Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Го зимаш најдобриот пример. И дури таму не е најсјајно, али ете боље од израел, каде бројките на умрени се само 3 пати помали од ланскиот пик. Ја не викам дека немаат ефект, туку дека ефектот е драстично помал од тоа што се најавуваше и чекаше. До тој степен што ќе има минимален ефект врз пандемијата.

Кажи ми ти, дали има друга вакцина на која и опаѓа ефикасноста толку брзо што треба да се прима на секој 6 месеци? Пример за грип знам дека се подесува ради нови соеви, меѓутоа тука збориме за буквално истата вакцина. Што мислиш, колку луѓе ќе продолжат да ги примаат бустериве на секој 6 месеци? Толку труд вложија да ги убедат луѓето да примат 1, за на крај да испдне дека имаат шит продукт.
Никаде не е најсјано, ама однос Заболени/Починати е неколкукратно намален во однос на претходните бранови. Во оваа кошница е и Израел. Таа врска иако не е прекината, значајно е ослабната кај нив. Исто и за врската Заболени/Хоспитализирани.

Како шо е за она за грипот, така и за ковидов. Вакцините се направени за првичниот вирус("Дивиот" од Вухан), во меѓувреме се јавуваат 2 нови варијанти кои се значајно повирулентни(Алфа и Делта). Очекувано е да е намалена ефикасноста пред се поради покусиот период на инкубација. Дали ќе е неопходен бустер или ревакцинација еднаш годишно - ќе видиме.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Дали ќе е неопходен бустер или ревакцинација еднаш годишно - ќе видиме.
Нема што да видиме , веќе е реалност давање бустер. Лани се смеевме на теориите дека ќе забранат работи на невакцинираните и дека ќе не натераат цело време да се вакцинираме ама ете и тоа бидна.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.865
Нема што да видиме , веќе е реалност давање бустер. Лани се смеевме на теориите дека ќе забранат работи на невакцинираните и дека ќе не натераат цело време да се вакцинираме ама ете и тоа бидна.
според вашиве муабети следно е гулаг ваљда :icon_lol:
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.021
Поени од реакции
11.210
Не си ти виновен, луѓево се шфркнаа тотално, се јадеме еден со друг, гледаме, слушаме и читаме се и сешто од млад до стар, од неук и учен(и тоа под знак прашалник), дозволуваме да не стават во карантин, да не тепаат ко да сме стока, пукаат со гумени куршуми....еххх, ебати 21 век:facepalm: срамно, тажно, трагедија се случува со обичниот човек.
Јас се изборив со вирусот, да, ете сега ми е навистина страв да се вакцинирам, да влезам во непозната борба повторно а никој ништо не ми гарантира....е немам сили, немам воља ...короната ја запознав, но нејќам веќе ништо ново да преболувам.
Дали тебе стравот кај луѓето ти е неоправдан или мислиш дека тоа е некој наш хир?????

Земи го како болест, депресија, фобија, како сакаш, болест ......а не Сталинови мерки да посакуваш...
Ебати хуманоста и човечноста :facepalm:
Како за земја со толку голем процент на починати по глава жител, очекував посериозен пристап од популацијата. Сите тие што повикуваат на невакцинавија, и борба против ковидов со сопствениот имунитет сите во затвор би завршиле.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
според вашиве муабети следно е гулаг ваљда :icon_lol:
Не гулаг. Јас во програмата за спас на Македонија имам предвидено кампови за реедукација по принципот на Кина. Така после комуњарите, твитер хонорорци и фитр лапачи веќе ги допишав антиваксерите ко оној мајк тајсон, а и такви ко тебе. Мислете му ја и ти и антиваксерите кога ќе дојдам на власт :icon_lol:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
... во тој распон на референтни вредности ако сакаш со точност за машка особа си во понизок левел еритроцитите за машко над 4,7, хематокрит над 41% , а хемоглобин над 14 gm/dL , додека со серумското железо си пониско за тоа колку би требало да има машка особа односно серумско железо за мажи над 14 μmol/L, така да ти со 10,4 имаш недостаток на железо иако си во граница на референтната вредност, ама во „женската нормална граница“ а не во мушката, ако сакаш да бидеме прецизни!
...ако си направил анализиве конкретно за следење на твојата состојба пост вакцинирање со антиковид вакцина без опција на d-dimeri, тогаш не ја добиваш целосна сликата за крвната слика, а и ова холестеролов т.е. триглицеридите што ти се испод нормала би требало малку да те загрижи, па да прекинеш со строгите диети или пак фастинг највероватно за тебе погрешна шема на исхрана, секоја липидна фракција си има улога за метаболизмот во телото,
Не, онака е направена крвната слика, немав правено скоро цела година.
Лето е бијонсич, јадам само лесна храна, немам апетит за ништо похардкор од жешково, кога е поладно секогаш ми се вредностите повисоки бидејќи јадам и месо и се, сега овошје, зеленчук, риба чат пат, бостан, сладолед...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Никаде не е најсјано, ама однос Заболени/Починати е неколкукратно намален во однос на претходните бранови. Во оваа кошница е и Израел. Таа врска иако не е прекината, значајно е ослабната кај нив. Исто и за врската Заболени/Хоспитализирани.

Како шо е за она за грипот, така и за ковидов. Вакцините се направени за првичниот вирус("Дивиот" од Вухан), во меѓувреме се јавуваат 2 нови варијанти кои се значајно повирулентни(Алфа и Делта). Очекувано е да е намалена ефикасноста пред се поради покусиот период на инкубација. Дали ќе е неопходен бустер или ревакцинација еднаш годишно - ќе видиме.
Како ќе видиме? Веќе гледаме, податоците од израел покажуваат опаѓање. Имаш држави што најавуваат ковид пасош од само 270 дена,и плус деновиве бајден најави 3та доза за сите над 18години. Истото ќе го направат сите држави кога ќе имаат залига на вакцини. Сојот не е проблем, вакцината е речиси исто ефикасна кон новите соеви. Проблемот е што дејството опаѓа за само неколку месеци. Така да не може да се вадат дека соевите ги заебале.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000

Да биде јасно Фазер го има увидено падот на ефикасност и кај првата група кои учествувале во фаза 1 што почна на почетокот од мај.
Тоа значи најкасно во септември знаеле дека паѓа вакцината по 4 месеци. Тогаш уште беше Вуханската верзија.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
А дали знаеш мене што ме револтира најискрено.
Двојниот стандард на западните медиуми по кои образ и нашите почнаа да го отсликуваат.
Во случај на баба ти од 90+ години и многу други што се на возраст од 75+ години минатата година кога умираа по старечките домови ( а воедно претставуваат и 85% од луѓето што умираат од Ковид) ѓи прикажуваат дека починале од Ковид, а на таа возраст и обична промаја би ѓи убила.
Пази сега двоен стандард: Оваа година истата група на луѓе од над 75+ години, доколу се вакцинираат и умрат некое време после вакцината како нус појава голем процент не ги прикажуваат дека умреле од Ковид, туку докторите кажуваат дека страдале од други хронични болести, само заради тоа да не предизвикаат сомнителност во вакцината. Тоа ме револтира најмногу. Заради овој двоен стандард цел свет остана во lockdown и економијата падна многу, луѓе останаа без работа и самиот стрес допринесе зголемен кортизол кај луѓето а и со тоа опаѓање на природниот имунитет.
Прочитај како стрес хормонот кортисол го намалува имуниот систем, има еден тон за читање на интернет.
Двојни аршини има за сè во животот. И од каде ти знаеш дека починале од промаја, а не починале од корона? Ова од рекла казала муабети ти е? :D

Ете ти кажувам дека пред да се коментира за нешто целиот случај треба да се изанализира. Ако пациентот имал претходно еден мозочен удар, во меѓувреме се вакцинирал и после извесно време пак добива мозочен удар, тоа во јавноста се прикажува како пациентот да добил мозочен удар од вакцината. Малку е познато дека и претходно доживеал цереброваскуларен инсулт. Малку е познато дека имал хипертензија, срцева слабост или дијабет и дека пие цела шака лекарства. Или дека е онколошки болен, на имунотерапија или хемотерапија. Со ваквите претпоставки сами сме си криви за таквите двојни стандарди.

Затоа едно е ние да си збориме тука и да си вадиме неосновани заклучоци, а скроз друго е земањето во предвид на детална анамнеза на минати заболувања и коморбидитети, лична анамнеза, фамилијарна, фармаколошка, социјална, епидемиолошка. Однесувањето на пациентот. Физикален преглед, лабораторија, ртг и др. клинички испитувања.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Ете ти кажувам дека пред да се коментира за нешто целиот случај треба да се изанализира. Ако пациентот имал претходно еден мозочен удар, во меѓувреме се вакцинирал и после извесно време пак добива мозочен удар, тоа во јавноста се прикажува како пациентот да добил мозочен удар од вакцината. Малку е познато дека и претходно доживеал цереброваскуларен инсулт. Малку е познато дека имал хипертензија, срцева слабост или дијабет и дека пие цела шака лекарства. Или дека е онколошки болен, на имунотерапија или хемотерапија. Со ваквите претпоставки сами сме си криви за таквите двојни стандарди.
Ете ти кажувам дека пред да се коментира за нешто целиот случај треба да се изанализира. Ако пациентот имал претходно еден мозочен удар, во меѓувреме Е ПОЗИТИВЕН НА ПЦР ТЕСТ и после извесно време пак добива мозочен удар, тоа во јавноста се прикажува како пациентот да добил мозочен удар од КОРОНА. Малку е познато дека и претходно доживеал цереброваскуларен инсулт. Малку е познато дека имал хипертензија, срцева слабост или дијабет и дека пие цела шака лекарства. Или дека е онколошки болен, на имунотерапија или хемотерапија. Со ваквите претпоставки сами сме си криви за таквите двојни стандарди.

Ај сеа прочитај си го тестот и зборувај за двојни аршини !!!
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347

Kajgana Shop

На врв Bottom