Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Претерувате, ако некој пишува нешто што вас не ви се допаѓа лично не значи дека треба да му се бришат постовите и да се банира. Премногу нежни сте станати, никогаш не е одмет да се има спротиставени мислења, па и малце 'рчкање. Плус да потсетам дека темава е префрлена во општи муабети баш за да има вакви муабети. Има и тема во подфорум здравје, таму треба да се пишува за тоа кој е болен, а кој е починат и слично.
Не си сфатил, а веројатно и не си ги видел постовите. Јас сметам дека е добро што ги има двете страни на темава, глупо би било само негативно или само позитивно да се пишува. Затоа и темава може да се користи за добри и издржани дискусии околу вирусот. Никој нема да избрише дискусија, без разлика дали е паничење или анти-паничење.

Се бришат постови кои никако не придонесуваат за дискусија и не ни имаат цел да отворат дискусија. Се бришат провокации и навреди.

Продолжете со дискусија на темата.
 
Дечки ај мал совет, мерам температура сеа 37.1 имам, глава ме болеше малку немам треска , немам кашлица нема болки во гради, носот ми е потзатнат. Да се тестирам ?
37.1 не е висока температура.
 
Дечки ај мал совет, мерам температура сеа 37.1 имам, глава ме болеше малку немам треска , немам кашлица нема болки во гради, носот ми е потзатнат. Да се тестирам ?
Мене ми е нормална таа температура, на неколку места каде што ми мереле при влез во институција, стандардно имам 37.2 :D Апсолутно немаш потреба да се тестираш. Нормално е да се разболуваме во овој дел од годината и носот да биде затнат. Мене ми е затнат цела година, со исклучок на неколку летни месеци.
Автоматски споено мислење:

Претерувате, ако некој пишува нешто што вас не ви се допаѓа лично не значи дека треба да му се бришат постовите и да се банира. Премногу нежни сте станати, никогаш не е одмет да се има спротиставени мислења, па и малце 'рчкање. Плус да потсетам дека темава е префрлена во општи муабети баш за да има вакви муабети. Има и тема во подфорум здравје, таму треба да се пишува за тоа кој е болен, а кој е починат и слично.
Која дискусија, со ништо нема придонесено. Го банираа перманентно од форум, па го пуштија да се врати и никаква промена нема кај него. Сите можеме да се заинаетиме и до утре да водиме дискусија како неговата, односно да го провоцираме соговорникот со 0 придонес на тема. Едно е да се заебаваш на теми од подфорум фудбал, друго е да се зезаш на сериозни теми. Пишуваат луѓе мислења поврзани со ситуацијата, фатил како некој цреп само цитира и вергла едно исто со глупави досетки со цел да те испровоцира, па да си пцуеме мајки шајки. Не ги гледаш избришаните мислења, затоа така ти се чини. Како никој друг со кој контрирам како претставник на другата страна на тезата не е опоменат? Си муабетиме, може ќе се завреѓаме некогаш, ама тенденцијата на постовите не ни е константна провокација и подбивање.
 
Последно уредено:
Дечки ај мал совет, мерам температура сеа 37.1 имам, глава ме болеше малку немам треска , немам кашлица нема болки во гради, носот ми е потзатнат. Да се тестирам ?
Бесплатен тест нема никакви шанси да ти дадат да правиш со тие симптоми, така што ако имаш пари за фрлање и/или сакаш дополнително да ги финансираш приватните клиники - слободно направи.
 
Не сум доктор ама нели за болки во гради е рано, најверојатно не почнува инстатно да не убива, второ контакт со заболен веќе не се знае кој е заразен, а и затнат нос не мора да значи негативен, познавам луѓе со таков симптом да резултираат со позитивен тест.. сега е во тренд осет за мирис и вкус.. тоа да бараш првин..
 
Денес е починат и 36 годишен дечко.
Може малку да се внимава со изразиве? 36 годишен „дечко“.
На телевизии 24-25 годишен кога ќе умре у сообраќајка или нешто пишува маж, он тука 36 годишен дечко ми го нарекува.
 
Може малку да се внимава со изразиве? 36 годишен „дечко“.
На телевизии 24-25 годишен кога ќе умре у сообраќајка или нешто пишува маж, он тука 36 годишен дечко ми го нарекува.
Се мисли на млад човек,небитно дали маж или дечко ке се напише
 
Се мисли на млад човек,небитно дали маж или дечко ке се напише
Секако дека е небитно, да се најдеме во муабет само.

Во Гевгелија има двајца починати вчера, ако не се лажам и двајцата се под 60 години и според Гевгеличани немале некои коморбидитети. Едниот е газда на бутик, познат меѓу Гевгеличани, а вториот е музичар кој не ни знаев дека бил познат. Го имав начекано во еден гевгелиски ресторан неколку пати.

Во мал град брзо се шират вестите, а и стравот со оглед на тоа што секој со секого се познава. Таму имаат одличен епидемиолог кој одамна бара да се прошири регионалната болница во Струмица, па дури и да се отвори одделение во самиот град. Вака прво ги носат пациентите до Струмица, па до Скопје.
Порано потешките случаи веднаш се носеа во Скопје, сега ги носат кога ќе дојдат пред респиратор. Прашање е какви се условите во другите градови, кога знаеме каков хаос е во Скопје.
Деновиве имавме случај каде што помлад човек имаше срцев удар кај нас во маало, мораше да се фаќаат врски за да му најдат кревет на другите оддели, иако резултатите по снимањето му беа многу лоши.
 
120 кг колега 60 годишен, без симптоми.
60 годишна колешка со благи симптоми.
35 годишен колега само еден ден пролив и 38 температура и толку.
Тетка ми 57 со 2 стента без симптоми, фати од братучед ми 25 годишен кој недела дена беше во болница.
 
И уште едно интересно прашање и не замарам веќе :D.
Зошто луѓето одбиваат да донираат крвна плазма? Сигурно бар 30% од оздравените се соодветни донори, а мислам дека ниту 100 донатори не сме имале досега.
 
Tи ментално ретардиран си, или само тропаш гупости?

да бе, од кур ќеиф лежат сите тие луѓе таму...
Decko olabavi malce so toa recnikot, se gleda nervozen si.Ne zborime za tie sto navistina im treba pomos od infektolg.Muabetot e za tie sto so temperatura 37.1 , i dvapati kivnato odma trcaat na infektivno i pravat nepotrebni guzvi
 
Денес е починат и 36 годишен дечко. Дијабетичар со прекумерна тежина.

Хоспитализирани се 575 пациенти, од кои на инфективна 90 се на механичка вентилација, а 2 се на респиратори во воена.
Само што ми јавија дека го познавам човекот што починал ... Последен муабет ни беше на 14 октомври, рече дека имал температура 37.5 - 38, се чувствувал настинат, а матичната не го пратила на тестирање, му дала цефалексин да пие :(
 
Се мисли на млад човек,небитно дали маж или дечко ке се напише
Средногодишен маж, мажиште, животниот век е 70-75 год.
Животов е на кој како ке му биде прднато. Тие со повеќе среќа буткаат до старост, некои предвреме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom