Ќерка ми, пред нешто помалку од две недели, се врати од одмор со деца од училиште. Симптоми - тие: грло, нос течење...Оноа, прв ден грло, втор ден плус течење обилно од нос, после температура, па прекин на грлоболка - до кај трети ден, четврти ден - намалување на температура и покомпактен исцедок од нос и така натаму... Според развојот на симптомите и времето кога се појавија, колку имаше позитивни тогаш, како и некои други информации, јас, кој секогаш дигам повеќе џева од потребно, проценив дека не е Ковид, туку од еркондишнот у аутобус.
Инаку, и јас и жена ми подоцна се заразивме од неа, а и други деца пријавија симптоми.
Жена ми инсистираше да ја провериме, а ја викав да не фрламе пари.
На ќерка ми почна да и поминува после неколку дена, ама сепак фрливме пари и испадна негативна, а и на нас речиси и да ни помина.
Вирусче некое, ама не Ковид, фала Богу.