Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.835
тенеке или познава некој таков или пријател му кажал. Тоа е лажење без усул.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Јас сите починати од ковид шо ги знам беа најчесто асматичари,шеќераши,срцево болни или пушачи.
Јас сите починати од ковид што ги знам беа најчесто луѓе што доколку починеа во 2019 година, ќе беа починати од срцеви заболувања, канцери, мозочни удари и слично.
Некои ќе беа починати од старост. Менка направила 85 години, па починала, па никој немаше да праша од што почина, туку ќе речеа „ај стара беше“.
Денес од друга болест не се умира.
Денес смртноста е само од корона.
Магнетна/компјутерска томографија и редовните контроли се е сведено на минимум. Жените се оставени скоро година и пол една мамографија да не можат да направат. Сето тоа може да почека, сето тоа не е важно.
Во болницата за срцеви заболувања Св. Стефан во Охрид, не те примаат освен ако немаш животозагрозувачка состојба и сл.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Мене ми е јасно дека здравство кај нас е катастрофа.Стручниот кадар избега во странство.Нема доволен персонал и поради тоа шо рамковните седат дома а се водат дека се вработени како медицински лица.Ама дека вирусов е поопасен за здрави него за лица со хронични болести малку е тешко за верување.
Не бе душо, каде прочита дека сум пишала дека вирусот е поопасен за здрави лица, напротив, пишав дека оваа мутација нова не е поагресивна од претходната.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Јас сите починати од ковид што ги знам беа најчесто луѓе што доколку починеа во 2019 година, ќе беа починати од срцеви заболувања, канцери, мозочни удари и слично.
Некои ќе беа починати од старост. Менка направила 85 години, па починала, па никој немаше да праша од што почина, туку ќе речеа „ај стара беше“.
Денес од друга болест не се умира.
Денес смртноста е само од корона.
Магнетна/компјутерска томографија и редовните контроли се е сведено на минимум. Жените се оставени скоро година и пол една мамографија да не можат да направат. Сето тоа може да почека, сето тоа не е важно.
Во болницата за срцеви заболувања Св. Стефан во Охрид, не те примаат освен ако немаш животозагрозувачка состојба и сл.
Јасно ми е дека цел здраствен систем е блокиран со изговор дека е се поради ковидов.Како други болести не постојат.Уште не ни е закажано каква пандемија од други нетретирани болести не очекува.
Автоматски споено мислење:

Се согласувам. И мене не ми се верува дека млада и здрава личност на 23 години без никакво заболување починала од вирусов и дека нема пропуст во лекувањето. Филипче треба дебело да одговара за оваа катастрофа и неговите послушници. Но тоа нема да се случи, ќе се тера бизнис и клинички мора да се прави и да се намлатат пари на него.
Исто треба и да објаснат зошто покрај толку празни касарни низ државава решија да прават модуларни болници?
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
36
Поени од реакции
46

Еве слушни исповед на родител кој е убеден дека заради системот му починала ќерка му на 23 години без тие горенаведени состојби.
Има и интервју со директорката на инфективна, кога ја прашуваат зашто е толку голема смртноста одма вели дека се транспаренти. Класична комуњарска изјава што ја слушаме последни 4 години. Потоа наредно дека докторите сите што имааат коронавирус и починат ги пишуваат дека се починати заради коронавирус и да имале некое друго тешко заболување. Очигледно дека не е видела месечен билтен од завод за статистика во кој бројките на починати се огромно покачени.
Директорката на инфективно дури во камера гледа и го изедначува македонско здравство со тоа во западни земји :tapp: тешко ја удрила когнитивна дисонанца.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.471
Исто треба и да објаснат зошто покрај толку празни касарни низ државава решија да прават модуларни болници?
Затоа што во таквите касарни греота е да биде здрав, прав, млад војник, а камо ли болен човек.

Не се сеќавате какви беа условите кога ги ставија во карантин повратниците од дијаспората?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Не се сеќавате какви беа условите кога ги ставија во карантин повратниците од дијаспората?
Ептен убави услови имаа овие 15 живо изгорени луѓе во тетовската модуларна болница.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Тебе сè ти е јасно освен некои работи околу правописот и оставање празни места по интерпункциски знаци.
Тие работи никако да ти се разјаснат.
Ова мислам дека сосема му ги побива тезите у дискусијата.
well done
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ете, пошто некои инсистираа дека тоа младо 32годишно момче кое починало, било со коморбидитет (од сликите виделе), ете го девојчето (за кое постирав текст пред икс страни), што сега ќе најдат као повод. Последната реченица на докторката дека сите носиме вина? :notworthy:
Затоа што во таквите касарни греота е да биде здрав, прав, млад војник, а камо ли болен човек.

Не се сеќавате какви беа условите кога ги ставија во карантин повратниците од дијаспората?
на исто рамниште ако не и подобри неголи на интензивна у клиники.

Ветено било новиот клинички да е готов до 2019. Јас не го гледам
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.128
Поени од реакции
10.471
Ептен убави услови имаа овие 15 живо изгорени луѓе во тетовската модуларна болница.
Настрана целата ситуација со пожарите. За тоа секако треба да се одговара.

Поентата ми беше дека условите во државата во сите државни институции се катастрофални и нечовечни. И сигурно има и такви со билатерална пневмонија кои што и ден денес лежат на промаја и влага.

Лошото е што наместо да се коригираат ваквите недозволиви грешки, они прават дупло поголеми.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
Јасно ми е дека цел здраствен систем е блокиран со изговор дека е се поради ковидов.Како други болести не постојат.Уште не ни е закажано каква пандемија од други нетретирани болести не очекува.
Автоматски споено мислење:


Исто треба и да објаснат зошто покрај толку празни касарни низ државава решија да прават модуларни болници?
мојата матична си измисли закажување, не само за преглед туку и за телефонска консултација... тешка мизерија
За специјалистии доктори да не кажувам... и не само државните, туку и приватните станаа шупелки, само бизнис шаблони си тераат...
Башка што во државата 20+ години нема клинички имунолог за возрасни а нема и многу други работи...
Од друга страна, ако имаш човек во државните болници СЕ може да направиш на државно... како под ИТНО му напраиле ласерски третман кој во Ремедика е 1500 евра ама на државно, или пак магнетска резонанса која е 300евра во Филип 2 може и во државните болници за 900мкд ама АКО имаш чоек...
Ова е стара работа, уште од ЕхЈу, јас 3 месеца изгубив како студент по забни амбуланти за 4-5 заба, се лошо ги направија па по 3-4 години ги вадев, ќе чекаш од 07 до 13ч !!!.. а другар што работеше тетка му, не само што не чекаше, туку и златна коронка без пари му направија, од туго златро што стругаат па ги збираат шпоновите долу на весник...
Тоа е нашата Здравствена МИЗЕРИЈА, САМО УКИНУВАЊЕ на Државно здравство како ПОИМ, САМО гинекологија, заразни болести и ургентна медицина, се друго ПРИВАТНО..
А ЛОПОВСКИОТ ФОНД за Здравство треба да признава после, ете нека има Ценовник по кој признава
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Сите обврски на државата, кај нас, се - ако имаш човек.
Здравство, судство и тн.

Јас имам пријател кој работи во здравство и увек ми вика - не се заебавај, ако имаш мака - кажувај, не иди сам.

Додека државата не ги сфати сериозно своите обврски, не ме интересира даночното обврзништво на другите, т.е. - Не ми давајте фискална - им викам секаде кај што можам.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.181
Поени од реакции
17.990
Со оглед дека аксиозност и депресија е втор коморбидитет со 24% за смртен исход од корона, ако ништо друго вакциниве ќе имаат добар плацебо ефект.
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
82
Поени од реакции
77
И уште нешто друго од истиот извештај. Вкупно излечени во болница 6.909 од вкупно оздравени досега 167.810.

Вкупно досега позитивни 187.068
Вкупно починати 6.472
Активни во моментов 12.786


4.12% биле во болница и се излечиле.
3.85% починале.

Тоа значи дека помалце од 8% се сериозни случаи од сите тестирани позитивни. Ова по официјална статистика, реално знаеме дека имаме многу повеќе позитивни кои никогаш не стасаа да се тестираат.

Ова малце да подразмислат некој луѓе оти познавам такви што си мислат дека 50% од позитивните одат во болница.

Многу нормално се повеќе позитивни од 187к. Додај пута 2/3 на таа бројка, тоа е реалната бројка.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.732
кај нас мислам се уште не се размислува за вакцинирање на деца ???
https://www.medrxiv.org/content/10.1101/2021.08.30.21262866v1?fbclid=IwAR3dOnaGKscAutUiMkwrnmflLIJCodgF1860jCs9jFkBJ6wylswo7CV75qA

...
Dr Jovana Stojković - zvanična stranica
14 септември во 13:05 ·
Aнализа медицинских података сугерише да је код дечака од 12 до 15 година, без икаквих пратећих болести, четири до шест пута већа вероватноћа да ће добити дијагнозу миокардитиса повезаног са вакцином него што ће завршити у болници због К-19.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom