Нема перфектна вакцина. Намалена ефикасност да после 2 значителни мутации ама сепак штити во најголем дел од тешки заболувања.
Кога понежната половина се реши прописно да ме игнорира, а имавме фини дебати, ќе мора малку да боксувам со тебе. Знам дека не сакаш да ме имаш на врат, ама морам.
Можеме и со ститистиките. Пред една недела имавме 25 починати, сите невакцинирани. #ГоуВаксајнс. Оваа недела имаше пресек за претходните две. Вкупно 101 починато лице односно 92 невакцинирани и 9 вакцинирани.
Пресекот за оваа недела е 76 починати лица, 67 невакцинирани и 9 вакцинирани. Значи и тука може да се релативизира.
Може да се оди според статистиките на Израел кои не се воопшто симетрични со оние на УК.
Можеме и со САД и со Чиле. Генерална некоја просечна слика може да извадиме, ама е различна од општество до општество, различен стандард, различна големина на градови, различна вакцина, различен почеток на имунизација, различен менталитет (се пазат, намалени/зголемени контакти), па и различни законодавства (тука е клучна работата и учењето од дома и во колкав процент се користи, па и строгите карантини, казни за маски, затворени бизниси, забранет влез/излез од државата) и сл. Потоа дали и кој сој е активен во која држава.
Од заштита 95/100% (хоспитализација/смрт) стигнавме на "штити во најпоголем дел"! Да, дава одредена заштита, ама прашањето е колкава. Дали е секому потребна? Дали треба и прележаните да се вакцинираат (и ако да, зошто?)? Општествено-одговорната улога падна во вода кога преносливаста и кај вакцинираните и кај невакцинираните е на скоро идентично ниво. Значи не е колективно добро, туку лично добро.
Тешко дека оваа вакцина се биде излезната врата од оваа состојба. Треба нова (како Спутник) која ќе се модифицира на новиот сој. Затоа и сметав дека само на краток рок оваа вакцина ќе даде резултати. Сега тешко дека може да се спречи овој бран со 30% неимунизирано (под претпоставка ни дека немаат природен) неселение над 60 години! Нема доволно време за стекнување вештачки имунитет, сем ако не ги промаши бранот.
И оваа е 3та мутација, не втора. Нема тоа врска. Оваа вакцина некако го издржа притисокот на времето, ама наскоро ќе требаат нови вакцини. И да, иста приказна, дека не се тестирани, итни итн.
Состојбата ќе заврши со мутација, се надевам лесна.