
Ова може да има до негде логика ако постои глобална влада, ама не сме зрели уште за тоа.
Каква врска иаме ние со тоа. Тоа што нашата популација стагнира нема врска со Гејтс. Ние и со мерки на владата не може да го качиме наталитетот.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.518
Поени од реакции
7.617
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.
Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови:
- Скопје - 2
- Куманово - 9
- Штип - 2
- Тетово - 2
- Велес - 1
- Гостивар - 1
- Пехчево - 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.
Автоматски споено мислење:

За првпат кривата на активни случаи оди надолу иако ова е привремено.

1587382110439.png
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Сопрете се со теорииве на заговор овде, има подфорум мистерии за разглабање на натприродни појави, илуминати и масони.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom