Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.757
- Поени од реакции
- 52.725
Не си сфатил, а веројатно и не си ги видел постовите. Јас сметам дека е добро што ги има двете страни на темава, глупо би било само негативно или само позитивно да се пишува. Затоа и темава може да се користи за добри и издржани дискусии околу вирусот. Никој нема да избрише дискусија, без разлика дали е паничење или анти-паничење.Претерувате, ако некој пишува нешто што вас не ви се допаѓа лично не значи дека треба да му се бришат постовите и да се банира. Премногу нежни сте станати, никогаш не е одмет да се има спротиставени мислења, па и малце 'рчкање. Плус да потсетам дека темава е префрлена во општи муабети баш за да има вакви муабети. Има и тема во подфорум здравје, таму треба да се пишува за тоа кој е болен, а кој е починат и слично.
Се бришат постови кои никако не придонесуваат за дискусија и не ни имаат цел да отворат дискусија. Се бришат провокации и навреди.
Продолжете со дискусија на темата.