Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Омикрон, Делта+ се присутни во ЕУ. Да резимираме.
Празници се ближат.
На ГП Табановце ќе има огромни колони од возила, односно наплив на патници од една одредена група на граѓани која е докажано број еден во ширење на заразата во Македонија.
Злите јазици би рекле, дека таа одредена група на граѓани ќе помогне за побрзо да се запознаеме со новите соеви.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305

Swiss voters in a referendum Sunday backed government measures to fight the pandemic, according to early projections, including a COVID certificate for entry into restaurants, bars and other public places that had sparked vocal opposition.

More than 60 percent of voters supported the measure, according to Swiss media and the research institute gfs.bern.

:love:
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Алемка Маркотич, прфрсор член на Хрватскиот Ковид гестапо/кризен штаб/
Вика, порано вакцините се испитуваа врз бедни деца од Африка, Азија, зашто денеска да не се испитуваат врз нашите деца, Европејци, Американци...

И јас сум согласен со неа, но треба јасно да се каже и без принуда, уцени, за кој несака да учествува. Кај и да е пет-десет Хрватски деца, доброволци ќе најдат ;)...
Исто така нормална практика е да се плаќа на учесникот во медицинскот експеримент, освен при тешки болести, без лек, пример рак, сида, таму има доброволни кандидати.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.234
Поени од реакции
5.219
Убаво се сеќавам кога бев болен од корона(јануари-февруари)баш тој период по медиумите беше актуелен ,,британскиот" сој и дали е воопшто присутен во државава...за на крај да се утврди дека уште во декември 2020 имало случај со британскиот сој кај нас.

Затоа мислам дека и овој сој омикрон е меѓу нас.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
Види го за што покажува љубов бе, што чоече си ти?
Дно еј, какво дно фашистичко допревте, страшно нешто.
а вие гебелс фабрикатори, одамна го пробивте дното.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.275

Swiss voters in a referendum Sunday backed government measures to fight the pandemic, according to early projections, including a COVID certificate for entry into restaurants, bars and other public places that had sparked vocal opposition.

More than 60 percent of voters supported the measure, according to Swiss media and the research institute gfs.bern.

:love:
Швајцарија, земја каде секој граѓанин е и полицаец
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Е ај сега размисли шо си напишал па одговори ми.
Се слагам дека зависи од прајмерот дали ќе биде позитивен или не, покрај бројот на циклуси кој никој не го кажува.
Е сега одговори дали има прајмер кој е строго специфичен за секој сој.
Дали еден прајмер може да открива повеќе соеви.
Дали тој прајмер ќе дава специфични сигнали во зависност од сојот.:cuc:
Како знае кој прајмер да го користи кога тоа е еден кит, целосен комплет.
Дали се користи нов комплет со прајмер за омикрон.
Дали ако користи кит за омикрон ќе биде позитивен на било кој сој исто така.
Дали тој прајмер ќе открива и други нови соеви итн !!
Прегледај го приврзокот 314816
Se znae koj e rasporedot na bazite. Prajmerite gi sodrzat tocno specificnite bazi, i pri multifikacija vo real-time PCR se podreduvaat na tocno odreden nacin. Taka znaat dali e alfa, beta, delta ili omikron itd itd.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.787
За какво мешање збориш. Модерна за првичнава вакцина им биле потребни 2 дена да ја направат, зашто за оваа варијанта ќе им требаат 2 недели.... или не знаеше дека ја направиле за 2 дена :confused: :cautious:
... ај што се мачиш да објаснуваш, што ќе прават со милиони дози антиковид вакцини кои сите држави ги имаат во залиха? да не ги фрлат случајно, ќе знае некој кога ќе се боцне дали е нова модифицирана антиковид вакцина според сојот омикрон или старите од алфа сојот или гола вода, сите гледаат само шприц со игла и безбојна течност, ниту гледаат што антиковид вакцина им се става, ниту рок на трајност, а не пак дека е нова модифицирана! :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
... ај што се мачиш да објаснуваш, што ќе прават со милиони дози антиковид вакцини кои сите држави ги имаат во залиха? да не ги фрлат случајно, ќе знае некој кога ќе се боцне дали е нова модифицирана антиковид вакцина според сојот омикрон или старите од алфа сојот или гола вода, сите гледаат само шприц со игла и безбојна течност, ниту гледаат што антиковид вакцина им се става, ниту рок на трајност, а не пак дека е нова модифицирана! :D
Па ќе ги фрлат, што им е гајле, не ги купиле со нивни пари, туку од буџетот и пак ќе купат нови, со наши пари.
Мене ме секира тоа што го збореа за овој бран што иде, дека ќе е послаб од другите, што и логично изгледаше, а сега излегува дека и за ова се во грешка.
Некои уште пред некоја година прогнозираа дека во 2022 ќе има некаква епидемија, па сега го имаме Мороник. :cautious:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.787
Па ќе ги фрлат, што им е гајле, не ги купиле со нивни пари, туку од буџетот.
Мене ме секира тоа што го збореа за овој бран што иде, дека ќе е послаб од другите, што и логично изгледаше, а сега излегува дека и за ова се во грешка.
Некои уште пред некоја година прогнозираа дека во 2022 ќе има некаква епидемија, па сега го имаме Мороник. :cautious:
ааааааа не смеат, изгледа така им пишува во нетранспарентниот договор!
... ако мислиш за бранот со омикрон сојот, едноставно дава само омалаксаност и некоја забрзана срцева работа посебно кај помладите и ништо друго како симптом, барем така прочитав од искуство на една докторка токму каде се појавил омикрон сојот!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
ааааааа не смеат, изгледа така им пишува во нетранспарентниот договор!
... ако мислиш за бранот со омикрон сојот, едноставно дава само омалаксаност и некоја забрзана срцева работа посебно кај помладите и ништо друго како симптом, барем така прочитав од искуство на една докторка токму каде се појавил омикрон сојот!
Времето ќе покаже, но штом и двата спротивставени извори очекуваат тешка година по здравјето на луѓето, големи се шансите тоа да се случи. Но тогаш СЗО и остала багра се што кажаа до сега пропаѓа во вода.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.787
Времето ќе покаже, но штом и двата спротивставени извори очекуваат тешка година по здравјето на луѓето, големи се шансите тоа да се случи. Но тогаш СЗО и остала багра се што кажаа до сега пропаѓа во вода.
...додека седат инфицирани антиковид вакцинираните дома и ќутат за состојбата, посебно медицински лица, де жа ву ситуација ќе биде низ болниците,
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Гледам еден пријател од Израел го споделил, се надевам се повеќе ќе се освестуваат таму. Први ќе ја кркаат новата вакцина против Омикрон.

1638141049134.png
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Бафра среќа што не водиш таква компанија ки знајт што ќе ни смешаше.
Не сакам дебата со сооднос 3-1, но ти си еден од најразумните на таа провакс страна.

Факт е дека сите заедно сме во го*на, само имаме различен пристап при решавање на проблемот. Мојот е поотворен, без ограничувања на внатрешен план, со контрола за влез во државата на граничните премини односно на аеродромите. Овие вакцини не ги гледам како излезното решение, на долг рок, затоа што брзо се менуваат мутациите и вакцините се се помалку и помалку ефикасни.

Требаше да се сервира вистината за вирусот уште од самиот старт, а не да се крева паника (како што се крева за Омикрон каде сеуште не ги знаеме сите потребни факти, па дури ни дали вакцините се ефикасни или не). Сѐ се темели на новинарски претпоставки, формулирани како прашања, а ние ги гледаме како факти! Новинарите треба да поставуваат прашања и да се во постојана потрага по одговорите на тие прашања.

Сега знаеме дека овие досегашни мутации беа доста опасни за постарата популација. Да се настапеше со овој пристап на сервирање на податоците, ќе имавме позитивни ефекти. Немаше ни да имаме до тој обем турканици во маркитите, дезинформации, формирање на култови, развивање на нови свои теории и видувања. Дистанца и маски, тоа е сѐ. Сега има и вакцини, препорака за вакцина и тоа е сѐ. Ако државата ги донесеше вакцините на време, ќе го постигнеш својот максимум од аспект на вршење на своите должности. Нејзина работа не е да се меша во здравствените прашања и проблематики на поединецот.

Тука може да дојде до израз аргументот "јавно здравје", ама со трансмисијата и со историјата која ја има секоја Влада 91-21, срамно е да се фаќаат за тој аргумент. И да се фатат, ете изразат волја за некоја позитивна промена, очекувам логички мерки кои ќе важат за сите. Целта на мерките е неоптеретување на здравствениот систем, систем во кој повеќе вложуваат странците (портфолио, СДИ или донации) и приватниот сектор, отколку власта од буџетските средства (иако на хартија, да, повеќе пари- 40 милијарди). Разликата на терен е евидентна. Тука е најголемата разлика. Најлошо здравство во Европа. 45% стапка на смртност! Пред месец дена донесоа протокол за лекување! Башка, ние имаме висока стапка на починати граѓани кои биле целосно имунизирани (30-40% на неделна основа последните 2 месеци!).

Нема ни интерес кај самата Власт да повлече чекори, во форма на стимулативни средства. Лажниот наратив не поминува. Мерките им беа: вирусот дење спие, ноќе шета, врзан е за одредени верски празници, апстинира за време на изборниот процес, се шири во затворен, но не во секој затворен простор, ги штитиме вакцинираните од невакцинираните ...Апсурд до апсурд.

Ние тука имаме кинески вакцини (кои не ги бива за qr, а тоа го говори и гласната докторска фела каде препорачува трета доза за сите кои примиле кинеска, плус најголем процент од починатите се имунизирани со овие вакцини), имаме Џ'н'Џ (која има ефикасност од 2 месеци) и имаме Фајзер (која се фаворизира и од самата Влада!). Имаше и Спутник, одредена донација, ама мислам дека залихите се потрошени. АЗ само за лицата над 60 год (ако не грешам!).

Шансите да почине, здраво и младо лице, се мали. Шансите за хоспитализација се навистина мали. Шансите за лонгковид (дури и со вакцина- 35%) се енигма. Младите се вакцинираат за да може да шетаат (а така, нели, само се шири вирусот). Најди го крајот.

Ако лично се прашувам, би го прифатил системот од УК. Да имаат висока имунизација, која ние никогаш нема да ја достигнеме, ама нема ни да ја доебеме економијата. Ние ја немаме финансиската моќ на една твоја Германија која може да си дозволи екскурзии со карантини. Големото прашање е: што се чека? Интерес нема, мора постепено да се враќаме во нормала. Причините, за обостраното отсуство на интерес ги кажав. Секој со својата среќа. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom