Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.865
уште чекам коментар од експертите за вакцини тенеке и бијонс околу одобрувањето на фајзер од страна на ФДА и менувањето на статусот од итна употреба во одобрена за регуларна употреба.

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Анегдота од кумот мој. Бил на свадба минатата недела, појавен е Ковид таму. Еден од тие што закачиле и прележан и вакциниран со 2 дози пак е заразен. Со доста благи симптоми али сепак....
Не знам само како им се прават свадби поготово сега со протоколиве. Тоа не е свадба. Не можеш на раат да изиграш оро плус ограничено со гости.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
...испревртени факти во интерес на погрешно толкување никому не користи, зборуваме за здравје на човекот, не за бизниси!

Прегледај го приврзокот 304316

... антиковид вакцини искажани како „лекови со условно одобрување“, не смее да ти биде факт!
Испревртен факт не може никако да биде спасувањето човечки животи.

Главната разлика помеѓу итна употреба наспроти целосно одобрување од ФДА е тоа што се потребни два месеци мониторинг, а не шест месеци. Е сега, кога ќе погледнеме ретроспективно на вакцините, пациентите генерално развивале несакани ефекти во рок од два месеци од аплицираната вакцина. Сега имаме повеќе од шест месеци искуство со овие вакцини и аплицоирани милиони дози, па не сме забележале ништо до сега што ќе не натера да веруваме дека ризиците ги надминуваат придобивките. Целосниот преглед на процесот е во тек и веќе слушаме дека Pfizer ќе има целосна дозвола од FDA до септември а и Moderna наскоро потоа. Тогаш очекувам да престанеш да збориш само за Фајзер и фокусот да го ставиш на Синовак и Синофарм.....затоа што и тие се итна употреба.

Налетав на податоци до 9 август. Според CDC, 8054 вакцинирани луѓе, позитивни на корона, дел од нив хоспитализирани, дел починати (веројатно улога треба да има и возраста на пациентот и евентуални коморбидитети). Оваа бројка наспроти 166 милиони целосно вакцинирани Американци. Види, баба ми има 93 години. Уредно си се вакцинира со Астра Зенека. Без разлика на вакцината, дури и да не е корона вирус во прашање, на таа возраст и еден најобичен вирус може да ја убие баба ми. Дури и да не е вирус во прашање, смртта е составен дел од животот и сосема очекувано е да настапи кога тогаш. Така што, настрана вакцините сите си имаме свој почеток и крај и ако на некој на 90+ години му дошол моментот, сулудо е ние да збориме за ефикасност на вакцина. Вчера баш ми збореше како паднала во двор и едвај успеала да стане. И тоа можело да ја убие на таа возраст.

Прво дека вакцините навлегувале во јадрото на клетката и ја модифицирале ДНК, после дека вакцините предизвикувале неплодност, па магнетизација, па сега итна употреба бла бла бла. Не знам што ќе биде вашиот следен аргумент, ама колку побрзо ги отфрлите таквите теории на заговор, а се информирате од релевантни извори, толку побрзо ќе се приближиме да крајот на ова лудило.

Мене лично не ме револтира толку многу тоа што некои неуки луѓе се скептични по прашање вакцинација, туку највеќе ме нервира развивањето разноразни непоткрепени теории на заговор кој дополнително ја хранат скепсата на народот.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
96
Поени од реакции
193

А дали знаеш мене што ме револтира најискрено.
Двојниот стандард на западните медиуми по кои образ и нашите почнаа да го отсликуваат.
Во случај на баба ти од 90+ години и многу други што се на возраст од 75+ години минатата година кога умираа по старечките домови ( а воедно претставуваат и 85% од луѓето што умираат од Ковид) ѓи прикажуваат дека починале од Ковид, а на таа возраст и обична промаја би ѓи убила.
Пази сега двоен стандард: Оваа година истата група на луѓе од над 75+ години, доколу се вакцинираат и умрат некое време после вакцината како нус појава голем процент не ги прикажуваат дека умреле од Ковид, туку докторите кажуваат дека страдале од други хронични болести, само заради тоа да не предизвикаат сомнителност во вакцината. Тоа ме револтира најмногу. Заради овој двоен стандард цел свет остана во lockdown и економијата падна многу, луѓе останаа без работа и самиот стрес допринесе зголемен кортизол кај луѓето а и со тоа опаѓање на природниот имунитет.
Прочитај како стрес хормонот кортисол го намалува имуниот систем, има еден тон за читање на интернет.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Кога понежната половина се реши прописно да ме игнорира, а имавме фини дебати, ќе мора малку да боксувам со тебе. Знам дека не сакаш да ме имаш на врат, ама морам.

Можеме и со ститистиките. Пред една недела имавме 25 починати, сите невакцинирани. #ГоуВаксајнс. Оваа недела имаше пресек за претходните две. Вкупно 101 починато лице односно 92 невакцинирани и 9 вакцинирани.

Пресекот за оваа недела е 76 починати лица, 67 невакцинирани и 9 вакцинирани. Значи и тука може да се релативизира.

Може да се оди според статистиките на Израел кои не се воопшто симетрични со оние на УК.
Можеме и со САД и со Чиле. Генерална некоја просечна слика може да извадиме, ама е различна од општество до општество, различен стандард, различна големина на градови, различна вакцина, различен почеток на имунизација, различен менталитет (се пазат, намалени/зголемени контакти), па и различни законодавства (тука е клучна работата и учењето од дома и во колкав процент се користи, па и строгите карантини, казни за маски, затворени бизниси, забранет влез/излез од државата) и сл. Потоа дали и кој сој е активен во која држава.

Од заштита 95/100% (хоспитализација/смрт) стигнавме на "штити во најпоголем дел"! Да, дава одредена заштита, ама прашањето е колкава. Дали е секому потребна? Дали треба и прележаните да се вакцинираат (и ако да, зошто?)? Општествено-одговорната улога падна во вода кога преносливаста и кај вакцинираните и кај невакцинираните е на скоро идентично ниво. Значи не е колективно добро, туку лично добро.

Тешко дека оваа вакцина се биде излезната врата од оваа состојба. Треба нова (како Спутник) која ќе се модифицира на новиот сој. Затоа и сметав дека само на краток рок оваа вакцина ќе даде резултати. Сега тешко дека може да се спречи овој бран со 30% неимунизирано (под претпоставка ни дека немаат природен) неселение над 60 години! Нема доволно време за стекнување вештачки имунитет, сем ако не ги промаши бранот.

И оваа е 3та мутација, не втора. Нема тоа врска. Оваа вакцина некако го издржа притисокот на времето, ама наскоро ќе требаат нови вакцини. И да, иста приказна, дека не се тестирани, итни итн. :D Состојбата ќе заврши со мутација, се надевам лесна.
Другар не е до боксување, далеку од тоа. Сите вакцини се правени со првичниот вирус. И студиите за пуштање. Дојде алфа, сега делта. Тие мутации се токму за полесно заразување, концентрацијата е далеку поголема. Се случува почесто делтава да го пробиет имунитетот од вакцината. Значи ефикасноста паѓа. Секаде тоа го кажуваат. Сепак секаде невакцинираните полошо поминуваат него вакцинираните. Повеќе заразени, повеќе хоспитализирани, повеќе жртви. Иначе прашање на ризик е секако. Што помлад то помалце ризик од Корона ама сепак повеќе него да примиш вакцина. Оти да не се прима? Ептем рационално е ако гледаме само на ризикот. Покрај своја заштита штитиш и други. Не знам последно колку беше соодносот 7:1 или 8:1 пати повеќе невакцинирани се заразувале. Значи помалце зарази, помалце пренесување, помалце болни и жртви со вирусот. Проблемот е политичката комуникација и мерките науката прилично јасна е секаде со слични ставови. За бустер тие што не развиле доволно имунитет, стари и болни, нека примат најризични се. За другите моментално не гледам освен како што викаш да има модифицирана вакцина специјално против делта. Не гледам дека за брзо ќе биде достапна.
Автоматски споено мислење:

...антиКовид тестовите во исто време се прогласени и одобрени САМО за итна употеба задно со антиковид вакцините, ако е вистина дека си ја примил антиковид вакцинта АЗ, значи во тебе се внесени микрочестици од Sars-CoV- 2 што доволно е да се каже дека е тоа минимален ,,контакт со вирусот,, по вештачки пат, а што не би некој антиковид тест тоа лажно не би го детектирало!
Значи вакцинираните сите би кажувло позитивни?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Другар не е до боксување, далеку од тоа. Сите вакцини се правени со првичниот вирус. И студиите за пуштање. Дојде алфа, сега делта. Тие мутации се токму за полесно заразување, концентрацијата е далеку поголема. Се случува почесто делтава да го пробиет имунитетот од вакцината. Значи ефикасноста паѓа. Секаде тоа го кажуваат. Сепак секаде невакцинираните полошо поминуваат него вакцинираните. Повеќе заразени, повеќе хоспитализирани, повеќе жртви. Иначе прашање на ризик е секако. Што помлад то помалце ризик од Корона ама сепак повеќе него да примиш вакцина. Оти да не се прима? Ептем рационално е ако гледаме само на ризикот. Покрај своја заштита штитиш и други. Не знам последно колку беше соодносот 7:1 или 8:1 пати повеќе невакцинирани се заразувале. Значи помалце зарази, помалце пренесување, помалце болни и жртви со вирусот. Проблемот е политичката комуникација и мерките науката прилично јасна е секаде со слични ставови. За бустер тие што не развиле доволно имунитет, стари и болни, нека примат најризични се. За другите моментално не гледам освен како што викаш да има модифицирана вакцина специјално против делта. Не гледам дека за брзо ќе биде достапна.
Да, ама и тука остануваат како критична група хронично болните и лицата над 50 години кои генерално подлегнуваат на вирусот. Значи од тој аспект нема некоја значителна промена. Го потенцирам тоа "генерално".

Разликата е во трансмисија, Делта варијантата побрзо се шири од претходните, а за процентот на фаталност сеуште немаме некои позначителни студии, ама со оглед на тоа дека и ефикасноста на вакцината е опадната, може да се заклучи дека е и пофатален од претходните мутации. Колку, не знаеме.

За соодносот. Кај нас 65-35% невакцинирано-вакцинирано население. Стапката на смртност и кај вакцинираното започнува да се зголемува, што фрла нова сенка кај вакцините. Критики подлежат и од самите вакцинирани граѓани. Можеш да се инфицираш, може да те хоспитализираат, а можеш и да починеш. Дури и по 3та примена доза Фајзер во Израел (која дава заштита од 80тина проценти) имаше позитивни од Ковид. Да, ти дава одредена заштита, но лично таа мала заштита и не ми треба.

Но на оние на кои им беше потребна, не им беше достапна со време, па имавме голем пролетен бран. Сега на истите оние на кои им треба, 30% не сакаат да се вакцинираат, зошто повторно да одиме во нов циклус на мерки и рестрикции?
 
M

Macedon1um

Гостин
Иначе сега ми текна да проверам и открив дека нит Фајзер, ниту Модерна не ја тестирале вакцината врз луѓе кои имале Ковид претходно.
Во ниту една фаза од трите.

И за тоа си претпоставија и почнаа да им ја даваат на луѓето.

Соодветно не знаат што се случува кај луѓето со лонг ковид кои ќе примат вакцина.
Баш вчера налетав на една слика со натпис “интелектуалци примаат вакцина пред глувци и мајмуни“ изгледа за ситуацијава било наменето :D

Страшна работа ако е вистина ова, а искрено треба да си луд да примиш вакцина ако го имаш прележано вирусов пред не повеќе од 1 година. Иако знам еден куп случаи каде што примаа вакцина и неполн месец после прележување на своја рака, иако дел од докторите не им препорачуваа такво нешто одма
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482

Тоа е официјален протокол, месец дена по прележување. Ако фатиш лично да прашуваш доктори ќе добиеш широк спектар на одговори, од не се вакцинирај ради 5г до боцни се на излез од болница. Значи пак останува на тебе.
А факт е дека целава работа со вакциниве до сега беше експериментална, а ние бевме доброволци(без да знаеме). Сеа некој што не сака да го прифати тој факт е друга работа. Само тргни од тоа што беше најавувано а што добивме на крај. Сега експериментот заврши,ги добивме резултатите и веднаш прејдовме од вакцината е доброволна на забрани и притисоци.

Инаку најверојатно ништо не се случува кај вакцинирани прележани, зашто имунитетот за вирусот е изглеа краткотраен кај повеќето. Затоа и имаме континуирани бранови иако еден куп луѓе го прележуваат асимтоматски и никако да се постигне колективен имунитет. Исто како грип.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Логикава е следна. Страв од вакцина која е веќе применета кај 1,8 милијарди население. Без очигледно големи последици врз имунитетот. Ама одстутство на страв од вирус кој одзеде веќе 5 милиони животи( неофицијално може бројката е и поголема ) и уште којзнае колку со разрушен имунитет.

Абе само мерки на Сталин се спасот.
Не си ти виновен, луѓево се шфркнаа тотално, се јадеме еден со друг, гледаме, слушаме и читаме се и сешто од млад до стар, од неук и учен(и тоа под знак прашалник), дозволуваме да не стават во карантин, да не тепаат ко да сме стока, пукаат со гумени куршуми....еххх, ебати 21 век:facepalm: срамно, тажно, трагедија се случува со обичниот човек.
Јас се изборив со вирусот, да, ете сега ми е навистина страв да се вакцинирам, да влезам во непозната борба повторно а никој ништо не ми гарантира....е немам сили, немам воља ...короната ја запознав, но нејќам веќе ништо ново да преболувам.
Дали тебе стравот кај луѓето ти е неоправдан или мислиш дека тоа е некој наш хир?????

Земи го како болест, депресија, фобија, како сакаш, болест ......а не Сталинови мерки да посакуваш...
Ебати хуманоста и човечноста :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
Има една теткица тука во маало, ме пукна за теории на заговор со вакцините, депопулација, како корона не постои, кромид вирус итн. небитно. Пред извесен период ќерка и се вратила од на одмор и и се јавува дека ја болело грло и носот и течел, оваа антикоронашот кога ја фати една паника, не можам фацата сликовито да ви ја објаснам, фаќање со првиот авион си замина за Македонија. Два дена ја убедувавме да не паничи, дека можеби е прелада или некој вирус, не бре, му ја спрашти.
Нели нема корона и викам, шо се исплаши толку од течење нос, ама не, сите се прават џек ама кога ќе затропа на врата прпа, е прпа тетке.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.552
Тоа е официјален протокол, месец дена по прележување. Ако фатиш лично да прашуваш доктори ќе добиеш широк спектар на одговори, од не се вакцинирај ради 5г до боцни се на излез од болница. Значи пак останува на тебе.
А факт е дека целава работа со вакциниве до сега беше експериментална, а ние бевме доброволци(без да знаеме). Сеа некој што не сака да го прифати тој факт е друга работа. Само тргни од тоа што беше најавувано а што добивме на крај. Сега експериментот заврши,ги добивме резултатите и веднаш прејдовме од вакцината е доброволна на забрани и притисоци.

Инаку најверојатно ништо не се случува кај вакцинирани прележани, зашто имунитетот за вирусот е изглеа краткотраен кај повеќето. Затоа и имаме континуирани бранови иако еден куп луѓе го прележуваат асимтоматски и никако да се постигне колективен имунитет. Исто како грип.
Види, искрено никој не може да ти каже колку долго трае имунитетот и како се однесува точно ефикасноста низ времето. За сите вакцини, во принцип, како што минува времето ефикасноста опаѓа. Ама тука и многу други фактори се опфатени.

Од другата страна имаш увид во ситуацијата во Велика Британија(или Холандија) наспроти онаа во Македонија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Види, искрено никој не може да ти каже колку долго трае имунитетот и како се однесува точно ефикасноста низ времето. За сите вакцини, во принцип, како што минува времето ефикасноста опаѓа. Ама тука и многу други фактори се опфатени.

Од другата страна имаш увид во ситуацијата во Велика Британија(или Холандија) наспроти онаа во Македонија.
Го зимаш најдобриот пример. И дури таму не е најсјајно, али ете боље од израел, каде бројките на умрени се само 3 пати помали од ланскиот пик. Ја не викам дека немаат ефект, туку дека ефектот е драстично помал од тоа што се најавуваше и чекаше. До тој степен што ќе има минимален ефект врз пандемијата.

Кажи ми ти, дали има друга вакцина на која и опаѓа ефикасноста толку брзо што треба да се прима на секој 6 месеци? Пример за грип знам дека се подесува ради нови соеви, меѓутоа тука збориме за буквално истата вакцина. Што мислиш, колку луѓе ќе продолжат да ги примаат бустериве на секој 6 месеци? Толку труд вложија да ги убедат луѓето да примат 1, за на крај да испдне дека имаат шит продукт.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Го зимаш најдобриот пример. И дури таму не е најсјајно, али ете боље од израел, каде бројките на умрени се само 3 пати помали од ланскиот пик.
Чекај ќе видиме за Израел, последниве денови бројките на умрени му се пола од зимскиот бран.

А уште не се стасани до врвот.

Не за џабе почнаа да му даваат трета доза на над 40 години.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Чекај ќе видиме за Израел, последниве денови бројките на умрени му се пола од зимскиот бран.

А уште не се стасани до врвот.

Не за џабе почнаа да му даваат трета доза на над 40 години.
Кај нас бројките на умрени се поголеми од Израел кој има поголеми бројки на заразени. И уште не сме стасани до врвот. Факт е дека помагаат за намалување смртност. Сега тоа нивните 95% што штити од зараза сигурно се го тестирале лани летото и си направија добар маркетинг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom