Само да напоменам. Со она погоре не сакам тебе да те нападнам ниту да те навредам него да укажам дека си патиме од величини и ги обвинуваме граѓаните за смртните последици, а здравството сите знаеме во каква состојба ни е за пациентите.
Неа ја ценам и ја почитувам и како човек, и како другар и како доктор. Довербата ми е на високо ниво, поради тоа што и го имам веќе апсолвирано карактерот и ѝ го знам резонот на размислување. Знам дека сака само да помогне. Сепак не можат да се бранат нелогичните и селективни мерки кои не вродија со плод, ниту да се избришат од секоја евиденција оние кои го прележаа вирусот, ниту да не се земаат во предвид мислењата и на другите научници и професори (експерти од тоа поле).
Кога се ограничи АЗ да биде само за лицата над 60 години, Филипче ги следеше експертите од Германија! Добро, ако вложуваат во истражувања кои може да ни помогнат, ама не може за сѐ да чекаме чекор од Германија. Каква порака праќаат кон нашиот човечки капитал, оние кои вложувале во себе децении, а и оние кои учат германски.
Настапија со ставот дека мерките се дело на експертите, без да посочат кои експерти. Некако под тоа "експерти" мислат на Венко и Заев кои малку филуваат колку да ја покријат автократија која се крие зад мерките.
Само не гледам причина зошто да не се критикуваат поедини доктори. Секоја критика е проследена со "макотрпно работеа 2 години". Тоа не го спорам, следам дека стапката на смртност во болниците по хоспитализациите изнесува скоро 50%! Услови и здравствена состојба, во ред, зошто Лекарската не испитува лекарски грешки? Или сега на ред се антиваксерските доктори кои дел веќе и ги објавија. Кој кажува што е вистина, а што не? Како ќе се утврди дека ширеле лаги, ако споделувале студии, анализи, изјави, свои размислувања и факти. Некогаш е јасно, но не и секогаш.
И изјавите на Филипче може да се толкуваат различно, оставено е на личната перцепција. Не знае дека "вакцината е ефикасна и безбедна" е соборлива претпоставка. Мора да се изразува политички ако не сака антиваксерите и опозициката да си продолжат со својот наратив. Така беше со изјавата за ставање крај на пандемијата. Мојата доверба кон него е сведена на нула.
И за кампањата (нели, никој не нѐ убедувал!) се фрлени 300.000 евра. Пропагандниот материјал им е лош. Треба да виде осврнат и кон вакцината. Нека има изјави, нека има статистики. Што вака? Сигурно на Сдссм нема да му верувам дека сака да ги штити семејните вредности и традицијата.