Сите места во кои има забави беа 5 кафичи во цела Македонија. Ќе ти ги набројам одма, Аватар, Мош, Интермецо, Три и едно кафуле во Бисер. Која е поентата дискотеките да не работат, а овие да ги заменат? Си има кафани со пристојна забава, музиката си стои на голема оддалеченост, си ги анимира гостите. Овие имаа концерти со пејачи од цел Балкан, никакви протоколи не важеа.
Тука се и албанските чајџилници, ресторани за свадби и слични места каде што џандарска нога не стапнала.
Немам ништо против да работат ресторани и кафулиња преку ден и до пристојно време во ноќта, нека се врти парата, не можеме без тоа.
Колку џандари се потребни да разбркаат 30 деца собрани во маало? Да видат полчициска кола како попчиња ќе се спакуваат. Што попаметно работат нашите џандари, па да треба дополнително да се плаќаат? Одамна се зборува на тема „маалски патроли“ нешто што некогаш функционирало во државава. Фино лепо, патролираш и казнуваш, наместо да пијат кафиња и да дремат во кладилници.
За да важат мерките треба да има притисок од партиите врз нивното членство, затоа што воглавно тие се оние кои шерифуваат и не почитуваат закони.
Не знам колку се возиш со автобус, но еве ти конкретен пример. Од мојата населба оди само една автобуска линија и истата вози по неделен распоред, односно ја има еднаш во саат време или во 45 минути. Граѓаните константно се бунат, а на линијата на ЈСП никој не им крева, а никој не реагира и на јавните повици. Ем луѓето остануваат неопслужени, ем кога ќе дојде автобусот, имаш луѓе кои инаку би се распоредиле во два автобуси. Ефект нула. Од кога сме толку загрижени за загубите на јавните сообраќајни претпријатија? Тие тонат во минус којзнае од кога. Види со каков минус работи патнички железнички сообраќај, да ги укинеме ако не?
За се' останато. Целта ги оправдува средствата. Светската ситуација налага нешто такво, никаде во светот не е поарно. Во таква ситуација се снаоѓаш како можеш, а примарна цел треба да биде здравјето на граѓаните.
Тој минус што сите го споменувате, во голема мера е предизвикан од затворените граници. Увозот и извозот е со мал интензитет, немаме туристи, нема трошење пари од дијаспорци и туристи, се затворија фабрики затоа што произведуваат делови за фабрики кои беа затворени во странски земји. Ова ќе ни ја пропадне економијата и ништо нема да сториме, нема да пропадне ако автобусите возат по НОРМАЛЕН распоред и ако кафулињата не работат со полна пареа. Нека скратат кај администрација, нека ги скратат рамковните што не одат на работа, ги плаќаме за играње солитер.