агонијата продолжува, но ќе кажам мое мислење како може да се ублажи, па и да се избегне,
...државата под итно треба да одреди само една поголема болница во МКД која целосно со сите капацитети, сите болнички кревети, сите одделенија на таа болница да бидат исклучиво за пациенти болни со болеста КОВИД19 донесени од сите страни на МКД и ништо друго, додека сите други болници треба да функционираат за други хронични и акутни болести,
...коронавирус само прави брз зарез кај пациентот со хронични болести кои поради пандемијата веќе 8 месеци не се прегледани болнички туку онака фушерајски онлајн, преку телефон или од рекала казала совети,
... голем број пациенти својата хронична болест треба да ја имаат под контрола кај своите специјалисти со сите дијагностички контроли и лабораториски резултати најдолго на секој три месеци, а не вака со пандемијата 8 месеци без термин, без никакви контроли кај истите е прашање на денот кога ќе се заразат од коронавирусот кој само ќе им ја влоши наеднаш ситуацијата, фаталните последици не би биле толку од коронавирус колку од нетретирани навреме хроничните болести, но и тие кои не знаеле дека имаат некоја болест и биле во тек испитувањата,
...поради пандемијата све е откажано, мои термин, контроли, сите хирушки сали добиле наредба која дадена од СЗО на глобално ниво, да се одложат сите оперативни интервенции освен тие што се итни животно загрозувачки, а што со другите одложување на операциите ? само ќе го истоштат организмот и ќе добијат други правци на губење на здравјето и потоа кога истите ќе се заразат од коронавирусот, па фатално ќе завршат - пиши коронавирус е кривецот!
... и како што сите го гледаат крајниот виновник - коронавирус јас би рекла главен виновник е токму ова што го кажав, праќање на сите пациенти со други болести дома, лечење преку телефон, преку трето лице, лечење со „пробај ова ако не земи тоа, поради пандемијата не можеме да ве примиме во болница“
... тој што ќе го среди овј вештачки феномен, изгледа наметнат, тој ќе има успех не во победа на коронавирус, туку победа да нема смртни случаеви и сите ќе ја прележат со својот имунитет полесно како секој сезонски грип, доколку токму таа хронична или акутна состојба му е стабилна и под контрола,
... еве има дури и пример на форумов токму од членот Анчо, неговиот зет на работа му се слошило, добивајќи највероватно мозочен удар, поради коронавирус него наместо веднаш да го третираат болнички, го испратиле дома, при посета на брза помош, па иди ми дојди ми во болница со давање обична терапија од инфузија манитол и некој витамин колку да се рече дека му се дава нешто, наместо да се интернира и целосно да му се направи испитување и да се превземат мерки во тој правец, го испратиле повторно дома, му направиле тестирање испаднал позитивен и за неколку дена човекот со свои 40 тина години умира оставајќи семејство позади него...пишите починал од коронавирус! Да! апсолутно се сложувам дека починал од коронавирус кој само до докрајчи, но тој починал поради неболничка посветеност на ситуација која е опасна по живот т.е. мозочен удар и лечење малтене несериозно за 21 век,
... еве примерот од другиот член погоре кажан дека 35 годишен пациент, покрупен со дијабет починал од кронавирус, ОК се сложувам тестиран, потврдена инфекција, починал од коронавирус, но што со матичната која поради нели епидемиолошкиот тест не го гледала за опасност неговата жалба дека не се чувствувал добро, ординирајќи му само еден антибиотик „сефалексин“ и со тоа завршила работа како матичен? а кратко време влошување на состојбата, тестиран позитивен на коронавирус и умира, Бог да го прости!
ДА, тој умре од коронавирус како краен удар на неговото здравје, но тој не умрел ниту заради тоа што имал хронична болест- дијабет, па и гојазност, тој умрел токму поради забраната да се третираат болнички пациенти поради пандемијата, матичната требала да направи целосни испитувања на дијабетичарот, па потоа да му ординира антибиотик, ама поради тоа што приоритет се дава само на тие инфицирани со коронавирус, младиот пациент кога веќе силно му се слошило, па како позитивен добил „интерес и внимание“ од лекарите....веќе било касно, коронавирус брзопотезно му пресуди!
... да не спомнам дека никаде ги нема вакцините против сезонскиот грип, важно се бројат пациентите заразени со коронавирус, па би требало да се почне да се брои и тие заразени со сезонски грип, затоа што и тој знае да биде фатален за човекот, а не само коронавирусот!