Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
267
Поени од реакции
424
Najdobro da organizirame nekoja zhurka i da dojdeme cela drzhava da se zhurkame i uz put da se zarazime site i koj fati - fati, koj umre - umre i ke se stavi tochka na ova ludilo. Eve moze kaj mene doma. Samo viknete DJ.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Сантели душо, не шпекулирај со податоци..јас досега немам сретнато податок за број на заболени деца, тинејџери, како сакаш кажи ги..дај боже така и да остане.
Види, на две блиски пријателки девојчињата се позитивни..двете биле во група 4-5 девојчиња сместени заедно во Охрид. Сите се позитивни. Комшивка ист случај со синот, 17 годишен.
Ако за тебе шпекулација е да познаваш над 10 позитивни млади луѓе, извини што не ги пишувам со иницијали... Никој не искочил со бројка, тоа е точно. Ти кажувам за тие што ги познавам и сигурно ми е повалидна информацијата од ќопавите портали.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558

Секојдневно сум опкружена со куп деца, така да податокот не ми е од ќопави портали, не ми ни треба, едноставно пратам, слушам, гледам каква е реалната состојба и колку ковидот е опасен кај нив.
Таа бројка од десетина заболени деца не е никаков показател, исто како порано што имавме сезонски настимнки. стомачни вируси.....ништо страшно.
Уште едно прашање за тебе...Каква клиничка слика имаа тие десетина млади луѓе што ги познаваш?
Да не бидам погрешно разбрана и дека одам нешто контра, но верувај дека ми е страв...убаво рече еден научник дека пандемијава допрва почнува а не завршува како што ние се надеваме и сакаме, допрва ќе има нови мутации на кои овие вакцини не делуваат оти тие се правени по првата варијанта а не по овие новиве.
:toe:
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.190
Поени од реакции
21.333
Najdobro da organizirame nekoja zhurka i da dojdeme cela drzhava da se zhurkame i uz put da se zarazime site i koj fati - fati, koj umre - umre i ke se stavi tochka na ova ludilo. Eve moze kaj mene doma. Samo viknete DJ.
Па ај почни од твојот опкруг па да одлучиме ние од ко ќе видиме како ќе поминете.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.257
Поени од реакции
78.895
Види, на две блиски пријателки девојчињата се позитивни..двете биле во група 4-5 девојчиња сместени заедно во Охрид. Сите се позитивни. Комшивка ист случај со синот, 17 годишен.
Ако за тебе шпекулација е да познаваш над 10 позитивни млади луѓе, извини што не ги пишувам со иницијали... Никој не искочил со бројка, тоа е точно. Ти кажувам за тие што ги познавам и сигурно ми е повалидна информацијата од ќопавите портали.
Ќерка ми, пред нешто помалку од две недели, се врати од одмор со деца од училиште. Симптоми - тие: грло, нос течење...Оноа, прв ден грло, втор ден плус течење обилно од нос, после температура, па прекин на грлоболка - до кај трети ден, четврти ден - намалување на температура и покомпактен исцедок од нос и така натаму... Според развојот на симптомите и времето кога се појавија, колку имаше позитивни тогаш, како и некои други информации, јас, кој секогаш дигам повеќе џева од потребно, проценив дека не е Ковид, туку од еркондишнот у аутобус.
Инаку, и јас и жена ми подоцна се заразивме од неа, а и други деца пријавија симптоми.
Жена ми инсистираше да ја провериме, а ја викав да не фрламе пари.
На ќерка ми почна да и поминува после неколку дена, ама сепак фрливме пари и испадна негативна, а и на нас речиси и да ни помина.
Вирусче некое, ама не Ковид, фала Богу.

Денес гледам дека многу родители спијат на тоа уво, што е погрешно, затоа што, ако ништо друго, у изминативе пола месец епидемиолошката слика е доста променета.
 
На овие тропски горештини, кога секој човек се лади како знае и умее, дали со ладна вода, сокови или пиво,сладоледи, па спиење навечер со вклучени клими, вентилатори, клими у кола, во продавници...излези влези од пекол топло во ладно.......така да сите си кашламе, сите не гребе грло. шмркаме, па и температура имаме, но никој одма не трча тест да прави...СИТЕ СПИЕМЕ НА ТОА УВО:toe:
Ако ни треба тест за излегување од граница, ете тогаш птравиме тестирање за ковид.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.639
Поени од реакции
38.821

Изненадувачки е колку има вистина во видеово, особено околу вакцините
држи вода муабетов, само што некако помалце луѓе умираат со вакцина него без вакцина. Чудна работа, можеби треба да го прашаме типчево на видеово што мисли околу тоа?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.759
Поени од реакции
17.457
Ајде тенеке, попаметен си од тоа. На 30 посто вакцинирани, 12 посто од заболените се вакцинирани. Кој црни 80 посто :D Поедноставно, ако имаш 0 посто вакцинирани ќе имаш 0 заболени вакцинирани. Тоа ен значи дека вакцината е 100 посто ефикасна.
Со оглед дека Министерството за здравство планира редовно секој петок да дава вакви информации, чисто технички пресметано, настрана сета логика и импликации, сега засега, ефикасноста на вакцините кај нас е

- 85.2% заштита од поболување
- 100% заштита од смрт
- нема информации за број на хоспитализирани со вакцина
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.175
Поени од реакции
17.972
Ајде тенеке, попаметен си од тоа. На 30 посто вакцинирани, 12 посто од заболените се вакцинирани. Кој црни 80 посто :D Поедноставно, ако имаш 0 посто вакцинирани ќе имаш 0 заболени вакцинирани. Тоа ен значи дека вакцината е 100 посто ефикасна.
Реков дека ќе се воздржам од логички коментари и заклучоци :D

Чисти математичко-технички пресметки.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.236
Поени од реакции
5.235
само што некако помалце луѓе умираат со вакцина него без вакцина.
Да вистина е тој исказ, но како беше првично ? Дека ги сузбива шансите да се заразиш на минимално ниво(што е во сосема во ред), па дојде делта сојот сега фактички вакцините штителе од тешки симптоми/ смрт.

Што ќе биде со наредниот сој од што ќе не штитат вакцините тогаш?
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Да вистина е тој исказ, но како беше првично ? Дека ги сузбива шансите да се заразиш на минимално ниво(што е во сосема во ред), па дојде делта сојот сега фактички вакцините штителе од тешки симптоми/ смрт.

Што ќе биде со наредниот сој од што ќе не штитат вакцините тогаш?
Ако вакцините не штитат воопшто од некој нов сој, ниту од потешка слика ниту од заразување тогаш тој сој веќе нема да е Sars Cov 2.

Факт е дека помалку луѓе умираат, направив споредба за бројките во истиот период за Шведска и Британија. Лани ова време смртност 1.64% и 3% (Шведска/ УК), оваа година 0.12% и 0.16%.

Исто така факт е дека речиси секоја земја има за 2020та година скок во морталитетот од 10-20% што се фрапантни скокови за една година. Не постои држава на светот што може таков притисок да издржи и да остави се да тера како нормално.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.639
Поени од реакции
38.821
Да вистина е тој исказ, но како беше првично ? Дека ги сузбива шансите да се заразиш на минимално ниво(што е во сосема во ред), па дојде делта сојот сега фактички вакцините штителе од тешки симптоми/ смрт.

Што ќе биде со наредниот сој од што ќе не штитат вакцините тогаш?
Друже, без вакцини ќе ги броеме само мртвите, батали гомнојадци на нет што зборат. Никогаш никој не тврдел дека со вакцина не можеш да се заразиш, само некои антиваксери тоа го верглаат. Мене и пред да се вакцинирам јасно ми беше дека нема да бидам 100% сигурен и затоа пазам.

Имаш вакцинирани тралалајки што удрија бригу на весеље и се испозаразија. Али тоа не е до вакцината, него до луѓето. Мора да се штитиме колку можеме од зараза дури и со вакцина.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.175
Поени од реакции
17.972
Друже, без вакцини ќе ги броеме само мртвите, батали гомнојадци на нет што зборат. Никогаш никој не тврдел дека со вакцина не можеш да се заразиш, само некои антиваксери тоа го верглаат. Мене и пред да се вакцинирам јасно ми беше дека нема да бидам 100% сигурен и затоа пазам.

Имаш вакцинирани тралалајки што удрија бригу на весеље и се испозаразија. Али тоа не е до вакцината, него до луѓето. Мора да се штитиме колку можеме од зараза дури и со вакцина.
За жал Рон, ги лажеа луѓето.

Всушност Филипче сеуште ги лажи луѓето дека вакцините штитат од заразување, посебно со најавените мерки дека можат да одат слободно во кафана со една доза вакцина.

Мислам до пред само неколку месеци сите наслови, на сите медуми во светот, беа:
"Фајзер штити 96% од инфекција и 100% од хоспитализација и смрт"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom