Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
28 април 2020
Мислења
75
Поени од реакции
106
Не се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.

Не се разбирам многу во медицина, ама колку што имам познавања, хипохондрик е човек кој има неоснован, константен страв од тешка болест.
Како што гледам, бројките и реалната состојба велат дека луѓето немаат НЕОСНОВАН страв, а тука ниту еден не не' убеди дека ситуацијата не е алармантна. Да бев модератор во подфорумов, дебели опомени ќе изедеа сите паметњаковичи што се потсмеваат константно, без да кажат ништо паметно. Видовме дека главниот момент во кој доаѓаме до конфликт е бројот на починати и хоспитализирани. Истиот е невообичаено голем, споредбено со било кој месец и било која година во Македонија (особено бројот на хоспитализирани), па затоа прашувам од која бројка можеме да го запалиме алармот според вас? Можеби 100 мртви на ден или 1000 мртви, за некој да прекине да отекува муда со ХИПОХОНДРИЈА и ХИПОХОНДРИЦИ.

Темава треба да се служи за споделување информации и искуства и веќе неколку пати предложив, за сите што верувате во теории на заговор, да се отвори соодветна тема за дебатирање. Тука би требало да ги дискутираме мерките, да ја разгледуваме РЕАЛНАТА ситуација на терен, позитивни случаи да споделат свои искуства, да споделат како поминало нивното лекување, какви витамини пиеле, дали им препишале антибиотици, како се одвивала комуникацијата со матичниот доктор, како се одвиваат тестирањата, кои се цените и слично.
Би ја повикал @santelli повторно да размисли за овој предлог или пак дискусииве за информациите да ги префрлиме во темата во здравје, а оваа да остане за да се етикетираме кој е хипохондрик, да споделуваме статии кои никој паметен не би ни губел време да ги отвори, да веруваме во 5Г и слично.

Јас не сум тој кој може и треба да даде решение. Решение очигледно нема, тоа ја прави ситуацијата алармантна во државава, како и во целиот свет. Уште еден факт дека стравот не е неоправдан.
Сметам дека мерките кои ги имавме на почетокот беа добри, доколку навистина се почитуваа.
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
Zatoa i ne odlucuvaat takvi kako tebe, zasto posle tvoite odluli Kovid ke go barame da se spasime
Автоматски споено мислење:

Па гледам со свои очи дечко. :D

Не се плашат додека не им дојде дома.

Не ми е поентата да се расправам. Во неколку наврати имам кажано "дај Боже, ние хипохондриците да грешиме, а вие што тврдите дека е само вирус да сте во право".
За жал, реалноста и тоа што се случува по болниците на интензивна нега, нешто не ви идат во прилог на вашите тврдења.
Intenzivna e najomileno mesto za sobiranje na Hipokondri, toa e a i otvorena 24/7
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
За тие што се чудат што прави медицината во врска со короната од март досега ...

The study, which was of a single health system, finds that mortality has dropped among hospitalized patients by 18 percentage points since the pandemic began. Patients in the study had a 25.6% chance of dying at the start of the pandemic; they now have a 7.6% chance.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Чипохондриците се исплашиле од хипохондриците па удрија јака антивирус кампања.
Не се оди со некаква кампања, туку треба да се размислува со ладна глава. Јас барам анкета, нека предложат прашање, барем да видиме на што сме.
Нашите власти копираат решенија од други држави, дел од тие држави многу брзо ќе ги совладаат економските шокови затоа што имаат капитал, а ние немаме. Не може да се коцкаме со секоја фабрика и со секој мал бизнис затоа што некој, кој е избран и зема плата да предлага и носи мерки, лошо си ја врши работата.
Моите идеи не се многу популарни, не ми е ни грижа, ама треба да се оди со памет, а не со срце. И повторно, ако вашето работно место не беше на коцка, во кое сте вложиле многу време, труд и знаење, немаше да тропате од ракав мерки за затворање на целата економија само затоа што другите го прават или додека бирократите (кои лапаат плата) од СЗО не дадат амин. :)

пи.ес. Не се однесува целиот пост на тебе, ама отековте искрено со чипирањето.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.057
Поени од реакции
2.067
За тие што се чудат што прави медицината во врска со короната од март досега ...

The study, which was of a single health system, finds that mortality has dropped among hospitalized patients by 18 percentage points since the pandemic began. Patients in the study had a 25.6% chance of dying at the start of the pandemic; they now have a 7.6% chance.
Бара процент на мртви, тоа ли сакаш да кажеш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Има еден, иде вака по улица, на отворено
unnamed.jpg

ај можда има некој проблем со вирусиве, се плаши или хипохондар се пази или во некоја ранлива група. Ама истиот иде да вежба во теретана, затворен простор со маската извадена, фаќа справи (не, да не се лажеме, не ги дезинфицираат стотици тегови, точаци и шипки), лежи на бенч (каде лежеле стотици пред него), дише длабоко или забрзано во затворен простор со едночудо народ (се насе гнездо на зарази, како јсп). Овие ми се бетер отколку поборниците за маски на отворено.
Патем, ако веќе сакаат да затвараат, има многу клубови и активности во затворено кои се исто големи потенцијални жаришта.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Не се оди со некаква кампања, туку треба да се размислува со ладна глава. Јас барам анкета, нека предложат прашање, барем да видиме на што сме.
Нашите власти копираат решенија од други држави, дел од тие држави многу брзо ќе ги совладаат економските шокови затоа што имаат капитал, а ние немаме. Не може да се коцкаме со секоја фабрика и со секој мал бизнис затоа што некој, кој е избран и зема плата да предлага и носи мерки, лошо си ја врши работата.
Моите идеи не се многу популарни, не ми е ни грижа, ама треба да се оди со памет, а не со срце. И повторно, ако вашето работно место не беше на коцка, во кое сте вложиле многу време, труд и знаење, немаше да тропате од ракав мерки за затворање на целата економија само затоа што другите го прават или додека бирократите (кои лапаат плата) од СЗО не дадат амин. :)

пи.ес. Не се однесува целиот пост на тебе, ама отековте искрено со чипирањето.
Вистината е некаде во средина. Се согласувам дека треба да се размислува со ладни глави. Ама не е во ред постојано да се споменуваат хипохондрици. Ако имаме различни сфаќања не значи дека сме хипохондрици. Впрочем најголемиот дел го употребуваат тој збор а всушност не му го знаат вистинското значење. Слушнале за хипохондрија, им се „допаднал“ зборот па постојано го употребуваат (некои со намера да навредуваат). Затоа тие за мене се чипохондрици, заговорници на теории како вметнување чипови, 5Г мрежа, вакцини со кои ќе се контролира свеста на народот...
Инаку јас не забележав дека некој навистина е толку исплашен од вирусот за да можеме да го наречеме хипохондрик. Луѓето имаат различен пристап, не можеме исто да мислиме сите. Точно е дека екномијата пропаѓа, ама точно е дека и здравството пропаѓа (ни едното ни другото никогаш не биле сјајни). Сега се поставува прашање како е подобро. Дали да се воведат строги карантини (економијата уште повеќе ќе потоне) или да не се преземаат никакви мерки (болниците не можат да го издржат товарот).
Како и да е, лошо се пишува. Доаѓа време (всушност веќе е дојдено) за најосновни потреби човек да не може да добие здравствена услуга. Ќе имаме многу повеќе инвалиди, многу повеќе заболени, а тоа пак ќе се одразува на економијата.

ПС
Не се однесува целиот пост на тебе, ама отековте со хипохондријата.
 
Во одредени држави имаме монтажни болници или спортските сали се пренаменуваат во болници, и тоа се отворените опции ако дојде сабја под врат.
Разликата е во тоа што јас ниту еднаш не го употребив зборот "хипохондрик", а ти го употреби "чипирање". :P

Економијата е побитна, нема збор тука. Имавме карантин, усраа работа, ем бројот се зголеми, ем изгубивме 10К работни места. Стопанството тоне и имаме се помалку пари во буџетот, а се поголеми буџети затоа што одредени сектори се ненаситни (не по своја вина, секако) поради вирусов. Дека мерки требаат, требаат и тоа не е спорно, но не и карантин.

Ја следам темава од старт, не дека имам прочитано сѐ, ама го следам пред сѐ наративот. Како се менува состојбата, така се менуваат и мислењата. Моите размислувања не беа добро прифатени, па се повлеков. Јас ја избрав економијата и излегов во право. :kruna: Од ден во ден народот дотонува во сиромаштија, тоа е факт, а огромен ефект на тоа имаше и Ковид кризава. Дали решението е да се скриеме под маса? Не. Сега знаеме многу повеќе за вирусот, а чекаме и вакцина. Но не може сѐ да биде затворено до тој период. Ако мојата стока не циркулира, јас како бизнис ќе пропаднам. Од таа точка враќање назад нема. За државата тоа значи помалку даноци и царини, плус уште луѓе на државна цицка. Тоа е аргументот на бизнис секторот. Ако сакаат нашиве политичари да го уништат, нека воведат цврсти карантини. Ќе останат богатите, ама малите и средните, што ќе остане од нив, ќе бидат на апарати долг период.
Друг проблем се социјалните немири. Ќе има отпуштања и кратења на плати, како ќе се справиш со тоа како власт? Во многу држави веќе има протести.

И не те напаѓам тебе, туку твоите идеи. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.736
Поени од реакции
115.547
И што?
Демек ко ќе ми дојде смртта у куќа јас треба магично да почнам да се секирам.. зошто?
Па ти дојдов бе, дента откако добив втор негативен тест, и мајка ти и татко ти боксче ми пуштија у двор, па еве жив си уште. :icon_lol:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Во одредени држави имаме монтажни болници или спортските сали се пренаменуваат во болници, и тоа се отворените опции ако дојде сабја под врат.
Разликата е во тоа што јас ниту еднаш не го употребив зборот "хипохондрик", а ти го употреби "чипирање". :P
Спортските сали не можеме да ги пренамениме во болници. Потребна е опрема, дали ја имаме? Мислам дека немаме, дел од клиниките се со распаднати кревети, нефункционални тоалети... Уште поголем проблем е со медицинскиот кадар. Едноставно немаме доктори, отидоа на приватно или на запад.
Инаку и јас не го употребував зборот „чипирање“, ама постојано се употребува зборот „хипохондрик“, па ете јас измислив нов збор “чипохондрик“ (треба да го патантирам), како противтежа. Има тука доста членови кои се исплашени од чипирање, тоа им е една модерна хипохондрија.

Со остатокот од твојот пост (она што не е цитирано) се согласувам (некаде делумно, некаде целосно).
И не реков дека ме напаѓаш мене. Дискутираш со аргументи (од твоја гледна точка исправни), за разлика од некои кои ништо не кажуваат, туку само пишуваат прикриени навреди со намера да го испровоцираат соговорникот. Баш тие се чипохондрици, искомплексирани личности кои не поднесуваат поинакво мислење од нивното.
 
C

CoolIris

Гостин
Економијата е побитна, нема збор тука.
Како тоа еконимијата е побитна од јавното здравје и безбденоста? Дали ако имаш нездрав народ ќе имаш добра економија?

Еве да направиме споредба меѓу Шведска (земјата на која приоритет и беше економијата на државата) и другите европски земји (Соседите, Данска, Норвешка, Финска). Шведска, сакајќи да ја сочува економијата, има најлоши здравствени резултати, односно бројот на смртни случаи е неколку пати повисок отколку кај нивните соседи. Ок, тоа беше очекувано со оглед на тоа што немаа никакви рестрикции. Но, што е со економијата? БДП во Шведска во вториот квартал падна за 8,3%, во Данска за 6.9%, а во Норвешка и Финска за 5,1% и 4,5%. Зошто вакви економски резултати кај Шведска?

