Не сакам дебата со сооднос 3-1, но ти си еден од најразумните на таа провакс страна.
Факт е дека сите заедно сме во го*на, само имаме различен пристап при решавање на проблемот. Мојот е поотворен, без ограничувања на внатрешен план, со контрола за влез во државата на граничните премини односно на аеродромите. Овие вакцини не ги гледам како излезното решение, на долг рок, затоа што брзо се менуваат мутациите и вакцините се се помалку и помалку ефикасни.
Требаше да се сервира вистината за вирусот уште од самиот старт, а не да се крева паника (како што се крева за Омикрон каде сеуште не ги знаеме сите потребни факти, па дури ни дали вакцините се ефикасни или не). Сѐ се темели на новинарски претпоставки, формулирани како прашања, а ние ги гледаме како факти! Новинарите треба да поставуваат прашања и да се во постојана потрага по одговорите на тие прашања.
Сега знаеме дека овие досегашни мутации беа доста опасни за постарата популација. Да се настапеше со овој пристап на сервирање на податоците, ќе имавме позитивни ефекти. Немаше ни да имаме до тој обем турканици во маркитите, дезинформации, формирање на култови, развивање на нови свои теории и видувања. Дистанца и маски, тоа е сѐ. Сега има и вакцини, препорака за вакцина и тоа е сѐ. Ако државата ги донесеше вакцините на време, ќе го постигнеш својот максимум од аспект на вршење на своите должности. Нејзина работа не е да се меша во здравствените прашања и проблематики на поединецот.
Тука може да дојде до израз аргументот "јавно здравје", ама со трансмисијата и со историјата која ја има секоја Влада 91-21, срамно е да се фаќаат за тој аргумент. И да се фатат, ете изразат волја за некоја позитивна промена, очекувам логички мерки кои ќе важат за сите. Целта на мерките е неоптеретување на здравствениот систем, систем во кој повеќе вложуваат странците (портфолио, СДИ или донации) и приватниот сектор, отколку власта од буџетските средства (иако на хартија, да, повеќе пари- 40 милијарди). Разликата на терен е евидентна. Тука е најголемата разлика. Најлошо здравство во Европа. 45% стапка на смртност! Пред месец дена донесоа протокол за лекување! Башка, ние имаме висока стапка на починати граѓани кои биле целосно имунизирани (30-40% на неделна основа последните 2 месеци!).
Нема ни интерес кај самата Власт да повлече чекори, во форма на стимулативни средства. Лажниот наратив не поминува. Мерките им беа: вирусот дење спие, ноќе шета, врзан е за одредени верски празници, апстинира за време на изборниот процес, се шири во затворен, но не во секој затворен простор, ги штитиме вакцинираните од невакцинираните ...Апсурд до апсурд.
Ние тука имаме кинески вакцини (кои не ги бива за qr, а тоа го говори и гласната докторска фела каде препорачува трета доза за сите кои примиле кинеска, плус најголем процент од починатите се имунизирани со овие вакцини), имаме Џ'н'Џ (која има ефикасност од 2 месеци) и имаме Фајзер (која се фаворизира и од самата Влада!). Имаше и Спутник, одредена донација, ама мислам дека залихите се потрошени. АЗ само за лицата над 60 год (ако не грешам!).
Шансите да почине, здраво и младо лице, се мали. Шансите за хоспитализација се навистина мали. Шансите за лонгковид (дури и со вакцина- 35%) се енигма. Младите се вакцинираат за да може да шетаат (а така, нели, само се шири вирусот). Најди го крајот.
Ако лично се прашувам, би го прифатил системот од УК. Да имаат висока имунизација, која ние никогаш нема да ја достигнеме, ама нема ни да ја доебеме економијата. Ние ја немаме финансиската моќ на една твоја Германија која може да си дозволи екскурзии со карантини. Големото прашање е: што се чека? Интерес нема, мора постепено да се враќаме во нормала. Причините, за обостраното отсуство на интерес ги кажав. Секој со својата среќа.