Вчера се запознав и разговарав со докторка од примарно здравство (матичен лекар) која навистина си ја сака рабтата, жена во години, од Куманово. Нејзиниот сопруг е хирург во болницата во Куманово, колега на скоро почитатиот доктор. Кумановци можеби и знаат за која фамилија станува збор.
Не се рекла-кажала муабети, очи во очи дискутиравме околу ситуацијата со Ковид. Случајно се запознавме на една плажа, не е важно....ние фамилијарно отидени, они исто.
Разговорот не се одвиваше во било какво ширење паника и слично, ми ја опиша реалната слика во нашата држава гледана низ призмата на еден матичен лекар.
Првенствено што ми кажа беше дека бројот на официјално регистрирани е многу помал од реалниот (поради немање термини за тестирање). Истата активно во моментот води 18 активни регистрирани пациенти, додека околу 60 се нерегистрирани односно пациенти кои не успеале да се тестираат, поради пребукираноста на Мој Термин.
На оние пациенти на кои не успева да им закаже тестирање, им вршела лабараториска анализа на Д-Димери, РТГ на бели дробови и секако им препишувала терапија за Ковид односно Сумамед две дози и останато....под постојан телефонски контакт, контрола во нивните домови секојдневно преслушување и останато по потреба....секако по истекот на нејзиното раб. време (за кое вели дека повеќе не постои, туку е постојано).
Ја прашав дали воопшто ќе бидат тестирани пациентите (кои не се регистрирани) за кои немало термин. Ми одговори не, доколку нивната состојба се подобрува и доколку лабараториските контроли покажуваат позитивен резултат. Така да тие оздравуваат но не се воопшто евидентирани, и покрај тоа што сите останати анализи (д-димери, рентген и сл.) се поклопуваат строго со Ковид, не друга болест (настинка, грип, ангина или останато). Сето ова била јавна тајна во здравството, мислеше на Инфективни клиники, Министерство и слично....кои им велеле на матичните лекари продолжете како што работите....нема друго чаре.
Истата докторка имала неколку случаи каде што не можела телефонски да ги исконтактира од Инфективна во Скопје, за лица со влошена клиничка слика, за кои била неопходна хоспитализација. Едноставно не можела да издејствува истите да бидат транспорортирани и хоспитализирани во Скопје. Имала и загубано пациенти поради ненавремена хоспитализација, не од вина на пациентот (како што обично кажуваат на вести, дека касно се јавиле на лекар), туку од катастрофалната организација во здравствениот систем. Исто така имала и позитивен случај на млад пациент, кој се вратил од респиратор и сега е во добра здравствена состојба.
Нагласи дека е премногу тешко да се најде место во Скопје за хоспитализација, веќе дури и речиси невозможно. Тестирање едвај, разочарана со солзи во очите кажа "не можам да ги тестирам....повеќе нема термини никаде".
Работи максимално, вчера имала замена па го искористи денот за да дојде до здив....во меѓувреме телефонот и звонеше на секој 15 минути од пациенти.
Исто така ми кажа дека оваа слика е во сите градови низ Македонија, секако и Скопје но сеуште не до толкава мера како помалите места.
Заклучив дека примарното здравство во ситуацијава не е воопшто за потценување....напротив особено сега треба многу да го цениме и почитуваме.