Заради тоа што сите зависиме едни од други и кога една Шведска претрпе таква загуба и покрај ноншалантниот однос кон вирусот, кај нас сликата би била неколку пати полоша во споредба Шведска, не само на економски туку и на здравствен план.

Несомнено е дека имаме двојна криза. И сега се согласувам, мерките треба да бидат насочени кон зачувување на здравјето на народот и економијата на државата, но приоритет секако треба да биде јавното здравје. Здравјето нема цена. Приоритет треба да биде зачувувањето животи.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
959
Поени од реакции
632

У право си, едно ормарче нема у државава а камо ли кревет. Ќе примаме инфузии у ходници седнати на турски пластични столици купени од пластичарска. Толку ни се можностите

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
D

Deleted member 12196

Гостин
У право си, едно ормарче нема у државава а камо ли кревет. Ќе примаме инфузии у ходници седнати на турски пластични столици купени од пластичарска. Толку ни се можностите

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
Зависи на која клиника си бил. Од „моите“ клиники, неврологија има кревети врзувани со завои (се снаоѓаат луѓето), урологија нема тоалети (ќе се помоча човек), кардиологија засега е добра (ги покажува првите знаци на распаѓање).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како тоа еконимијата е побитна од јавното здравје и безбденоста? Дали ако имаш нездрав народ ќе имаш добра економија?

Еве да направиме споредба меѓу Шведска (земјата на која приоритет и беше економијата на државата) и другите европски земји (Соседите, Данска, Норвешка, Финска). Шведска, сакајќи да ја сочува економијата, има најлоши здравствени резултати, односно бројот на смртни случаи е неколку пати повисок отколку кај нивните соседи. Ок, тоа беше очекувано со оглед на тоа што немаа никакви рестрикции. Но, што е со економијата? БДП во Шведска во вториот квартал падна за 8,3%, во Данска за 6.9%, а во Норвешка и Финска за 5,1% и 4,5%. Зошто вакви економски резултати кај Шведска?

Заради тоа што сите зависиме едни од други и кога една Шведска претрпе таква загуба и покрај ноншалантниот однос кон вирусот, кај нас сликата би била неколку пати полоша во споредба Шведска, не само на економски туку и на здравствен план.

Несомнено е дека имаме двојна криза. И сега се согласувам, мерките треба да бидат насочени кон зачувување на здравјето на народот и економијата на државата, но приоритет секако треба да биде јавното здравје. Здравјето нема цена. Приоритет треба да биде зачувувањето животи.
:love:

Државата мора да му верува на својот народ, таа предлага мерки и препораки и народот мора односно треба да ги почитува. Ако не ги почитува, вината е кај народот (и плус принцип мерка и казна за непочитување). Сега нас ни умираа 4.000 од загадувањето, топ 5 бевме по глава на жител по смртност од рак на бели дробови (и цигарите имаат влијание тука), нула мерки и нула решенија. Притоа тоа е елементарно право загарантирано со Уставот за кое овие водеа цела кампања и имаа јавна платформа. Нели, здравјето на граѓаните.

Второ. Да беа загрижени за нашето здравје, немаше да бараат донирани душеци да се ставаат по домовите. Плус каде е тој клинички? Треба инвестирање во здравството, ама они преземаат мерки кога и другите околу нив почнуваат да преземаат мерки, некои се и доста панични.

Трето и последно. Сакаш пари за во здравството, треба да имаш економија. Без таа економија нема да имаш ни за плати, ќе молиш за некаков кредит или некоја донација. Ако економијата не е стабилна, ќе има и социјални немири (принцип за баланс меѓу економска стабилност и раст и социјалната сигурност, немаш пари за двете). :love:
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
959
Поени од реакции
632
Зависи на која клиника си бил. Од „моите“ клиники, неврологија има кревети врзувани со завои (се снаоѓаат луѓето), урологија нема тоалети (ќе се помоча човек), кардиологија засега е добра (ги покажува првите знаци на распаѓање).
На урологија не им треба клозети, мочаат у катетри

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom