Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

SkimSkam

Орце Сељак
Член од
26 август 2021
Мислења
1.436
Поени од реакции
3.997
I uste sum ziva, zamisli!
Ко за риск тејкер многу се плашиш од вакцината. А тоа дека уште си жива е прашање на време само кога ќе цофнеш, ко секој еден од нас впрочем. Рискирај дур можеш, боцни се.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.084
Поени од реакции
12.163
Никој со умисла не го шири, него со моронштина. Миљон примери од заразени свадбари до колеги на работа у океан систем, па копиљаци по станови.
сега и невакцинирани ПОПИШУВАЧИ ќе го шират, ама зајко нареди попис теренски ( ОФлајн), со влагање дома мора да има...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
11.325
Поени од реакции
22.217
Ко за риск тејкер многу се плашиш од вакцината. А тоа дека уште си жива е прашање на време само кога ќе цофнеш, ко секој еден од нас впрочем. Рискирај дур можеш, боцни се.
Voopsto ne.
Momentalnata taktika za masovna vakcinacija e pandemonium od hiperhondrija i paranoja(ako ne se bodes site ke izumreme).
 

Dumbledore

Модератор
Член од
24 октомври 2013
Мислења
10.169
Поени од реакции
18.902
Само да напоменам. Со она погоре не сакам тебе да те нападнам ниту да те навредам него да укажам дека си патиме од величини и ги обвинуваме граѓаните за смртните последици, а здравството сите знаеме во каква состојба ни е за пациентите.
Неа ја ценам и ја почитувам и како човек, и како другар и како доктор. Довербата ми е на високо ниво, поради тоа што и го имам веќе апсолвирано карактерот и ѝ го знам резонот на размислување. Знам дека сака само да помогне. Сепак не можат да се бранат нелогичните и селективни мерки кои не вродија со плод, ниту да се избришат од секоја евиденција оние кои го прележаа вирусот, ниту да не се земаат во предвид мислењата и на другите научници и професори (експерти од тоа поле).

Кога се ограничи АЗ да биде само за лицата над 60 години, Филипче ги следеше експертите од Германија! Добро, ако вложуваат во истражувања кои може да ни помогнат, ама не може за сѐ да чекаме чекор од Германија. Каква порака праќаат кон нашиот човечки капитал, оние кои вложувале во себе децении, а и оние кои учат германски.

Настапија со ставот дека мерките се дело на експертите, без да посочат кои експерти. Некако под тоа "експерти" мислат на Венко и Заев кои малку филуваат колку да ја покријат автократија која се крие зад мерките.

Само не гледам причина зошто да не се критикуваат поедини доктори. Секоја критика е проследена со "макотрпно работеа 2 години". Тоа не го спорам, следам дека стапката на смртност во болниците по хоспитализациите изнесува скоро 50%! Услови и здравствена состојба, во ред, зошто Лекарската не испитува лекарски грешки? Или сега на ред се антиваксерските доктори кои дел веќе и ги објавија. Кој кажува што е вистина, а што не? Како ќе се утврди дека ширеле лаги, ако споделувале студии, анализи, изјави, свои размислувања и факти. Некогаш е јасно, но не и секогаш.

И изјавите на Филипче може да се толкуваат различно, оставено е на личната перцепција. Не знае дека "вакцината е ефикасна и безбедна" е соборлива претпоставка. Мора да се изразува политички ако не сака антиваксерите и опозициката да си продолжат со својот наратив. Така беше со изјавата за ставање крај на пандемијата. Мојата доверба кон него е сведена на нула.

И за кампањата (нели, никој не нѐ убедувал!) се фрлени 300.000 евра. Пропагандниот материјал им е лош. Треба да виде осврнат и кон вакцината. Нека има изјави, нека има статистики. Што вака? Сигурно на Сдссм нема да му верувам дека сака да ги штити семејните вредности и традицијата.
 
Последно уредено:

SkimSkam

Орце Сељак
Член од
26 август 2021
Мислења
1.436
Поени од реакции
3.997
Voopsto ne.
Momentalnata taktika za masovna vakcinacija e pandemonium od hiperhondrija i paranoja(ako ne se bodes site ke izumreme).
Значи ти си скроз ок со вакцините само те јебе пропагандата, така? Да немаше PR ќе се збрцаше?
 

Staufer

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
17.285
Voopsto ne.
Momentalnata taktika za masovna vakcinacija e pandemonium od hiperhondrija i paranoja(ako ne se bodes site ke izumreme).
Mozebi, mozebi ne? Ja pa vikam deka mnogu zivoto ke bea spaseni ako lugjeto bea vakcinirani. Posebno sega, koga bez problem se dostapni. Inace toa sto vikas moze i obratno da se kaze: Momentalna taktika za masovno nevakciniranje e od hipohondrija i paranoja (ke ne cipiraat ili random drug kontraargument). Koj e vo pravo?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
11.694
Поени од реакции
14.044
Поздрав :D
Д-р Љума: Крвна плазма се дава од прележани од ковид, а не од вакцинирани, небулоза е дека вакцината дава посилен имунитет

 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.017
Поени од реакции
3.856

Staufer

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
17.285
Член од
3 мај 2019
Мислења
12.671
Поени од реакции
6.439
... и Да, нова појава меѓу здравствените работници, поради непромисленоста и непризнавањето дека иако некој е вакциниран со двете дози со антиковид вакцини, па и после месец, два, може повторно да се инфицира со коронавирусот, денес низ здравствените институции највероватно има појава на многу позитивни вработени, дел се уште несвесни, дел веќе се во изолација, така да замислите кој е бедем на овој нов бран на своите работни места?
ај нема да кажам, погодите сами!
Потполно точно душо, чиста вистина!
Филипче неможеш да го фатиш ни за глава, ниту за опаш, врти како мачка која сака опашката да си ја гризне...човек кој треба да се ишутира под итно, министер кој со неговата присила да се вакцинираме што побрзо сите, фактички сака што побрзо да се заразиме сите и кој ко преживи нека прича,
Болницата е полна со заразени ходајучи ковиди вирус медицински персонал, но тие нели не одат во изолација, само потешките болни ги легнуваат во кревет а другите си равотат нормално, киваат у маска, шмркаат у маска, кашлаат у маска...ЗДРАВ ЧОВЕК ДА ОДИ СЕГА У БОЛНИЦА ЌЕ СЕ ЗАРАЗИ.

ПРОТОКОЛИ НЕМА...ВОЗИЛАТА НА ДЕЖУРНА СЛУжБА НЕЗНААТ КАДЕ ДА ГИ НОСАТ ПАЦИЕНТИТЕ...ПАТОКАЗИ НЕМА...ТРИЈАЖЕН ЦЕНТАР НЕМА....ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ СЕ ШЕТААТ НИЗ ЦЕЛА БОЛНИЦА ПО ПРЕГЛЕДИ.......

Докторите добија известување да внимаваат посебно на пациентите кои примиле фајзер вакцина поради многу зачестени кардиоваскуларни нус појави.

Кој верува, верува, кој како сака...но таква хаотична состојба да се прави за да се вакцинира човек , синкир омчата на сите ни виси околу врат, е навистина ми е ЧУДНА РАБОТА!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom