Оваа цела ситуација со корона вирусов отвара многу прашања во поглед на здраството не само кај нас, туку општо во светски рамки.
Гледав доста внимателно интервју на еден доктор од Бугарија на нивната национална телевизија, каде што многу јасно даде објаснување за цела ситуација со пандемијата и подготвеноста на здраството, не само нивно локално туку општо за справување со оваа пандемија, гледам има доста Бугари кои споделуваат информации за кај нив па може да го постираат интервјуто па кој сака да го излгеда.
За да се справиш со пандемија основно се потребни 4 елемнети за да се справиш со неа, првата беше болниците и нивната припремност, втората искрено ја заборавив, третата се спремноста на докторите и четвртата можеби и најпотцената а иствовремено можеби и најважна, медицинските сестри.
Еден од најголемите митови во врска со падемијата е дека ако се купат респираторни машини се завршило работа, всушност купувањето на респираторни машини само ќе ја зголеми смрттната стапка , бидејќи е доста доста битно да се знае да се работи со нив.
Во просек пример на секоја респираторна машина треба да има 2,2 сестри кои ќе работат на тој респиратор 24 часа дневно, бидејќи само одење по ВЦ или мал одмор кои би и бил потребен на сестрата во тие 24 часа може да значи смрт за пациентот, ако не се реагира навремено во дел од секундата.
За една медицинска сестра да е способна да работи сама на респиратор е потребно време од подготовка од најмалку 3 години во најдобар случај , за таа да биде спремна, значи во превод ако купиме 300 респиратори ќе ни се потребни 660 спремни медицински сестри кои ќе работат во смени од 12 часа без никаков одмор, нешто кое ние го немаме, а богами го немаат и другите.
Една многу битна работа која мора да се има во предвид при најголема криза е психичката спремност на персоналот во болниците, ако треба тие да бират кого да стават на таа респираторна машина е тогаш медицинскиот персонал доживува нервен слом од кој не може да се опорават и дигаат раце од работа, едноставно не може да го издржат психичкиот товар кој би им се наметнал да дојдат до таква ситуација да бират кој живот е потребен да се спаси, тоа би ги дотолчело на цело.
Главниот проблем поради кој се доведе цел свет до ова е тоталното игнорирање на властите кон гранката епидемологијата, општо познато е дека таа гранка не носи финасиски профит и токму поради ова власите на речиси сите земји (со исклучок можеби само на Германија) не одобруваат на финасиските барања кои се побарани од таа гранка за нормално да функционирање, бидејќи како што рече и докторот самиот секоја гранка има своја тежина во медицината но оваа е директно поврзана со националната сигурност на државата и треба да биде третирана како таква гранка не само од министерството за здраство, туку и од агенциите или министерствата одговорни за државната сигурност, а гранката воопшто не е третирана на тој начин, па доаѓаме до парадоксот платата на еден доктор од таа гранка да биде и за цели 25 пати помала од платата на некој друг успешен доктор во друга гранка, нешто за кое уште сам старт зборуваа и итаилјанските и шпанските епидиомолози за Роналдо-Меси случајот кој беше веќе напишан на форумот и темата.
Токму овој сооднос на платите ја прави оваа гранка речиси неинтересна за младите доктори, па поголемиот број од докторите кои моментално се борат против короната се во таа ризична група на луѓе кои се заболуваат од неа поради својата старост.
Бројот на персоналот е исто така битен, значи 2,2 сестри на пациент, за Бугарија пример да се справи со кризата и се минимално потребни 1200 епидемиолози, а таа располага со едвај 400-500 од кои преку сила дали 200 се спремни да работат во вакви услови, пример оваа бројка како прашање кај нас никој не ја поставил на Филипче или воопшто не го анализирал овој податок.
Исто така по мене доста интересен податок за Бугарија кој го сподели е дека во периодот 2008/09 за време на пандемијата на Свински грип, во Бугарија како последица на тоа во еден месец умираат 4000 пациенти, од сите старосни граници, родилки и.т.н. па немало такви мерки како сега кога умираат во најголем процент веќе болни и пациенти кои се во длабока старост, односно се дава некакво претерано внимание на самата пандемија од медиумски аспект.
На крај од кога го изгледав интевјуто кое траеше некаде 14 минути може лесно да се заклучи дека потценувањето на една гранка во медицината години наназад не донесе денес да бидеме во таква каша, од која излез во близок временски период најверојатно ќе нема.